|
|
| Борис Сарафов |
Историски, Бугарија, многу македнонски херои ги декларира како свои, а ние Македонците, истите ги сметаме за контроверзни личности. Зошто дозволуваме Бугарската пропаганда да влијае врз нас, а ние тоа да го прифатиме без докази и без добро да го проучиме нивниот придонес за Македонија?Бугаризирањето на македонците може да се види и денес, со олеснителните околности за добивање Бугарски пасош се повеќе Македонци во потрага по европска перспектива вадат бугарски државјанства и пасоши. На подолг рок некој од нив ако стане славна личност ние ќе тврдиме дека е Македонец, а Бугарите Бугарин.
Во македонската историја има многу случаи кога македонски патриоти, едноставно биле принудувани да се пишат бугари, или ќе ги убиеле.Таков е случајот и со Борис Сарафов.Секој на различен начин го толкува ликот и делото на големиот интелект, мозок и финансиер на многу востанија и настани.
На кориците на секој број од списанието Македонски глас стоел следниов текст, односно познатата мисла на Борис Сарафов:
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
Ова е една од најпознатите мисли на големиот Борис Сарафов. Доказ за неговите погледи за Македонија, дека Македонија е држава на Македонците а потврдува и дека македонците не се Срби и Бугари a самото тое е доказ дека тој е Македонец и ништо друго.
![]() Весник Македонски Глас
Сарафов е човек кој ослободителното дело за Македонија го пропагира низ цела Европа преку средби со еминентни политичари. Дека Сарафов добива голема популарност зборуваат и еминентните весници како New York Times, во кои можеме да сретнеме негови изјави и интервјуа.
![]() Ноември 18. 1903 за The New York Times
Роден во с. Либјахово, Неврокопско (сега Гоцеделчевско) на 12 јули 1872 г. Се школувал во Солун, а потоа се префрлил во Софија каде во 1894 година го завршил военото училиште.
Во 1895 г. влегува во Македонија со чети, испратени од Врховниот комитет и го зазел градот Малник, во кој се одржал неколку дена (Мелничко востание).
Во 1899 година Борис Сарафов станал претседател на Врховниот македонски комитет во Софија.
На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб и ја имал задачата да го состави Востаничкиот дисциплинарен устав. За време на Илинденското востание Сарафов учествувал во повеќе битки во Битолско, Демирхисарско, Леринско, Костурско и други реони. По неуспехот на востанието, извесно време се повлекол во Бугарија, каде што со себе го понел и востаничкото знаме.
На 28 ноември 1907 година во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.
![]() Весна Маневска |

Историски, Бугарија, многу македнонски херои ги декларира како свои, а ние Македонците, истите ги сметаме за контроверзни личности. Зошто дозволуваме Бугарската пропаганда да влијае врз нас, а ние тоа да го прифатиме без докази и без добро да го проучиме нивниот придонес за Македонија?





























