Среда, 03 Јануари 2018   
Советите и Американците вмешани во Петричкиот инцидент!?

Во октомври 1925 година меѓу Бугарија и Грција започнува десетдневна необјавена војна, во која најголема жртва е македонскиот народ. Целта на оваа војна е да се уништи Македонската револуционерна организација која во Пиринска Македонија создала држава во држава, но и да се протера македонското население од двете страни на грчко-бугарската граница. Новинските извештаи од овој период, повторно укажуваат на вмешаноста на големите сили.

Чудната и малку позната е војна меѓу Бугарија и Грција која се води помеѓу 19 и 28 октомври 1925 година и започна со граничен инцидент. По убиството на грчки војник, грчката армија навлегла во Пиринскиот дел на Македонија и окупирала 10 села. Во текот на десетдневната војна,  на грчката армија и се спротивставиле четите на ВМРО и сосема мал дел на бугарската армија, по што грчката војска неславно се повлекува. Конфликтот познат како "Петрички инцидент" бил разрешен од Лигата на народите (ОН).

Меѓутоа дека се работи за исценирана војна говори романскиот печат. Белградска „Политика“ која го пренесува ставовуте на Букурешт иснесени во нивните полуофицијални гласила, ќе забележи: „Левичарскиот весник “Факла“ објаснува дека грчко-бугарскиот инцидент можел да дојде само по договор меѓу двете влади. “Факла“ верува во можноста од маскирана војна во која Бугарија и одобрува на Грција да го окупира Петрич, гнездото на организацијата (ВМРО) која има своја влада и која ја не го признава Друштвото на народите, ни контролната комисија, па ни самата бигарска влада“. Исто така, го пренесува пишувањето „Ендепанданс Роман“ и „Виторул“ кои сметаат дека судирот не е обичен пограничен инцидент и се свртува внимание на македонската организација во Бугарија која преставува држава во држава... „Виторул“ потенцира на акциите на “македонствујушчих“, кои им задаваат грижи на Белград и Атина.

Интересни се податоците кои ги добиваме од иформациите кои пренесува белградскиот весник од овој период за причините за избувнувањето на оваа необјавена војна меѓу Бугарија и Грција. И во тоа време се гледаат прстите на Американците и Русите.

Непозната е за македонската јавност дека со американска помош грчките бегалци од Азија се населени во пограничните места во Егејскиот дел на Македонија со цел да се разбие компаактноста на македонски населби. Грчките бегалци населени во македонските села, подоцна ќе бидат една од главните причини за избивање на судирот меѓу Грција и Бугарија. Како фактори, во овој судир се споменуваат и советски агенти. 

Имено, според информацијата која ја пренесува „Политика“ од Софија од 25 октомври 1925 година, по започнувањето на војната „Грчките бегалци од Мала Азија, кои грчката ефтино ги тргнала од вратот благодарејќи на американска помош и ги населила на граница, влегле позади грчките трупи на бугарска територија, пљачкајќи ги бегалците нивниот имот, жито, тутун, резервите со храна и намештај.“

Во извештајот од Сер, исто така од 25 октомври, кој го пренесува белградскиот весник, се спомнуваат и руски агенти. Во текстот под наслов „Како почнаа судирите?   Советски агенти во Солун!“, меѓудругото се вели:

„Судирот меѓу Грците и Бугарите по раскажувањето на очевидците започна во селото Христово помеѓу новите грчки колонисти и староседелците Бугари (Македонци – н.з.). Борбата меѓу Славјаните и Азиските Грци се водат со месеци. Грчките и бугарските власти ги штитеа своите сонародници околу границата. Грчките жандарми ги тероризираа и протеруваа Славјаните и со сила населуваа на (нивните) имоти Грци од Азија. Правиот судир се случи пред 20 дена. Во тој отворен судир Грците убиле 20 Славјани и 10 уапсиле и ги доведоа во Сер како ратни заробеници. Грчкиот капетан Василиадес го убија селаните на граница при бегство во Бугарија на котата 1908 кај Порој. Началникот на Грчкиот Генералштаб Сарјанис тогаш издаде наредба за напад. Грците ги зазедоа позициите околу Петрич и ги запалија селата. Бугарите ја зазедоа Демир Капија и Порој на грчката страна. Во судирот имало 60 мртви и ранети на двете страни. Грците заробиле десетина Бугари и еден офицер. Петрич и околината се уништени. Грците натрупаа 20 илјади пешадија, 8 баталјони артилерија и 2 ескадрони на коњаници. Бугарите сега довлекуваат свои сили на границата... Се тврди дека судирот го предизвикале многу фактори, а се споменуваат и два руски советски агенти во Солун, кои веќе два месеци престојуваат како трговски патници...“

Ова се само дел од причините кои довеле до пограничниот инцидент, а кој можел да го запали целиот регион. Во извештајот на српскиот дописник Б. Граовац  испратен од  Гевгелија на 28 октомври, пренесувајќи ги информациите добиени од грчка влијателна личност во Сер за причините кои доведоа до судир меѓу двете држави пишува:

„ ... Не е точно дека судирот избил случајно со убиството на грчкиот војник. Спротивно. Убиството на грчкиот војник, после кој судирот зеде широк замав е резултат на повеќемесечни борби меѓу грчките бегалци од Азија и староседелците Словени во грчка Македонија. Една работа е очигледна, заради сместувањето на огромен број свои сонародници од Азија, безмилосно постапуваа со славјанските семејства... Да се отфрлат сите карактеристични примери, добро е да се спомене последниот кој го предизвика сегашниот вооружен конфликт. Уште на 1 овој месец се изроди на грчката територија судир и борба меѓу староседелците и грчките бегалци и грчката жандармерија. Овие судири потоа зачестија. Грците ги тероризираа грчките славофони (така Грците ги викаат Славјаните – што значи „Грци кои говорат славјански“) поради своите бегалци, а тие се бранеле. Некаде околу 15 о.м. грчката полиција и жандармерија им јавија на властите во Солун дека сите куќи на бугарската граница и во непосредната близина, и сите нивни жители се јатаци на комитите и дека треба сите да се остранат од Грција. Во меѓувреме додека тој акт бил разгледуван во Солун и Атина, грчките жандарми во пресрет на самиот судир на 19 овој месец претепале неколку семејства во Порој и околните села како јатаци на комитите. Веднаш, истата ноќ пребегаа двајца селани на бугарска територија и барале од Бугарите да им помогнат. И грците и Бугарите почуствувале потреба да бидат внимателни. Поради беството на овие двајца другиот ден повторно дошло до терорзирање на населението Неколку селани почнале да бегаат кон граница со Бугарија, а по нив тргнале грчките погранични војници. Така еден грчки војник пукајќи преминал на бугарска територија, а бугарската стража на место го убила. Оваа престрелка предизвика судир во кој влегле сите погранични сили кои тука ги имале двете држави. Бугарите во прв момент биле понадмоќни. Веднаш преминале на грчка територија и ја завзеле караулата бр. 69. Грчки капетан, командант на пограничните трупи отиде да ја спречи престрелката и во тој момент загина, така да е сосема непознато кој го убил, бидејќи постои докази дека го убиле жителите на пограничните села. Веќе во тој момент на границата пристигнал цел гарнизон од Сер, со наредба да ја премине границата и да ги казни Бугарите. После тоа веднаш била мобилизирана една дивизија на солунската војска со директна наредба да замине на фронт. Кога грчката војска пристигнала на границата  не се обидела од Бугарите да ја преземе караулата 69, туку позади нивниот грб тргнала за Петрич. Оваа војска ги запалила сите бугарски (македонски – н.з) села на границата, завзела положба околу Петрич и го бомбардирала. Веднаш на 20 о.м. Бугарија поднесе тужба до Лигата на народите, а грчката влада известила дека бугарските погранични трупи го повредиле интегритетот на Грција, убила многу војници на караулите и дека со баталјони навлегуваат во Грција. Меѓутоа додека тие две ноти стигнаа во Женева, состојбата на границата била ваква: Бугарите се задржаа на грчката територија кај караулата 69 и ја запоседнаа котата 1608 кај Порој. Грците завзеле 20 км. бугарска територија во длабочина, ги завзеле сите села до Петрич и планинската коса зад него со 20 пати појаки сили отколку што ги имаа Бугарите. Во време од вторникот до четвртокот траеја повремените престрелки.

Во врска со оваа изјава која сум ја добил, јас стигнав во Петок 23-ти на тромеѓето Србија, Грција и Бугарија во Дојранскиот срез, а утредента преминав во Грција. Не ми дозволија да одам према Петрич на фронт, туку ме упатија во Сер. По пат дознав дека грчките војни власти апсолутно забрануваат пристап на местото каде започна судирот.

Во Сер околу 6 часот вечерта успеав  да се сретнам со очевидци кои ми го кажаа  сето она што успеав да го дознаам од оној господин и ми ги потврдија сите извештаи кои ги испратив од Дојран и Струмица, а подоцна од Сер и Солун. Грчки полковник, пријател на уапсениот  генерал Пластирис, ми соопшти во доверба дека во пресрет на општинските избори и новиот преврат во Грција на самата грчка влада и бил потребен ваков настан. И се што приметив во овие три дена во Грција ме тера да верувам во овие зборови. Кога дојдов во Солун почнаа општинските избори и на нив беше владината парола: „За чест на Грците против нивните непријатели кои го сакаат Солун и Кавала.“

Во исто време кога стигнав, грчките власти доведоа во Солун седум Бугари заробени на граница за кои тврдат дека се комити иако сите беа во униформа на бугарската погранична стража. Во неделата и понеделникот, додека бев во Солун каде владее апсолутни мир како ништо да не било, пристигнуваа неверојатни вести од Романија, а исто така и од Италија, како српските трупи се концентрираат на граница и очекуваат наредба да влезат во Солун...“

Мора да се напомене дека Атина, Софија и Белград биле загрижени од дејството на четите на Македонската револуционерна организација која бара обединување на сите три дела на поделена Македонија и создавање на независна македонска држава. Грција е особено загрижена со појавата на македонскиот Абеседар, букварот на македонски јазик, кој беше отпечатен во Атина, како резултат на барањето на Друштвото на народите за да се обезбеди заштита на македонското малцинство во Грција. На 10 август 1920 година Грција потпиша договор пред Друштвото на народите за давање малцински права на граѓаните во Грција што не се етнички Грци. Договорот е потпишан во францускиот град Севр и во него пишува дека во Грција живеат припадници на повеќе народи, на кои грчката влада се обврзува да им ги даде основните национални права.

Но, судбината на букварот „Абецедар“ уочи новата школска година беше трагична. Целиот печатен тираж бил запален и уништен во исцениран напад на возот со кој бил пренесуван кон местата во Грција каде што живеат Македонци. Ичигледна е желбата на Атина, Софија и Белград да се исчиститат Македонците од териториите што ги анектирале во текот на Балканските војни и ги владееле по Букурешкиот договор од 1913 година. Како резултат да се асимилираат Македонците или протераат од нивните веквни живеалишта, со поддршка на центри на моќ, исценирана е војна, денес позната само како „Петрички инцидент“.  

Меѓутоа, обидот на грчката армија во една исценирана војна да ги исчисти Македонците не само од својата територија, туку и од Пиринска Македонија е делумен. Грчката армија ќе се соочи со една од најдобро организираната  воена сила во овој регион - четите на ВМРО. Имено, по крајот на Првата светска војна ВМРО ја обновува својата револуционерна дејност и гради многу добра воена организација на територијата на Пиринска Македонија, која станува држава во држава. На повик на Македонската револуционерна организација четите на десницата и левицата од Пиринска, Вардарска и Егејска Македонија, раководени од Протогеров ја протераат грчката армија од Пиринскиот дел на Македонија, а Друштвото на народите (ОН) врз основа на извештајот на комисијата, ја осудува Грција како агресор.

Грција е земја која во својата историја заради македонското прашање континуирано и прави проблем на меѓународната заедница, која за жал досега не извекла поуки. Таа продолжува да ја поддржува Грција, која вештачки опстојува само заради интересите на поедини сили, кои преку неа, сакаат да го контолираат Блискиот исток, Балканот и Европа.

petricki-incident-1

petricki-incident-2

Македонска нација

 

Историја

News image

Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Грците, ни на Србите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Манастирот „Света Мала Богородица“ во Сливница

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, ин...

Фељтон

News image

Александар Македонски (36)

Во тој период две Египќанки се омажија за двајца македонски воени гувернери, а тврди...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.