|
|
Биди вечна и обединета, Македонијо! |
Александар Македонски Џеповски Пробале многу, и денес сè уште пробуваат, да те закопаат, Мајко наша Македонијо. Но секогаш, како бумеранг, нивната злоба им се враќа право во нивните глави. Твојата сила е испеана во зборовите: „кој душман влегол, жив не излегол, ти го ставаш во гроб“. И токму тоа е твојата вечна судбина да опстанеш, да не дозволиш темнината да ја згасне твојата светлина. Илјадници години се обидуваат да те избришат, а ти и понатаму гордо стоиш, недопирлива и света. Денес ти недостасуваат неколку делови од твојата територија, но твојата реална големина е трипати посилна од секоја мапа или граница. Егеј и Пирин се твое срце и белодробие, а Вардар е твојата душа што пулсира. Сè тече, сè се менува, но само Македонија останува непроменета, Библијска земја со најголемо име, земја што го носи духот на вечноста. И кога си малтретирана, врзувана и камшикувана од ѓаволот, пак не’ учиш на сила, љубов и трпение. Пак не’ тераш да издржиме и да веруваме во денот кога сите Македонци од сите страни ќе бидат заедно, сплотени и горди во твојата вистинска големина. Се сеќавам: пред 50 години, „големите експерти“ предвидуваа дека до 2020 година Македонија ќе исчезне, дека Македонците ќе бидат избришани и дека од нашето име ќе остане само сенка. Но, еве сме денес, во 2025 година, горди и живи! Можеби не е совршено, можеби може подобро, но најважно е дека Македонија и Македонците останаа! Сè може да исчезне, но ние сме доказ дека Македонија е вечна! Македонија е нашата крв, нашата љубов и нашата вечност. Ти си нашето сонце, нашето знаме, нашата иднина. Затоа, браќа и сестри Македонци да се обединиме, време е да го кренеме гласот, да се исправиме исправени пред светот и да покажеме дека сме едно! Нека секој Македонец ја носи Македонија во срцето и нека не' дозволи некој да ја продава. Само сплотени ќе бидеме непобедливи! ЉУБОВТА И ВЕРБАТА ВО БОГА СЕ НЕПОБЕДЛИВИ И ВЕЧНИ ПА ЗАТОА МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО И НЕ Е САМО 8 СЕПТЕМВРИ ТВОЈОТ РОДЕНДЕН, СЕКОЈ ДЕН, СЕКОЈ ЧАС И МИНУТ СЕ ТВОИ И НАШИ РОДЕНДЕНИ СО БЛАГОСЛОВ ОД БОГА. Биди вечна и обединета Македонијо! Нека ти е среќен роденденот Македонијо! |