|
|
Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! |
Мане Јаковлески Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! На овој ден, македонскиот народ на еден дел од нејзината територија ја заокружи вековната борба за слобода и создаде независна држава–Република Македонија. Македонија не е подарок, туку светост создадена со крв, жртви и љубов. Денес е ден кога секој Македонец од Р.Македонија, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, Европа, Канада, Австралија, САД со гордост ја крева главата и со срце извикува: Нека е вечна Македонија! На 8 Септември 1991 година, по вековни страдања и борби, по жртви на илјадници херои што го положија својот живот за слободата, македонскиот народ ја заокружи својата историска мисија – создавање на независна, самостојна и суверена држава. Со над 95 проценти „ЗА“ на референдумот, Македонците јасно порачаа дека својата иднина ја гледаат во своја држава Македонија! Името Македонија е најстарото државно име на европскиот континент. Македонскиот народ е народ со континуитет, со државотворна традиција од антиката, преку Илинден, до АСНОМ. Ни окупатори, ни делби, ни империи, ни забрани, ни менување име, знаме, не успеаја да го избришат македонското име и постоење. Тоа име се бранеше со крв и со вековен стремеж за слобода. Денес, кога ја славиме независноста, да се сетиме на сите востанија, буни и жртви,... Илинденците, Асномците и сите современи генерации што ја бранеа татковината. Нивната жртва е наш АМАНЕТ! Македонија не е подарок, таа е светиња создадена со крв, солзи и љубов кон оваа света Библијска земја МАКЕДОНИЈА! Македонија и денес се соочува со притисоци, неправди и обиди за нејзино обезличување. Но народот кој преживеал илјадници години, кој не се покорил пред империи и диктатури, нема да дозволи да му се одземе идентитетот и правото на слободно постоење. Дојдени се времиња кога уште посилно треба да ја чуваме својата татковина. Македонија ќе живее додека постојат Македонци кои ја сакаат, ја почитуваат и се подготвени да ја бранат. Да останеме верни на АМАНЕТОТ! Нека е честит 8 Септември–Денот на независноста! Нека е вечна Македонија! АМИН! |