|
|
Македонците во Библијата (IV дел) |
![]() Пророштва за победата на Тир Интересно е да забележиме уште некои пророштва во Библијата, индиректно поврзани со Александар. Во книгата на пророкот Језекиил 26, 12-14 се наоѓа еден текст кој го прорекува 38. едно од Македонските племиња од каде и потекнува Александар Македонски. 39. А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 71. 40. (апокрифа) таен, книги кои имале сомнително, нејасно потекло. Евреите не ги вклучиле во останатите книги од Библијата, но се користеле како историска литература. 41. Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 31-45 42. Алфред Делакулонш, Лулката на Македонската државност, 60. 43. А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација. ??? 10 Островот (сега полуостров) од некогашниот Тир Островот (сега полуостров) од некогашниот Тир разорувањето на Фениќанскиот град Тир. Меѓу другото се вели: “...ќе го разграбаат твоето богатство...ќе ги разрушат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода”. Иако на почетокот ова пророштво требало да го исполни Вавилонскиот цар Навуходоносор44 (Језекиил 26, 7.), свое конечно исполнување нашло во опсадата и освојувањето на Македонската војска. Се чинело дека Тир е неосвоив град. Имено, еден дел од градот бил поставен на Фениќиското крајбрежје, а другиот дел на многу блискиот остров. Кога доаѓале освојувачки војски, граѓаните на Тир се повлекувале на островот, оставајки ги освојувачите беспомошно да стојат околу неосвоивите тврдини на островот. А тоа било така затоа што, војниците за да дојдат до островот морале да користат бродови кои или ги немале или биле лесна мета на Тирската одбрана. Со истата ситуација се соочила и Македонската војска. Но, Александар со своите генерали дошол до генијална идеа: камените остатоци од приобалниот дел на градот ги фрлал во водата со цел да создаде природен земјен премин до островот. Во еден момент тој им наредил на своите војници да ја земаат земјата и правот од градот и да ја фрлаат во морето. На тој начин, островот бил споен со обалата, по што војската на Александар за кратко време го освоила градот. Во истата глава од книгата на пророкот Језекиил, во Мрежите на обалата на некогашниот Тир Остатоци од градот во морето четвртиот и петтиот стих читаме: “...ќе ги разбијат ѕидовите на Тир...и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен. Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог...” Ако денеска појдете до местото каде се наоѓал некогаш градот Тир, ќе сретнете мала рибарска населба на чии обали се простираат мрежи, иако постојат идеални услови за голем град. А ако се загледате во морето, јасно ќе ги забележите камените остатоци од стариот град Тир кои Македонската војска ги фрлила во морето за да создаде премин до островскиот дел на градот. А во близината ќе го забележите некогашниот остров, сега полуостров, кој бил освоен од Александар Македонски. Гордоста на козелот Се враќаме на пророштвото за козелот во Даниил 8 глава. После претскажаната победа и брзиот успех, следува: “Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.” Библијата секогаш ги прикажува личностите такви какви што се без да ги идеализира, па дури и за клучни личности како што е Давид, најславниот Изрелски цар. Иако тој е претставен како силен во Бога, верен и храбар цар, сепак неговите грешки не се сокриени45, и како што вели апостолот Павле: “...сето тоа е за наша поука...” 46 Слично е со Александар Македонски. Библијата ни открива дека тој се возгордеал. Каде и во што била неговата гордост? Можни се неколку одговори базирани на историјографијата 47. Познато е дека кога била 44. Тој 13 г. го држел под опсада градот Тир но не успеал да го освои. 45. Види 2. Царства 11-12 глава и Псалм 50 46. 2. Послание до Тимотеј 3,16. 47. Квинт Куртиј Руф и Теофрат пишувале дека власта го расипала, та станал тиранин, односно сосема му се сменил карактерот. Н. Проева, Историја на Аргеадите, 37.41. 11 Вавилон, остатоци и во нив гнезда од бувови освоена Персија, Александар се облекувал како персиските цареви со цел да им се приближи на Персијците48. Но исто така тој дозволил, според персиските обичаи и да го поштуваат како божествен цар, што предизвикало огорченост кај македонските војници и службеници кои биле со него. На крајот бил најден компромис со кој Македонците биле ослободени од таквото чествување на царот. Исто така познато е дека Александар кога пристигнал во Вавилон, воодушевен од градот, посакал да го претвори во своја престолнина. За Вавилон читаме едно пророштво во книгата на пророкот Јеремија 51, 37-39: “И Вавилон ќе стане купишта на урнатини...без жители...” а понатаму за нив вели “ ...ќе заспијат со вечен сон и нема да се разбудат.” Во едно друго пророштво запишано во книгата на пророкот Исаија 13, 19-21. се вели: “И Вавилон, украсот на царставата, гордост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога...” и понатаму продолжува ...”нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род...но во него ќе живеат ѕверови; бувови ќе се населат во нивните домови...шакали ќе вијат во дворците нивни...А ќе дојде неговото време, близу е, деновите негови нема да задоцнат.” Ова пророштво се уште не било исполнето во времето кога Александар дошол до Вавилон. Дали тој знаел за овие пророштва, можеме само да шпекулираме. Сепак, постои голема веројатност тој да ги познавал, бидејќи, како што веќе спонавме, бил во контакт со Евреите. Но како и да е, идејата Вавилон да стане престолнина на целото новосоздадено царство се противела на изнесените пророштва, кои подоцна навистина се исполниле, па така денеска на местото на стариот Вавилон можеме да ги видиме неговите урнатини, а во нив бувови во своите завиени гнезда. Македонија после Александар Набргу потоа, како што кажало пророштвото: “големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни”.49 Александар од недоволно разјаснети причини на 33г. умира во Вавилон. Неговото царство е разделено на неговите четворица генерали (дијадосите), кои ги делат освоените територии на четири дела. Па така, Касандар владеел со Македонија и Ахаја (Елада), која патем речено, се осободила од Македонската доминација дури после Македонско-Римските војни, кога после победата, Римјаните ги условиле Македонците да не се мешаат во внатрешните работи на Ахајците. Понатаму, Лизимах владеел со териториите на Мала Азија, Селеук со Сирија оснивајќи ја сирско-македонската династија, а Птоломеј, оснивајќи ја династијата на Птоломејадите, завладеал со Египет. Ова било дословно исполнување на веќе цитираното пророштво: “тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила. Овде ни е опишана разликата во начинот на владеење помеѓу Александар и неговите наследници. Додека идејата на Александар да го обедини светот во една култура, сакајќи на сите народи да им обезбеди поубав живот, неговите наследници го разеделиле, војувајќи меѓусебно. Некои од тие владетели покажале тирански дух безмилосно наметнувајќи им ја на другите народи својата култура и религија. Типичен пример за тоа е Антиох Епифан, од династијата на Селеукидите, кој со сила ја наметнувал својата култура на териториите на 48. Фанула Папазоглу, Историја на Хеленистичкиот период, 163. 49. Данило 8, 8. 12 кои владеел, меѓу кои и Израел. Во една прилика Леопардот (Рис) насилно влегол во Храмот во Ерусалим, убивајќи со четири глави од пророштвото на ги сите свештеници и жртвувајќи свиња. Ваквиот Данило однос на Антиох предизвикал огорченост и постојани бунтови кај Евреите, кои под водство на Макабејците конечно и успеале да се ослободат, но подоцна со доаѓањето на Римјаните, повторно ја загубиле својата слобода. Интересна е појавата на Птоломеј и неговата династија. Тој владеел со Египет во градот Александрија50. Птоломеј овој град го претворил во светски интелектуален и културен центар. Позната е Александриската библиотека (за жал подоцна уништена во пожар), каде се собирани и складирани книги од целиот свет. Ваквата тенденција и намера, морала да остави трага на светската мисла. Јазикот на Македонците Пред да истражуваме за Македонците во Христијанската ера, важно е да го забележиме јазикот и писмото кои биле во употреба за време на Александровото владеење а и потоа. Тоа е јазикот “коине”, и благодарејќи на неговата широка распространетост, христијанството брзо и лесно се раширило по целиот цивилизиран свет. Околу овој јазик и писмо се искажани различни мислења, но преовладува мислењето дека тоа е елински (Грчки)51. Ова се зема како аргумент за да се докаже Елинската припадност на Македонците и тоа дека Алексасндар го користел “коине” јазикот. Ќе се потсетиме на гореспоменатите историски факти од кои се гледа дека Елините не го разбирале Македонскиот јазик. А, прашањето на јазикот и писмото “коине” со значење општ, заеднички, аргументирано е елаборирано во делото на А. Шкокљев - С. Катин, Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 2004. од каде јасно се наметнува мислата дека јазикот и писмото се “експортирани” од Македонија кон Ахаја и пошироко52 а не обратно како што се тврди. Сепак јас би сакал да ја провериме уште еднаш тезата за наводната Елинска припадност на Македонците преку призмата на користењето на “елинскиот” јазик и писмо. За одговор си ги поставуваме следниве прашања: Дали користењето на одреден јазик и писмо секогаш е знак на етничка припадност? Секако дека не, затоа што тогаш сите народи кои го користат латинското писмо би требало да ги нарекуваме Римјани. Дали ако присвоиме нечија култура значи и дека сме ја присвоиле и етничката припадност на таа култура?53 Па секако дека не, инаку половина од светот би требало да се нарекуваат Американци затоа што носат фармерки. Почетоците на писмото не ни се откриени во Библијата, но јазикот и неговата употреба се спомнати во 1Мојсеева 11,1-9. Текстот вели: “По целата земја имаше еден јазик и еден говор...” После потопот, луѓето имале еден ист јазик и говор54. Но, нивната намера да создадат град и кула која ќе биде “висока до небото” имала длабока рефлексија до денес. Имено, Библијата го нарекува вавилонско55 учењето кое претполага сами, на свој начин да го достигнеме “небото” (спасението, духовниот живот), наспроти Божјето ветување кое вели дека “небото” (духовните достигнувања) ќе го добиеме како дар од Бога56. Заради таквите побуди на луѓето, Бог ја осуетил нивната намера со тоа што им го “збркал” јазикот, па оттогаш дошло до појава на разни јазици. Ако се вратиме за миг на веќе цитираната родословна таблица од 1Мојсеева 10 глава ќе се сретнеме со следново: “Од нив се разгранаа 50. Александар основал 32 градови со име Александрија. А. Шкокљев - С. Катин, 146. 51. Како и да е овој јазик и писмо веќе бил во широка употреба и кај другите народи и пред освојувањата на Александар. Н.Проева, Историја на Аргеадите, 78. 52. Истата теза ја спомнува и Žелјко Станојевиц, О језику Срба и Јевреја, 32 53. Познати од историјата ни се примери кога еден народ превзема култура од друг, на пр. Персијците кога ја покориле Вавилонската империја, не го наметнакле своето писмо и култура туку ги задржале Вавилонските 54. Најновите научни истражувања (Савалли-Сфорза 1991) покажуваат дека сите јазици во светот потекнуваат од единствен предок и единствен говор... А. Шкокљев - С. Катин, 110. 55. Името може да има значење”збрка, мешање” (бабал, бабилу) , но може исто така да означува и “Божја врата” (Бабел), П. Златески-С. Катин, Библиски Речник, 28. 56. Види Посланието до Римјаните 13 Старо фениќанско писмо острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.” Ова логично не наведува на заклучок дека народите во меѓусебното комуницирање во текот на историјата што следела потоа, морале да пронајдат заедничко средство за комуникација, бидејќи јазично не можеле лесно да се разберат. Така дошло до појавата на пишана форма на комуницирање. Исто така и кај еден ист народ се појавила потреба од пишана форма на евидентирање и документирање на нештата. Нема сигурни докази за тоа кој го измислил писмото, но општо е прифатено дека до ширење на пишаната форма на комуницирање се заслужни Фениќаните.57 Фениќаните биле поморски трговски народ и биле во постојани врски со исто така околните поморски народи, но и со своите соседи на копното како на пример Евреите. Се смета дека имале комуникации со Африка, каде го основале градот Картагина, потоа со денешна Шпанија, а секако и со Елините кои исто така имале свои колонии и тргувале со околните народи па и со самите Фениќани, посебно со градот Библос, од каде набавувале папирус, па затоа е од таму зборот библион со значење книга. Фениќаните, писмото го рашириле на сите народи со кои доаѓале во контакт. Веројатно е дека на тој начин била олеснета комуникацијата и евидентирањето на трговските трансакции кои ги вршеле. Дека е тоа така ни сведочат еврејското58 писмо и “коине” писмото, па затоа ќе споредиме некои букви на фениќиско/ еврејското со “коине” (грчкото) писмо. Алеф-алфа Бет-бета Гимел-гама Далет-делта Зајин-зета Хет-ета Тет-тета Тав-тау Јод-јота Каф-капа Ламед-ламбда Мем-ми Нун-ни Пе-пи Реš-ро Од ова се гледа дека народите си влијаеле еден на друг59. А тоа ни сведочи и не води на заклучок дека без оглед на тоа кој на кого му го “позајмил” писмото, Александар користел цивилизациско достигнување за своите походи а не нечиј национален производ. Со оглед на сознанијата дека намерата била да се создаде една држава на сите народи, совршено се вклопила идеата за еден јазик кој би се користел во неа. Па така, ако денес користам Сонѕ 57. Тхе Тимес, Библијски Атлас, 94-95 58. Евресјкиот алфабет е сличен со фениќискиот 59. И елинското писмо во почетокот ги користел само консонантите и се пишувало од лево кон десно како кај еврејското писмо Ž. Станојевиц, О језику Срба и Јевреја, 32 14 Македонците и Христијанството По владеењето на Дијадосите со македонската империја, според пророштвото, настапила Римската империја која го Св. апостол Павле, најголемиот Христијански проповедник исполнила наведеното пророштво (царство претставено со железни нозе) во книгата на пророкот Даниил, како што читавме: “А четвртото царство ќе биде како железо; оти како што железото троши и дроби се, така и тоа железо ќе дроби и ќе уништува.” Од историјата ни е позната “железната” дисциплина и суровост на Римската империја, која после трите Македонско-Римски војни ја покорува Македонија и за да ја ослаби ја дели на четири провинции. Рим ги покорил и сите претходно од Македонија освоени територии. Тука спаѓа и Израел каде на почетокот на И век н.е. се раѓа Христијанството. Македонија во тој период останала без владетел, односно била сосема незаштитена од Римската тиранија, посебно кога биле во прашање римските порези. Во тоа време, Римјаните биле ослободени да плаќаат данок, бидејќи државата сосема доволно собирала од другите покорени народи. Како растеле апетитите на Рим, така се зголемувале и порезите, кои го исцрпувале локалното население, не само во Македонија туку насекаде по Римската империја. Како резултат на тоа се зголемил нотебоок, компјутер не значи дека сум Јапонец, исто така ако возам Пеугеот автомобил, секако дека со тоа не сум станал Французин. Со ова никако не сакам да го зголемам недоразбирањето меѓу Р. Грција и Р. Македонија. Напротив, сакам да укажам на една небулоза, бидејќи смешно е што и двете страни се повикуваат на иста личност - Александар Македонски.- најголемиот космополит на светот. А згора на се, делиме иста Христијанска вера, која има за цел да ги обедини луѓето во Христа60 а не да го разедини. сиромашниот слој на населението, исто не бил мал бројот на луѓето кои поради големата беда биле принудени да се продаваат себе си или своите деца како робови. Во такви услови се раѓа новото учење на Христијанството кое проповедало еднаквост и рамноправност на сите пред Бога, бидејќи “Христос пострада за сите.” Учењето за отелотворениот Бог (Христос) кој од љубов кон своите созданија ги зема нивните гревови на Себе страдајќи на крстот61 и ветувајќи им го конечно Царството небесно, предизвикало голем одзив кај сиромашниот и обесправен слој на населението. Секако дека и богатите и учените, а и многу свештеници се обраќале во новата вера. Почнувајќи од Јудеа (Израел), па преку Мала Азија, Македонија била меѓу првите земји каде било проповедано и прифатено Христијанството. Во Делата на Апостолите 16 глава читаме: “ Преку ноќта имаше Павле62 видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: Премини во Македонија и помогнини!” Апостолот Павле во тој момент се наоѓал во Троада, и веднаш го послушал повикот во видението, па така читаме: “И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а во вториот ден во Неапол, а оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија.” Градот Филипи во постарите времиња се нарекувал Криниди (мал извор, или град на изворите) заради бројните извори во околината. Подоцна Филип ИИ во 358г. п.н.е. го избира и го утврдува за своја престолнина по кого и го добива името. По поразот на Македонската војска 168 пне од Римјаните, Филипи имал посебен стастус 60. “ Нема разлика меќу Јудеец и Елин, зошто еден и ист е Господ на сите...” Посланието до Римјаните 10,12. 61. Крстот бил Римска смртна казна. Се смета дека распнувањето на крст била една од најболните и најпонижувачките казни во тоа време. 62. Апостол Павле (Савле) бил ортодоксен многу учен евреин кој на почетокот енергично се спротиставувал на новото учење на Христијанската “секта”, како што била нарекувана од свештениците. При едно прогонство на христијаните во Дамаск, Павле доживува необична среба со распнатиот Христос, кој му се обраќа со зборовите; “Савле, зошто ме гониш”. Оттогаш, евреинот Савле, а сега апостол Павле станал најревниот проповедник на Христијанското учење и автор е на поголем број посланија во Новиот Завет од Библијата. Дела 9, 1-22. 15 “Колонија на Август Јулиј” (Колониа Аугуста Јулиа Филлипенсис).63 Филипи е првиот град во Европа што го примил Христијанството (околу 50г. н.е.) преку апостолот Павле кој откако пристигнал во градот, после неколку дена, “...во саботата излеговме надвор од градот при една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени.” Се поставува прашањето кои биле овие жени? Некои сметаат, бидејќи биле собрани во саботен ден, дека станува збор за Македонки прозелити64. Обичај на апостол Павле бил во секој град каде што ќе дојде, најнапред да проповеда во саботните денови во Еврејските синагоги. Бидејќи во Филипи немало изградено синагога, мала е можноста собраните жени навистина да биле прозелити кои немајќи каде се собирале покрај реката. Од друга страна познато е дека Македонците ги обожувале реките,65 што бил исклучиво македонски обичај, па оттаму сигурно е дека се работи за Македонки кои си ги обавувале своите древни ритуали и молитви покрај реката во Филипи. А и самиот текст: “каде што имаа обичај да се молат” не наведува да заклучиме дека тоа бил обичај на жителите да се молат надвор од градот при реката. Читаме понатаму: “И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ и го отвори срцето да внимава на она што зборуваше Павле.” Интересно е тоа што сите слушале но само таа внимавала на зборовите на апостолот, што сигурно оставиле силен впечаток и осведочување во нејзиниот ум па затоа: “... кога се покрсти66 таа и нејзините домашни, не замоли и рече: ƒАко сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа. И не принуди.” Лидија била жена трговец. Нејзиното потекло како Македонка, никој не го спори затоа што била од Тијатир, бидејќи познато е дека Тијатир кој се наоѓал во Мала Азија бил населен претежно со Македонци.67 Познатото македонско гостопримство постоело и тогаш, а посебно се гледа во изразот “не принуди”. Изразениот менталитет на “принудување” на гостинот да јаде и да пие кога ќе дојде некому на гости е познат и присутен и денес кај Македонците. Апостолите продолжиле со проповедање, па настаните кои понатаму следеле ги довеле Павле и неговите помошници до немила ситуација на прогонување и лажно осудување. Читаме: “...го фатија Павла и Сила, и ги довлекоа на плоштадот кај началниците.” Обвинението било: “овие луѓе што се Јудејци, го бунат нашиот град и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни пристои да ги примаме, ниту да ги извршуваме...” Ваквото обвинение предизвикало револт68 кај присутниот 63. Павле Боровиц, Библијски Прируцник ИИ, 371 64. Прозелитите биле Неевреи кои ја примале Јудејската вера. 65. Н.Проева, Историја на Аргеадите, 127-128. 66. Дека христијанскиот обичај да се крштаваат возрасни се задржал долго време во Македонија ни сведочат крстилниците како на пр. во Стоби, Хераклеа, Плаошник. 67. Градот бил основан од Селеук И Никатор од династијата на Селеукидите и бил населен со Македонци и служел како утврдување на македонската војска. Познато е дека Тијатир имал посебен процес на производство на пурпурни ткаенини кој го чувал како економска тајна. Археологот Хејзеј пронашол парче од бел мермер на кој двојазично било запишано постоењето на колонии од Тијатир во Филипи. П. Боровиц, Библијски Прируцник ИИ, 215. 374. 68. Овој револт може да се разбере ако се земе во предвид сознанието дека само една година пред тоа народ кој “...штом им ги расцепаа алиштата, повелаа да ги бијат со стапови...” за на крајот да ги стават во затвор. За жал, сегаде, во секој народ ги има таквите кои се спремни лажно и пристрасно да судат пред да сослушаат, предводени од личните предрасуди. Но за нас е интересен изразот Римјани кој го прочитавме. Ова е разбирливо ако се земе во предвид дека Македонија била под Римска управа, а луѓето кои ги обвиниле Апостолите своето обвинение го изнеле пред римски управители кои заради статусот кој го имал градот биле одговорни директно пред цезарот, па затоа соодветен израз бил “ние Римјаните”. Ова покажува дека разните окупации на различни територии по Остатоци од Тиатира во денешен Акхисар (Р. Турција) светот доведувале до појави на (покрај вообичаеното име на територијата или на населението) да се додаваат и други политички или административни имиња кои создале забуна кај историчарите подоцна, за некои потоа тоа погрешно да го применат за свои лични пред се политички цели. Апостолите, во затворот во Филипи се однесувале токму онака како што проповедале. Тие не возвратиле со зло или гнев за сторената неправда туку “...на полноќ, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа...” А тогаш “...настана потрес голем, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа.” Стражарот кој го чувал затворот, кога видел што се случило “...извади меч и сакаше да се убие, оти помисли дека затворениците избегале.” Но, апостол Павле го сопрел, уверувајќи го дека сите се тука. Интересна е реакцијата на чуварот. Иако самиот тој на почетокот ги “...фрли во внатрешниот затвор и нозете им ги стегна со клади...” сега, после ова необично искуство, “...растрперен падна пред Павла и Сила; па откако ги изведе надвор рече: Господари, што треба да направам, па да се спасам?” Прашањето соодветствувало со ставовите и религиозните сваќања на тогашниот свет, поведени од мислата дека треба нешто да се стори и да се заслужи Божјото спасение. Веројатно овој човек бил изненаден кога чул: “Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!.” Само толку?! - можеби се прашувал, не знаејќи дека допрва го очекуваат изненадувања. “И му го проповедаа Словото Господово нему и на сите што беа со него...” Еднаш примено во срцето, Словото Господово носи промена во душата и карактерот на човекот, носејќи му пред се радост и мир а потоа и сите духовни родови. Овој човек, Македонец, ги доживеал првите искуства на радоста во Христијнаството “... откако им ги изми раните и веднаш се покрсти тој самиот и сите негови домашни, и откако ги воведе во својата куќа, постави трпеза и се зарадуваа со целиот свој дом, оти поверуваа во Бога.” Тоа биле првите дарови од Бога како награда за неговата вера. Следниот ден апостолите биле ослободени, па веднаш отишле во домот69 на Лидија, за да ги утешат верните, а потоа заминале за Солун. Но пред да продолжиме со патувањата на Павле, да споменеме дека апостолот имал длабока љубов кон верните во Филипи. Тој повеќе пати ја посетувал црквата во Филипи, а после десет години им се обраќа во посланието со зборовите “ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа” (Филипјаните 1, 8). Св. Јован Златоуст (ИВ век н.е.) во своето толкување на Павловиот однос кон Филипјаните Клаудие, ги протерал, поради некој бунт, сите Евреи од Рим. Затоа било доволно да се каже “луѓе Јудејци”, па да се предизвика гнев кај присутните. Дела 18, 2. 69. Во почетокот христијаните за своите богослужби ги користеле големите одаи во своите приватни домови (домус ееццлесиае) МАНУ, Старохристијанската археологија во Македонија,вели: “О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија.”70 Но исто така позната е и љубовта на самите Филипјани кон апостолот. Тие останале вековно запаметени во Библијата по својата несебичност и дарежливост: “А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен преку вас, зошто и во Солун, еднаш, и по втор пат, ми пративте нужни работи.”(Фил. 4,15.16.) Филипјаните помошта за апостолот ја испратиле по Епафродит, за кого Павле вели: “Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои.” (Фил. 2,25) Според традицијата, Епафродит подоцна бил поставен за епископ на црквата во Филипи. Кога апостол Павле им се обраќа на Филипјаните во посланието, тој вели: “...до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите.” Ова послание е пишувано околу десет години после првата посета на Павле во Филипи. Евидентно е дека за толку кратко време, црквата толку се зголемила што имала потреби од повеќе епископи (надгледници, старешини). Сигурно за тоа се заслужни самите Филипјани, како на пример Лидија, првата Христијанка во Европа, која благодарение на своите трговски познанства и врски, ја ширела радосната вест на останатите свои сограѓани. Денес, кога се гордееме со Христијанска Европа, да не заборавиме на овие пожртвувани луѓе, Македонци од Филипи кои дале значителен придонес за зачетоците на христијанството. Кога Павле стигнал во Солун71, се сретнал со значаен трговски, културен и административен центар. Во овој град имало Јудејска синагога, па затоа “Павле, по својот обичај влезе при Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмото...” откривајќи им на слушателите во синагогата дека Исус од Назарет е ветениот Месија. Павловите проповеди и беседи предизвикале различни реакции. Од една страна “...некои од нив поверуваа...” меѓу кои и “... големо мнозинство богобојазливи Елини, а исто така и немалку видни жени.” Од друга страна “...некои од Јудејците што не поверуваа, завидоа и зедоа со себе некои лоши луѓе...” па откако го вознемириле и разбунтувале народот предизвикале прогонување на апостолите. Овде ќе се потсетиме на погоре кажаното во врска со изразот Елини, дека самиот израз ја покажува верската и културолошката разликата меѓу Евреинот и неевреинот (елин). Нешто слично е кога муслиманите оние кои не беа муслимани ги нарекуваа каури. Пример за ова е настанот опишан во Делата на Апостолите 6, 1: “Кога учениците се намножија, еленистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.” Познавачите на Библијата знаат дека овој настан се случил во Ерусалим непосредно по Христовото вознесение, што значи дека Христијанството се уште не било проповедано на другите народи, туку само на Евреите. Од каде тогаш овие Елини? Ќе се вратиме во Делата на Апостолите 2 глава кога апостолите добиле од Светиот Дух посебен дар на говорење други јазици. Тоа било потребно заради тоа што “во Ерусалим имаше Јудејци, луѓе побожни, од секаков јазик под небото...” Би посочил на Хрватскиот превод72 на овој стих кој вели: “Тада су боравили у Јерусалиму побоžни Žидови који су доšли од свих народа под небом” од каде појасно се гледа дека во Ерусалим дошле Евреи од целата дијаспора заедно да го прослават празникот Пасха. Во моментот кога биле собрани во храмот почнале да слушаат како апостолите им проповедаат на нивните јазици73. Тоа ги зачудило па читаме: “Ние - Партјаните и Мидјанците, Еламитите и жителите од Месопотамија, Јудеа и Кападокија, од Понт и од Азија, од Фригија и Памфилија, од Египет и од краиштата на Ливија, соседите на Киринија, ...Критјаните и Арабјаните, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици...” Апостолот Петар земал завршен збор во проповедањето, а потоа “кога го чуја тоа, во срцата им стана мило и му рекоа на Петра и на другите апостоли: ƒЛуѓе браќа, што да правиме!•” Апостолот недвосмислено ги повикал на покајание, па Библијата понатаму ни вели дека “се присоединија во тој ден околу три илјади души.” Меѓу овие луѓе, соединети со апостолите, имало и Евреи од Ерусалим и Јудеа, но и ист народ. Ова зборува дека и до ИВ век н.е. Македонија била позната како етничка територија. Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 113. 71. Тесалоники (победа над Тесалија), во минатото се нарекувал Терме (Толи извори), П. Боровиќ, Библиски Прирачник ИИ, 380. 72. Хрватски превод на Библијата во изддание на Стварност 73. Познато е дека Евреите од дијаспората не го познавале својот мајчин јазик, туку говреле на јазикот од каде доаѓале. 18 Евреи од народите кои пред малку ги спомнавме. Елините кои се побуниле се Евреите од другите земји, а нивното незадоволство значело дека на црквата која растела и е потребна подобра организација, што веднаш било превземено од апостолите поставувајќи ѓакони (служители). Сето ова ни сведочи дека изразот Елин во Библијата, воопшто нема етничка аконотација, туку како што посочивме, означува припадник на една различна култура од Еврејската. Па така, жените Елинки во Солун и подоцна во Берија се неевреите кои ја примиле јудејската а со проповедањето на апостол Павле и христијанската вера. (Сличен пример види Дела 19,10. каде жителите на Азија исто така се делат на Јудејци и Елини). Остатоци од градот Солун Ние со ова не сакаме да тврдиме дека во Солун немало етнички Елини, туку сакаме да посочиме дека со овој термин често се манипулира за различни цели, што само по себе е туѓо на христијанскиот дух. Иако повторно било покренато прогонство против апостолите во Солун, сепак тука се родила и заживеала една од најзначајните христијански центри на Балканот каде се одржувале црковни собори на кои се донесувале важни одлуки. Солунскиот епископ бил и духовен поглавар на целата Македонска црква. На првиот вселенски собор 325 г. зел учество и солунскиот епископ Александар, кој бил обврзан да им ги пренесе на македонските христијани сите соборски одлуки.74 Но уште во времето на Павле верните во Солун ја докажале својата вера, па така некои останале запбележани во Библијата: “...Гај и Аристарх, Македонци, Павлови придружници...”(Дела 19, 29.) Аристарх и Гај уште еднаш се посведочени како Павлови придружници со уште некои македонски и други верници: “... Сосипатр Пиров, беранец, а од Солуњаните, Аристарх и Секунд, Гај од Дервија и Тимотеј, и азијците Тихик и Трофим.”(Дела 20, 4.) Солуњанецот Аристарх останал до крајот со Апостолот Павле во неговите најтешки моменти на страдање: “Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.” (Дела 27, 2.) Вредно за напомена е дека археологијата ги посведочила овие имиња како вообичаени имиња за градот Солун и Македонија.75 Откако биле прогонети од Солун, Павле со Сила отишле во Берија (Вереа). Таму повторно се упатиле во еврејската синагога каде доживеале подобар прием. Во Делата на Апостолите 17, 11. читаме за граѓаните на Берија: “Овие беа поблагородни од солуњаните: тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така.” Христијанското учење не се засновало на авторитетите на апостолите, уште помалку на нивните вешти и добро смислени говори, туку на Писмото кое “е од Бога дадено”. Самиот Павле подоцна на Римјаните ќе им напише: “И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето од Словото Божјо” (Римјаните 10, 17.) Веке спомнатиот придружник на Павле, Македонецот Сосипатр Пиров, бил од Берија. Јудејците од Солун не мирувале, и кога дознале дека Павле е во Берија, организирале и таму прогонство. Набргу приликите го приморале апостолот да замине за Атина. Тука Павле доживеал сосема поинаков прием отколку во Македонија. Кога дошол во Атина по извесно време, “...беседеше во синагогата со Јудејците и побожните, и секој ден на плоштадот...” Реакцијата била “...епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него, велејќи, што сака да каже овој празнословец?” (Дела 17, 18.) Апостолот не се предавал па застанал на аеропагот Атински и почнал да сведочи за Исуса Христа, а слушателите “...кога чуја за воскресението од мртвите, едни се насмеаја, а други рекоа : ƒДруг пат сакаме да слушаме за тоа•” (Дела 17, 32.) Друг пат?! Некој рекол: патот “другпат” води во градот “никогаш”! Каква разлика помеѓу луѓето во Филипи, Солун и Вереа и “...сите атињани, како и туѓинците, кои живееја при нив, кој во ништо друго не сакаа да го помонуваат времето освен во тоа - да зборуваат или слушаат за нешто ново.” (Дела 17, 21.) 74. Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 121. 75. Таблици од тоа време со исти имиња се пронајдени во Солун, Исто, 120. 19 Затоа Павле имајќи го ова во предвид им пишува на верниците во Солун: “ И вие се угледавте на нас и на Господа, кога во големи маки со радост го примивте словото од Светиот Дух, така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја. Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога...” (1Солуњаните 1,6-8) Долго Македонија била христијански центар за сите овие простори како што Антиохија била центар за Мала Азија, со што уште еднаш се потврдува придонесот на тие верни луѓе од Македонија во развојот и ширењето на Христијанството на Балканот а и пошироко. Павле последен пат ја посетил Македонија на своето последно мисионерско патување. Кога бил во Ефес се простил со учениците и “излезе за да тргне кон Македонија. А кога ги мина сите оние места и им даде многу упатства на верните, тој пристигна во Алада (Ахаја).” Со ова се потврдува трериторијлната особеност на Македонија, која како што е опишана во Библијата, идентично одговара со описите на античките автори како Херодот, Скимнос, Страбон, Лукијан Самосатски и др.76 Македонците од почетокот на својата етногенза77 и во целиот период на македонските кралеви се до Римското време ја сочувале својата особена национална свест. Познати ни се од историографијата78 и епиграфиката дека зборот Македонец бил честа придавка на имињата, како на кралевите кои “љубеле да се нарекуваат Македонци”79 така и на други угледни луѓе од Македонија. Апостол Павле им пишува на верните во Солун: “За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам оти вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи така постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате.” (1. Солунјаните 4, 9-10). Македонците (поради заедничките маки) се научиле на братољубие. Родољубието и братољубието се две исти работи, односно влечат ист корен. Апостол Јован вели: “Кој го сака брата си, тој е во светлината...”(1. Послание на апостол Јован 2, 10) но понатаму, во четвртата глава, додава: “Ако некој рече ƒГо сакам Бога• а го мрази братот свој, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?” Или со други зборови, по примерот на Македонците во Солун, како ќе го сакаш братот по вера, ако не го сакаш братот по род? Ако не ја сакаш својата татковина, како ќе ја сакаш небесната татковина? Ако не го сакаш вредното што го имаш, како ќе го сакаш уште повредното што треба да го добиеш? Ако лесно, од интерес, го продадеш својот род, нема ли утре и највозвишените христијански идеали да ги продадеш исто така од интерес? (види Откровение 13, 16-18) Но, ваквиот христијански став априори ја отфрла квазиљубовта: да ги “сакаме” само оние од нашиот “табор”, бидејќи тоа е побудено само од интерес, а на таквата “љубов” и квазипатриотизам доволно им се изнагледавме, па затоа нема потреба да ги коментираме. Македонските христијани подоцна На сите кои ја исповедаат христијанската вера познато им е дека не се станува преку ноќ зрел христијанин. Тоа многу добро го знаел и Павле па затоа, не само на црквите во Македонија, туку и на многу други цркви како во Коринт, Рим, Ефес, Галатија итн. им се обраќал со пишани посланија во кои ги храбрел, ги тешел и ги поучувал. Такви се и двете посланија упатени до Солунјаните, во кои апостолот става акцент на две фудаментални учења на христијанството: Воскресението и Христовото Пришествие (Второто Христово доаѓање). Тој им пишува: “...Оти ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него; ...(а) ние, живите, што ќе ос та не ме до доаѓањето на Гос пода, нема да ги ис пре ва ри ме умрените, бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото и најнапред ќе вос крес нат мртвите; а потоа, ние, што сме останале жи ви, заедно со нив ќе би деме грабнати на обла ци те, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и та ка секогаш ќе бидеме со Господа...”(1. Послание до Солунјаните 4, 13-17) 76. Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 122-123. 77. Кон крајот на ВИИИ в. п.н.е. Н.Проева, Студии за античките Македонци, 39. 78. А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација. 177-186. 79. Паусаниа, цитирано во Н.Проева, Студии за античките Македонци.29. 20 Во Хераклеа се пронајдени два епиграфски (надгробни) споменика80 (В -ВИ в. н.е.) каде се посведочува истата вера на Македонските христијани до ВИ век. На едната плоча која се наоѓа во Музејот во Битола стои запишано: Истоимен на Богојавлението Христово (Епифаниј или Теофан), Презвитерот - - прими уште на земја почесен венец, па се пресели од овој живот со сите (заедно) да го очекува Воскресението. На друга плоча која се чувала во гимназијата во Битола сега, за жал изгубена, стои запишано: + Овде лежи милостивиот спомен на Василиј Беше чтец и архивар. Се упокои во Господовиот месец август 11 Индиктион 9, За да го чека со цел свет (Второто) Пришествие. Амин Македонските христијани во минатото оставиле неизбришлива трага до денес. Не треба да не буни доаѓањето на Словените на Балканските простори (за кои, патем речено, историчарите се уште не се договориле за точниот период на нивното доаѓање), бидејќи непобитен е фактот дека сите балкански народи со нивното даѓање ја поделиле истата судбина, (познато е дека Словените стигнале до Пелопонез, за што сведочат околу 300 зборови со словенско потекло се уште присутни во денешниот Грчки јазик). 81 Секако, ни децата нема да поверуваат дека Словените наводно ги “испотепале” сите Македонци, а потоа им го земале името и националната свест. Ако е тоа така, тогаш сите други народи на Балканот мора да го доживеале истото, па така “СлавоАлбанците”, “СлавоГрците”, “СлавоБугарите” и “СлавоСрбите” не треба да ни се лутат што се чувствуваме Македонци. Но, дека генетскиот материјал на Елините (Грците), Илирите (Албанците), Тракијците (Бугарите), се уште е тука на Балканот не е воопшто спорно. Се прашуваме, зошто неаргументирано и неосновано се спори само Македонскиот генетски материјал како континуитет до денес? И сега, кога Македонија се стреми кон Европа, би сакал да се вратиме за кратко на пророштвото на Даниил, втората глава и да се потсетиме на визијата за светските царства до крајот на светот (Второто Пришествие), каде стои толкување за царството кое следи после Македонската империја: “А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено...” и понатаму за глината и железото се вели: “тоа значи дека тие преку човечко семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.” Очигледно, станува збор за Римската империја, која подоцна, со поделбата на Источно и Западно Римско царство, (двете нозе на ликот), дословно го исполни пророштвото на Даниил. А за стапалата измешани со глина и железо (нека ми биде простено ако грешам) не можам да видам никој друг освен “обединета” Европа, која, според 80. Весна Калпаковска - Аница Ѓеорѓиевска, Животот во Херацлеа Лѕнцестис преку епиграфските споменици, 89. 93. 81. А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 225. 21 последниве настани, и не е баш обединета. Дека е така сведочи и фактот дека Европа е единствен културен и територијален наследник на Римската империја. Признавам, ни јас не сум имун на стандардите кои Европа ни ги нуди, ниту сум против Македонија да се избори за влез во Европската Унија, но само скромно се прашувам: да не се бориме за нешто што е однапред осудено на неуспех? И додека Американците патриотски ја пеат својата химна: “Бог да ја благослови Америка” се прашуваме: дали ние во Македонија треба да пееме слична песна? Сметам дека нема потреба, бидејќи Бог веќе ја благословил Македонија, само треба да го исползуваме тоа! Ќе умееме ли? Денис Тенев Академски сликар и постдипломец по античка археологија Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите www.tenevart.com |