Среда, 13 Април 2011   
Македонски „Камелот“ на островот Ахил

salonika
Салоника

Формирањето на Архиепископијата "Јустинијана Прима" во 535 година, како државна творба од страна на Јустинијан I,  а подоцна призната како канонски исправна црква на Петтиот вселенски собор во 553 година, ќе биде од посебен значење во ширењето на христијанството не само на Балканот туку и пошироко. Потврда за нејзиното формирање ќе остави самиот императорот Јустинијан I, кој во својата 11 новела од 535 година ќе запише дека ја основал Архиепископијата Јустинијана Прима, во градот кој го изградил близску на неговото родно место Таурисиум, место во близина Скопје.

ohridksa-arhiepiskopija

Авторитетот кој го има во тоа време Архиепископијата "Јустинијана Прима" е огромен. Како трета по ранг афтокефална црква, која по своето значење е веднаш по Рим и Константинопол, таа ќе одигра значајна улога за континуитетот на црковниот живот на просторите на Македонија, како и за зачувување на идентитетот и државноста на македонскиот народ. Таквиот авторитет на "Јустинијана Прима", ќе им овозможи на Охридските архиепископи како нејзини наследници, долго време успешно да ја бранат автокефалноста на Охридската архиепископија.

Црквата добива посебно значајна улога за време на Самоиловата држава. Самоил бил свесен дека без опрост и подршка на црквата, не ќе може да застане на чело на новата држава, како и да се спротивстави на Бугарија и Византија. За да го придобие народот се приближува до црквата и богомилите. На црквата, чие седиште во тоа време е на островот Преспа, денес Ахил, по освојувањето на Лариса и ги носи моштите на Свети Ахилеј Лариски, кој бил современик на Константин Велики и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, со што се зацврстуваат  моќта и автокефалноста на црквата.

На островот се изградила базилика посветена на светецот Св Ахилеј и таа била соборна црква се до пренесувањето на седиштето во Охрид.  Од преписките од тоа време, се дознава дека моштите на Св. Ахил, потоа неговиот празник, како и неговиот храм, играле мошне важна улога во животот на Охридската архиепископија. Често пати и по пренесувањето на седиштето на црквата во Охрид, нејзиниот Синод заседавал и во црквата "Св. Ахилеј" и тоа на 15 мај, празникот на Свети Ахилеј. Зачестените војни ги принудиле црковните власти синодските седници да ги одржуваат еднаш годишно.

Покрај црковните власти на островот Ахил било и седиште и на државниот апарат на Самоиловата држава, пред истите да се преселат во Охрид. Во дворецот на Самоил на островот Ахил, биле носени значајни црковни или световни одлуки. На островот доаѓале и биле испраќани високи црковни и световни преставници, делагации на разни држави, курири, како и домашни феудалци и македонски „витези“. Островот преставувал вистински македонски „Камелот“ од кој се управувало со целата држава.

Дека островот бил навистина црковен Камелот, покажуваат  пронајдените. во 1907 година, 14 стола, од кои средниот се издигнувал над останатите, што укажува дека бил наменет за поглаварот. Ваква пракса каква што е применета на островот Ахил не се сретнува кај другите православни помесни цркви, што од друга страна незначи дека имало столици за сите епархиски владици.

При посетата на Успенски на островот Ахил, тој видел три стола кои се издигнувале над останатите, десет од едната и пет од другата страна. Според неговото мислење иако во тоа време во состав на Архиепископијата имала повеќе епархии, постоеле 21 стол. Иако врз база на направените анализи, се смета дека столовите биле изработени некаде околу 1000 година, тоа незначи дека ги немало и пред тоа. Испишаните имиња на епископиите над столовите на архијерејите во црквата "Св. Ахилеј", само го потврдуваат самостојниот статус на архиепископијата.

Ваквиот самостоен статус на Архиепископија како црква во Самуиловата држава подоцна го потврдуваат повелбите на василевсот Василиј II, како и подоцнежната преписка на цар Калојан со папата Инокентиј III. Во преписката директно се истакнува дека бараните права биле дадени уште во Самуилово време. Според тоа самостојноста на Охридската архиепископија не треба и не смее да се доведува под никакво сомневање иако признавањето пристигнало од Рим. Посебно во овој случај, секогаш треба да се има предвид дека тоа се случило пред поделбата на Црквата на Источна и на Западна во 1054 г.

Границите на Охридската црква во времето на Самуил најчесто се совпаѓала со државните граници. Отука тие биле изложени на чести промени, што предизвукувало и до промени како во бројот на епархиите така и на епархиските граници. Како се менувал нивниот број така се менувале и бројот на столиците, а со тоа и имињата на епископите (обично по името на градот каде што се наоѓала епископијата).

Врвот на моќта Самуиловата држава го достигнала кон крајот од X век околу 1000 година. Тогаш, во рамките на државата и на црквата, главно, биле териториите на: Македонија без Солун, Дукља, Травунија, Захумље, Рашка, Босна, Епир, Албанија и североисточна Бугарија. Во тие рамки Охридската архиепископија ги имала следните епархии: Преспанска, Деволска, Главиничка, Битолска, Морозвиска, Мегленска, Струмичка, Веријска, Скопска, Србичка, Стагска, Липљанска, Призренска, Рашка, Браничевска, Белградска, Сремска, Видинска, Нишка, Тријадичка (Софиска), Велбуждска (Ќустендил), Доростолска (Силистра). Непосредно пред пропаѓањето на Самуиловата држава во 1018 г. Охридската архиепископија ги имала следните епархии: Охридска, Главничка, Деволска, Мегленска, Пелагониска, Струмичка, Морозвиска, Велбуждска, Средечка (Софиска), Рашка, Нишка, Браничевска, Белградска, Призренска, Липљанска.

Ако се погледне картата на териториите кои влегувале во диецезата на Архиепископијата и Самоиловата држава ќе се примети дека само североисточниот дел од Бугарија е во нејзините граници. Отука тврдењето дека се работи за бугарска архиепископија и држава не стои. Иако од црковните документи објавени од кардиналот Ј. Питра, кои се однесуваат на Охридската црква од времето на Димитрија Хоматијан (1216 – 1235) се гледа дека мнозинството од населението се Македонци, грчката патријаршија сите христијани кои биле во состав на Охридската архиепископија, без разлика дали се тоа Срби, Бугари, Босанци, Црногорци или Македонци ги именуваат како В(Б)лгари.
 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.