|
|
Пет мандати власт на СДСМ и ДУИ“, илјада скандали |
Кога ќе се погледне наназад, тешко е да се избројат сите скандали и неуспеси на СДСМ и ДУИ. Пет мандати власт, а државата остана без визија, со изобилство од корупциски афери и разочарани граѓани. „Рекет“ – симбол на СДСМ е Аферата што ја разголе целата нивна политика. Наместо независно судство, добивме судство во служба на власта. Наместо борба против корупцијата, видовме рекетирање од највисоко ниво. Граѓаните ја изгубија последната надеж дека правдата може да биде еднаква за сите. Тендери по мера на ДУИ со години ја претвори државата во свој приватен имот. Скендербег плоштад, милионски договори за инфраструктура и јавни набавки – сè тоа беше начин да се нахрани клиентелистичката мрежа. Наместо вистински развој, добивме партиска економија и поделби. Економија на апарати и покрај сите ветувања за „економски бум“, Македонија со СДСМ и ДУИ потона во долгови. Секојдневно слушавме за „нови инвестиции“, но фабриките не доаѓаа, а младите масовно ја напуштаа државата. Илјадници секоја година бараа спас во Германија, Италија, Австрија или Швајцарија. Здравство во распад Од ветување за модерни болници, добивме хаос. Недостиг на лекови, недостиг на кадар, и скандали како „Онкологија“, каде пациентите беа оставени без терапија додека некој профитираше на нивната мака. Ова е најтешкото наследство на нивното владеење. Правда за своите, хаос за сите други, „Нема да има недопирливи“, велеа. Но во пракса, токму нивните најблиски станаа најнедопирливи. Корупцијата се прикриваше со политички игри, а правдата се претвораше во театар за јавноста. Народот доби само разочарување. Европска иднина – вечно чекање: Петнаесет години зборуваа за ЕУ, а резултатот е нула. Секогаш ново ветување, секогаш нова „историска шанса“. Наместо европска Македонија, добивме држава во заложништво на сопствената корупција и неспособност. А за штетата и велеп редавствата што ги направија на државата е друга и долга приказна. СДСМ и ДУИ зад себе оставија изгубени генерации, уништени институции и тотална недоверба во државата. Пет мандати владеење беа доволни за сите да видат дека нивните ветувања за правда и развој беа само маска за корупција и личен интерес. Затоа денес, кога се вели дека за 15 месеци може да се направи повеќе отколку за пет мандати, тоа не е претерување. Тоа е голата вистина. |