Среда, 09 Февруари 2011   
Ицо Најдовски повторно....

makedonska-nacija
Македонска нација

Со евтини трикови, без аргументи, со лаги, во македонските и австралиските медиуми, Ицо Најдовски, продолжува со писанијата со кои   настојува  да го наруши угледот на нашата Света  Македонската православна црква – ОА, на  митрополитот Петар, надлежен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија и администратор на Австралиско –новозеланската епархија и на Мане Јаковлески, еден од основачите на македонската патриотска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кутриот Ицо, сигурно не знае дека во  развиено демократско општество, говорот на секој граѓанин е загарантирано  правото, но, не дозволено „лов на вештерки“, односно прогон на неистомислениците. Континуитетот на нападите кон Мане Јаковлевски, а со тоа и кон „Македонска Нација“ е очигледен. Трагајќи по вистината за „елиминација“ на основоположникот   на ВМРО ДПМНЕ, Драган Богдановски, од местото на претседател на Македонскиот задграничен комитет, во  „Утрински весник“,во  разни блогови, како и преку програмата на македонски јазик на австралиското радио „Трипл зед“,во своите коментари вината за смената на Богдановски ја насочува кон Јаковлевски и  го обвинува за  соработник со УДБа.

Интересно е тоа што Ицо Најдовски - Перин, кој е роден во битолското село Оптичари и од 1985 живее во Мелбурн,  се преставува како австралиски научник, кој дипломирал на насоката Историја и мултикултура на Универзитетот во Мелбрун, ( нашите од  Австралија кои добро го позанаваат, тврдат дека дипломата му е  фалсификат) . Сепак ако е така, тогаш Најдовски сигурно, како магистер по Историја и мултикултура, научил дека при коментирањето на одредени настани потребни се валидни докази верификувани од неколку извори. Сето друго изнесено од негова страна како констатација врз основа на изјавите од типот  „ти реков - ми рече “, „бев присутен - ама не видов“ „слушнав - ама не дослушнав“, „ми раскажа очевидец на настанот што не беше таму“, а без поткрепа на аргументирани докази, се невалидни и еднакви на клевета, со која се нарушува угледот и честа  на  личноста.

Во овој случај не се работи за научно истражување преку кое ќе се осветли делото на Драган Богдановски, причините зошто и кој го сменил од местото претседател на Задграничниот  комитет на ВМРО ДПМНЕ, може да се види од непрофесионалните и тендициозно водените   интервјута на Ицо  со познати личности од политичкиот живот во Македонија и лица кои биле блиски со Драган Богдановски. Однапред добро осмислени да го наведе  соговорникот, по секоја цена да најде било каква  вина кај Јаковлевски за смената на Богдановски. Но, најитересно е што  сите интервјуирани  немаат дадено дециден одговор или пак да посочиле било каков доказ,  со кој би се потврдила замешаноста на Јаковлевски во смената на Богдановски, како и потврда дека бил од службите , туку се се  сведува само на инсинуации.

Би се навратиле на еден дел од обвинувањата на Ицо Најдовски – Перин, кој го споменува  записникот од состанокот одржан во Хамбург во 1992 година (документ објавeн лично од Мане Јаковлески во „Македонска нација“), вели: „Во отсуство на Драган Богдановски, присутните делегати едногласно го менуваат идеологот на македонското движење во Дијаспората, а на негово место седнува неговиот долгогодишен „соработник“ и „војвода“ Мане Јаковлевски. Тоа го прави без да има и малку грижа на совеста  и продолжува до денешен ден да го држи/ат во тајност слободарското и про македонско движење на Драган Богдановски. Зошто? „

Како „магистер по Историја и мултикултура“ ова прашање за Најдовски не треба да претставува  тајна. Напротив неговата опсесија за дискредитација на г. Јаковлевски,   го тера не само да го навредува него, туку и Драган Богдановски, за кого пред народот има полна уста фалби, а ниту некогаш соработувал со него, ниту пак  се сретнал, бидејќи во  деведесетите години на минатиот век Ицо се шетал низ Австралија, како невиден „патриот“ со маица на која било испишано „Југославија„!!!

Би го запрашале Најдовски дали смета дека Драган Богдановски бил наивен идеолог и политичар кој слепо им верувал на своите соработници? Би го запрашале Најдовски како е можно да ја „разоткрие“ улогата на Љупчо Георгиевски, а неможел да го „разоткрие“ Мане Јаковлевски? Ако не му се познати некои факти, нека го види писмото од 25.11.1996 г.( четири години по „исклучувањето“ на Драган од заграничиот комитет),  во кое Драган Богдановски од Малме, Шведска, му се обраќа со братски поздрав: „Се надевам драги Мане, дека си добар со здравјето како и твоето уважувано семејство. Малиот Самоил сигурно е сега голем војвода. Иако односите меѓу нас двајцата се сведоа на нула, верувајми брате Мане, дека секогаш те имам ценето како чесен и голем македонски патриот. Таков за мене ќе останеш за века.“.

Тоа значи дека Мане и по четири години од настаните во Хамбург, за Богдановски ќе остане пријател.

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.