|
|
| Манифест на Главниот Штаб на Македонската Војска - 1880 |
|
Од Провизорната Влада на Македонија Манифестот бил прогласен на 29 Јуни 1880 на Пирин Планина. Бил испратен до сите дипломатски претставници во Битола, Солун и Цариград (денешен Истанбул). Овој манифест е еден од најзначајните документи на Провизорната Влада на Македонија, извршно тело на Народното Собрание на Македонија. Манифестот бил пронајден во документацијата на Централната Архива на Октомвриската Револуција и Социјалистичката Обнова на Москва (Оддел: Гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис 1, Ед.хр.79).
Манифест на Главниот Штаб на Македонската Војска Прогласен на Пирин Планина на 29 Јуни 1880 Браќа Македонци, Еве петстотини години црни, темни облаци се надвиснале над сите Македонци и на шатата тковина. Ние, клети робови на Отоманите, не можеме веќе да ги трпиме страшните пискотници на нашите силувани мајки и сестри, на децата оттргнати од мајчините гради. Дојде нож до коска! Никој веќе не ги слуша нашите пискотници. Христијанска Европа го предаде нашиот страдален народ на самоволието на турскиот верски фанатизам. Нашата последна надеж, членот 23 од Берлинскиот договор, пропадна. Не ни останува ништо друго освен да земеме оружје врака со слоганот „Смртили Слобода за Македонија“. Со тешко срце се решивме на овој чекор, знаејќи дека таа борба ќе биде тешка и крвава, но принудени сме да ја земеме судбината на нашата земја вонаши раце. Не им веруваме веќе на ветувањата, зашто крвта на нашите жртви повикува на одмазда. Македонци, Наближува часот да се судриме со нашиот вековен поробител. Подгответесе како верни синови на нашата страдална Македонија. Забораветеги сите меѓусебни кавги, зашто сите ние сме нејзини синови, независно од вера и народност. Ниесме пред с’ и над с’ Македонци. Неверувајтеим на нашите соседи кои се спровреле меѓу нас како змиии не` мамат за нивните сопствени интереси. Здружетесе под знамето на Македонија, дигнетего високо, високо во борбата за слобода и независност. Само така сложни ќе успееме да јасочуваме за нас нашата мила татковина Македонија и да добиеме целосна автономија. Храбри македонски синови, Нашите соседи одвај чекаат да јаграбнат Македонија за себе, да ја поделат, да ја раскасапат. Да се здружиме под едно знаме: само Македонци, зашто само соединети како браќа ќе можеме да се ослободиме од очајот и турскиот јарем, и да си останеме свои на својата земја. Збијте ги редовите и чекајте го нашето заедничко Македонско востание. Со пушка на рамо и сабја врака, придружетеи`се нанашата македонска војска во борбата против безмилосните варварски неверници. Избркајтеги тие што работат за туѓи теинтереси и ви попуваат: Ведната глава сабја несече. Одговоретеим: На пушка со пушка, на нож со нож! Нема веќе да трпиме други да ни ја кројат судбината, да стоиме пред нивните портии да молиме за милост од нивните камени срца. Денеска имаме наша македонска војска во нашите планини, можеби неуште бројна, но со Божја помош и ваша, ќе стане силна. Ќе се бори за ослободување и ќе извојува победа за нашата прекрасна татковина. Затоа, ве молиме браќа Македонци, не го земајте овој Манифест како уште еден повик, туку подготвувајте се за општо Македонско востание против нашите вечни тирани. Се надеваме дека сите вистински Македонци ќе го чујат повикот за нашата крвава борба. Затоа гозавршуваме овој повик со девизата: Смрт или Слобода! Да живее слободна Македонија! Главен штаб на Македонската Војска во рамките на Македонската Лига. Председател: В. Дијамандиев Главни војводи: Иљо Малешевски; Кочо војвода од село Лакоса, Сереско; Коста војвода од село Левуново, Мелник; Ангел војвода од село Куманич, Неврокопско; Миледиџик војвода од село Карлухово, околија Захна; Стојан војвода од Џегурово, Мелник; Георги војвода од село Карчево, Демир-Хисарско; Тодор војвода од село Страчишта, Неврокопско. Пирин Планина 29 Јуни 1880 Македонска нација |


























