|
|
| Козелот или влакнестиот јарец во Светото Писмо, е Александар III Македонски |
|
“Ги подигнав очите, и ете: овен стоеше покрај реката. Имаше два рога: двата рога беа високи, но едниот повисок од другиот, а оној повисокиот израсте после. Гледав како овенот боде кон запад, кон север и кон југ. Ниедно животно не можеше да му устои, ништо не можеше да му избега. Правеше што сакаше, се засили. Додека набљудував, ете: јарец доаѓа од запад врз сета земја, не допирајќи ја почвата; јарецот имаше силен рог меѓу очите. Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот.” - oд книга на пророк Данило, 8:3-7, Стар Завет Во видението на големиот пророк, козелот или влакнестиот јарец, во зависност од различните преводи на Светото Писмо, е Александар III Македонски, како не допирајќи ја земјата го победува овенот - Дариј, царот на Персија. Понатаму, пророк Даниел пишува за четирите рога кои што ќе израстат од скршениот рог на јарецот, и ни открива случувања за последното време. Ова не е единствена споредба на Александар со јарец. Во музејот во денешна Пела постои негова статуа од 4 век п.н.е. на која што е претставен како младиот Пан (митски бог со карактеристики на јарец). Исламскиот Куран ни го пренесува преданието за Зул-Карнијан, според некои толкувања исто така Александар Македонски, господарот на двата света, оној со двата рога. Таму, тој гради огромен ѕид за да постави бариера помеѓу народите на овој и оној свет - Гог и Магог. Каран, син на Темен, основач на македонската династија на Аргеадите добил пророштво дека стадо кози, предводено од голем и рогат јарец, ќе му го покаже местото на неговата престолнина. Така и се случило. Престолнината била Ајга (Аегеа, Еге, ајга значи коза, белина). Во таа чест, македонските кралеви носеле руна и рогови од јарци, како симбол на силата, непокорноста и слободата.
Mитскиот Пан е претставен на монети како пред, така и по Александар, најголемиот крал што некогаш постоел. Антигон Гоната го става за покровител на македонскиот двор, и кова монети со ликот на Пан опкружен со седум ѕвезди - македонски штит - на аверс, а и со Пан како крева пехар со победа на аверс. Козата се појавува и на останати македонски монети. Во египетските хиероглифи козата е симбол за душата. Во линеарното Б писмо исто така, постои посебен симбол за јарец. Повторно, нели случајно, овој симбол наликува на геоглифот за кој што пишувавме претходно, врховниот бог на Античките Македонци, ЅЕ - богот на Светлината и Сонцето.
Пела многумина ја нарекуваат Бела. Знаеме дека била преместена. Била Зора во слободен превод е аурора, светла зора. Значи, Бела Зора. Кутлеш е во денешна Грција, но истоимено место се наоѓа пак во Овче Поле. Кутлеш или куц леш ~ таткото на Александар, Филип II бил куц на едната нога, но не само тој, туку и Филип III куцал на едната нога... (продолжува) |




























