Четврток, 03 Февруари 2011   
Притисоци врз Македонците пред пописот

svekrva
Свекрва

Во Благоевград, бугарската полиција го уапси сопственикот и еден од вработените на печатницата „ЕТ Иранк – М“, каде што на македонски јазик се печати билтенот „Македонски глас“. Иако засега не се познати вистинските причини за нивното апсење, како што пренесуваат медиумите, според ОМО Илинден Пирин, причина е повикот објавен во билтенот за слободно изјаснување  на населението на пописот.

Според изјавата на Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, дадена за медиумите, без никакво образложение при апсењето на сопственикот на печатницата и еден од вработените, бил конфискуван и билтенот „Македонски глас“ кој му припаѓа на Пиринскиот македонски информативен центар   Според него, се претпоставува дека властите на овој чекор биле потикнати од написите во билтенот преку кои се повикува населението слободно без страв да се определи онака како што се чуствува.

Ваквата тактика на сеење на страв, како што вели Стојков не е првпат и тоа се случува пред секој попис, кога се преземаат акции со кои се заплашува населението.

Стравот од слободно изјаснување на македонскиот народ во Бугарија е огромен и не од вчера. Ваквиот однос трае со децении, а Бугарите ги сметаат Македонците како свои „по јазик и срце“.

Најдобар пример за бугарскиот страв од македонското прашање наоѓаме во стенографските белешки од бугарското Народното собрание (Реч в Народното сабрание, от 1012.1917 и Дневници на 16 -17 –то обикновено Народно сабрание, Четврта редовна сесија, Кн 1, Софија, 1930)  Од нив се гледа дека Димитар Благоев, големиот пролетерски трибун, во својата реч во бугарското Народно собрание на 10 декември 1917 год. по повод на дебатата за воениот буџет на Бугарија во својство на шеф на бугарските социјалисти, јавно ја одрече „ослободителната" улога на Бугарија во Македонија и како Македонец побара Македонија да се самоопредели и конституира во самостојна држава.

Стеноградските белешки на Народното собрание на Бугарија на 10.12.1917 година ќе ги забележат следните дискусии на Благоев и други пратеници:

Д. Благоев: Македонските Склавинии во VIII и IX век под власта на Византија имаат статус на потчинети, но независни во својот внатрешен живот.

Некој од левицата: Не заборавајте ја историјата.

Д. Благоев: Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? (С м е а.) Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста. Факт е, г.г. народни претставници, дека имало голема борба меѓу бугарските и словенските племиња на Балканскиот Полуостров. И тој процес, за кој ни говори г. Сак'зов (водач на бугарските широки социјалисти) и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на словенските племиња на Балканскиот Полуостров што масовно се преселуваат во Византија и Мала Азија, и од друга страна одат на југ кон Македонија, во која имено се запазува долго време словенското племе.

Г. Данаилов: Ама вие сте родум од Загоричани.

Д. Благоев: Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин, јас сум Словен. (С м е а.) И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја која ќе си има своја сопствена управа.

Некој од десницата: Што бараш тогаш во Бугарија?

Д. Благоев: Така што процесот за кој ни се зборува е процес за завладување, а не за обединување на бугарското племе. Ако вие ја примите теоријата што некни ни ја разви г. Сак'зов, т.е. историското минато, тогаш ќе треба да ги оправдате стремежите на српската буржоазија, зашто српското племе е чисто словенско племе, без никакви примеси. Како што ви е познато, таа сака да ги обедини Словените во Македонија. Спрема тоа, ако вие ја примите таа теорија за минатото, вие сте изгубени.

X. И. Попов: Да, да!

Д. Благоев: Да, да. Ако вие не сакате да обрнете внимание на фактите, тогаш други обрнуваат внимание, противниците ви обрнуваат внимание.

Претседавачот д-р И. Момчилов: Обрнуваме внимание на фактите - во 1885 и 1913 година.

Министерот X. И. Попов: Како се викаат во Загоричани Бугарите?

Д. Благоев: Ако ги прашате, тие се викаат христјани.

Министерот X. И. Попов: Тие се викаат Бугари.

Д. Благоев: Јас не сакам да навлегувам во таа сфера, но сакам да истакнам какви опасни од ваша гледна точка ... теории се развиваат во нашата историја, односно за процесот на обединувањето на бугарското племе...

Министерот X. И. Попов: Борбите за независноста на бугарската црква најмногу се развија во Вашето село и затоа го изгорија.

Д. Благоев: Тоа воопшто не е така, а зборот е за завојување на племињата на Балканскиот Полуостров од Бугарите. И ако говориме за историски процес, тогаш тој процес и денеска постои, имено бугарското племе настојува да ги завладее местата што му се неопходни за да може да излезе на море, за да може да излезе на големите водени патишта и Егејското Море. Ете ја смислата на историскиот процес.

Д. Благоев: Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала ое Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум...“

Генерации и генерации во Бугарија се воспитани дека Македонија е втора бугарска држава. Меѓутоа, Бугарите се свесни дека Македонците нема да прифатат да бидат Бугари и затоа штитејќи ги своите стратешки интереси, без некој поголем притисок на меѓународната заедница не  дозволуваат референдум или слободно изјаснување на Македонците.

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.