|
|
Првиот архиепископ на возобновената МПЦ во лицето на Охридската Архиепископија .г.г. Доситеј |
Целиот свој живот го посвети на службата на Црквата. Тој будно го следеше решението на македонското црковно прашање и вложуваше максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. На вториот црковно - народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, е избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридска архиепископија. Под негово раководство е свикан Третиот црковно - народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална. Во 1958 година, во Охрид се одржа Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј. Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на јули 1959 година во црквата Свети Мина во Скопје, и во исто време е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и даде самостојност на МПЦ, со тоа што таа и натаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г.Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. Во мај 1962 година во придружба на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигна патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија на која што служел патријархот Московски Алексиј во сослужение на патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополот Македонски Доситеј. Тоа беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви. Доситеј беше поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ беа Ангелариј (18.08.1981 г. до 15.07.1986 г.), Гаврил (04.10.1986 г. до 09.06.1993 г.) и Михаил (21.12.1993 г. до 06.06.1999 г.). |