Среда, 23 Октомври 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (11 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

СТРАНСКИ СВЕДОШТВА ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ ОКОЛУ ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Во врска со македонското национално самосознание за време и по Илинденскиот период ќе наведеме и странски сведоштва.

Рускиот цивилен агент Петрајев, во 1907 година, по посетата на неколку кази во Македо­нија (во присуство на Хилми-паша), запи­шал:

Самото население почнува мошне забележително да се чувст­вува оптоварено од пропагандите и тоа најискрено бара да биде ос­тавено намира. Во Костурската каза доаѓаа деле­гации од се­лата и ни изјавуваа дека не ги сакаат ниту грчките, ниту бу­гар­ски­те учи­те­ли и свештеници, туку молат да им бидат дадени ма­ке­донски. На пра­шањето за нивната националност тие одго­вараа де­ка се Маке­донци“. (Д-р Симон Дракул, „Македонско Сонце“, 20.02.1998, с. 13).

Австријанецот од Штаерска проф. д-р Рудолф Киндингер во вре­мето околу Илинденското востание учел во Македонија,затоа што татко му овде работел на пругата за компанијата Чеминс дер фер Ориентакс. Подоцна тој објавил свои Мемоари под наслов: “Исечоци од моите сеќавања пред, за време и по Илинден (1903) во Македонија“ (ИНИ, Илинден 1903, Скопје, 1970). Во мемоарите д-р Киндингер со­сема јасно ги спомнува Македонците како жители на Македонија, кои си зборувале на свој  македонски јазик. Овде читаме:

„Бидејќи татко ми службено често работеше со македонски работници (аргати) на железничката и покрај нив имаше пос­то­јано двајца Македонци - возачи на дресина, кои кај нас мораа да пре­ноќеваат во случај на потреба. Јас уште како мало дете го научив од овие работници македонскиот јазик... Сите работнички групи на железничката линија од Скопје,па надолу низ Вардар, скоро се до пред самиот Солун беа Македонци“.

И понатаму:

„Во 1892 година дојдов во Солун во Германското основно учи­лиште во кое, како што напомнав, учеа децата на железни­чарите. Таму, отприлика во 1894 година, дознав за првпат од нашиот учи­лишен служител - Македонец, кој беше од Гевгелија, дека била осно­вана тајна организација за ослободување на Македонија... Јас бев един­ст­вен во училиштето што можев со него да зборувам на не­го­виот јазик, бидеêќи нашите тогашнИ автриска учители не раз­би­раа македонски“.

Во Романија, професорот по славистика на Јашкиот универ­зи­тет Илија Баржулеску околу 1908 година запишал:

Сите овие словенски доселеници на територијата на Рома­нија, за кои понекогаш ние Романците, заради  лажните теории што ни се сервираат, мислиме дека зборувает на бугарски, се главно работ­ни­ци и  градинари што се доселени от Македонија и за себеси велат дека се Македонци, а не Бугари, (И. Барбулеско: „Романците спрема Србите и Бугарите – посебно со поглед кон прашањето на македон­ските Романци“, Белград, 1908, стр. 95).

Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Драганов, во 1900 година во врска со древната македонска историја изјавил:

„Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во Македонија го издигнува својот глас тамошното старосе­делско на­селе­ние што си се нарекува себеси со старинското име Македонци?Спо­ред на­шето лично мислење праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што зборува на по­себ­но словенско наречје и си има своја ста­ра историја, не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Ср­бите...“

Се разбира дека постојат и други бројни сведоштва за  македонското национално самосознание пред, за време и по Илинденскиот период.

Различни значења на употребата на етнонимот Бугари

Пред крајот на овој краток фељтон, би сакал да дадам едно поцелосно објаснување за употребата на етнонимот „Бугари“, како и на синтаг­мите изведени од него: „македонски Бугари, бугарски народ“ и сл., кои се однесуваат за Македонците во почетокот на 20 век

Во некои документи, книги, искази и сл. се среќаваат овие изрази како детерминација за Македонците (иако претходно наведените про­јави ги демантираат инсинуациите дека наводно припадниците на це­лиот наш народ се декларирале како „Бугари“). Големобугарската про­паганда ги фор­сира овие изјави како „доказ“ дека Македонците се „Бугари“. Меѓутоа, со вни­мателна анализа на дел од ваквите пробу­гар­ски детерминирања мно­гу лесно се забележува уште еден про­па­ган­ден трик.

Имено, употребата на терминот „Бугари“ за Македонците од тоа време, може да се разгледа од неколку сосема различни аспекти. Да го наведеме секој од нив.

1. Употреба на името „Бугари” за сите припадници на Бу­гар­­ската егзархија

Во ваков случај терминот „Бугари“ не секогаш се употребувал во етничка смисла. Тој овде е употребен како црковен тер­­­мин за детер­ми­нирање на сите припадници на Бугарската егзар­хија.

Ќе го илустрираме ова со еден општо познат пример. Во пове­ќе бугарски книги славниот крушевски војвода Питу Гули се става рамо до рамо со другите илинденски војводи, а за сите нив се тврди дека биле – „Бугари“ (!?). Меѓутоа, добро е познато дека Питу Гули бил  етнички - Влав! Значи, тој воопшто не можел да биде „Бугарин“. Питу Гули, како Влав, своите религиозни чувства ги задоволувал во Бугар­ската егзархија (а не во Патријаршијата, како добар дел од тогашните Власи). Поради тоа, како Влав-егзархист, тој бил нарекуван „Бугарин“, „бугарски револуционер“ и сл. Ова автоматски значи дека во ваквите случаи под термините: „Бугари“, „бугарски револуционери“ и сл. се под­разбирале и Македонците, т.е. македон­ските револуцио­нери (но и припадниците на сите други етникуми) што припаѓале кон Бугар­ска­та егзархија, а не биле етнички Бугари.

(ПРОДОЛЖУВА)

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.