Вторник, 21 Јули 2009   
Димитрија Чуповски

dimitrija-cБог да ги прости  сите оние кои несебично го дадоа животот за слободата Македонија. Големо браво за сите оние кои знаат да ги издигнат големите борци, да им изградат споменик и да ги извлечат од бедзната на заборавот. Димитрија Чуповски, е културен и политички деец, значајна фигура во историјата на Македонија. Димитрија Чуповски се уште доволно не го има заземено местото во македонската историја.

Придонесот на Чуповски:

До скоро кај нас малку се знаеше за Чуповски. Благодарение на академик Блаже Ристовски и неговата заложба да го воздигне ликот и делото на Димитрија Чуповски, јас  научив повеќе за тој период и за многумина други Велешани и незнајни борци (за пошироката јавност) од сите краеви од Македонија . Димитрија Чуповски е од с. Папрадиште Велешко или местото кое се вика  АЗОТ (во превод непокорен народ).

Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во велешкото село Папрадиште. Роден е како посмртче, откако неговиот татко бил убиен од страна на албански платеници. Кога имал десет години неговото родно село било изгорено од албански качаци и семејството му се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Откако го научил молерскиот занает, тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија.

Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македоците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат.

Подоцна Чуповски своето образование го продолжил во Србија и Русија.         
cupovski-tekst
Димитрија Чуповски   како студент             Папрадиште Велес - Родното село на Димитрија Чуповски
на Духовната Академија во Рисија


Академик Блаже Ристовски запишал: Но дури и со ова што е пред нас можеме слободно да заклучиме дека се поклонуваме пред споменот на еден македонец што си создал предни страници во нашата национална ,културна, научна и политичка историја, како човек што раководел цели 17 год со Македонското научно литературно другарство.во чии рамки  е создадена првата книга на современ македонски литературен јазик и правопис, првото наше научно литературно и политичко списани на македонски јазик и правопис.Тоа е другарството што го создаде еден Мисирков, Чуповски,  Дедов, Мишајков, Д-р Константинович,.Чуповски ја изработи  првата национална карта, најзначајна македонска периодична публикација до ослободувањето на Македонија.

Многубројни историски значајни акти на Македонската колонија. Брошури, зборници, статии. Човекот кој четири децении стоеше  неколебливо на одбраната и развитокот на македонската национална мисла. Човекот кој  меѓу првите: од високи дипломатски извори во Русија дознал за поделбата на Македонија.

Димитрија Чуповски ќе остане во историјата забележан како еден од најголемите бориц за самобитноста на македонскиот народ како И за обединувањето на Македонија и нејзиното конституирање во национална држава   на македонскиот народ.    

Бев изненадена од интелектот и заложбата на МНЛД, на тие луѓе како дејствуле од Русија,ја информирале европската јавност. Нивниот демократски дух, иницијативите за решвање на македонското прашање по пат на дијалог, доставувале меморандуми во САД, Канада,  помеѓу амбасадорите во Русија,  регистрирањето на мнлд и тогаш се запрашав: Зошто историјата малку зборува за нив,каде се во нашите учебници по историја,  Истотака значаен придонес дал   и  братот на Д. Чуповски.


Димитрија починал  како турски државјанин во ссср, не сакајќи да го прими државјанството на новите поробувачи на Македонија, ниту пак советското, зошто мислел дека ќе  дочека да си се врати во својта обединета Македонија.

,,Тој беше МАКЕДОНЕЦ - И ништо друго на светот . Така спомнувала  неговата сопругата Лидија.

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.