Среда, 15 Август 2012   
Атлантида - колевка на македонската цивилизација

olga-novaceva
Олга Новачева

Откривањето или осознавањето е процес кој не трпи калкулации ниту временски разлики. Откривањето е подигање на свеста за својата изгубеност во сите циклуси на историјата. Но нашата привидна ситност не значи дека не можеме да се носиме со тајните на таа историја. Вековите и милениумите само во призмјената, во рационалната реалност претставуваат недопирливо пространство.

Одејќи по трагата на македонскиот код неминовно ќе дојдеме до просторите на некогашната Атлантида. Во неа боговите и полубоговите се вистински кралеви и цареви со чудесна снага и моќ. Во неа се движат хероите со своите славни подвизи кои се прераскажуваат до ден денешен. Нивните дела се митови и легенди, распространети во сите делови на планетата Земја.

Каква е таа земја од која црпиме знаење и сила? Која е таа нишка која не поврзува и преку митовите и преку јагулите, преку подводните тајни и копнените артефакти?

Платон зборува за таинствената земја Атлантида за која раскажувал славниот Солон во Египет (583 г.п.н.е.). Солон на Критија му го оставил во наследство својот ракопис, а овој му дошол во рацете на Платон. Ниту Солон, ниту Критија, ниту Платон не можеле да бидат Грци што и да се подразбира под тој поим. Солон, познат како еден од Мудреците, бил Адепт, Инициран или Посветен. Посветените не можеле да бидат туѓинци. Само како наследник на Пелазгите можел од саиските жреци да научи за наследството на Атлантида, за војната која се водела на просторите на денешна Македонија.

Солон од саиските свештеници слушнал за војната на пред-потопската Атина, за борбата меѓу Атлантите и Атињаните. Тоа значи дека нему му била веќе позната и причината за уништувањето на Атлантида. А причината, денес веќе се знае, била во возгордеаните Атланти - Титани кои сакале самите да бидат богови и да го владеат светот.

За вистинито толкување на настаните потребно е често пати да прибегнуваме кон индиректно докажување односно да црпиме информации од неофицијалните записи. Често пати она што е кажано во митолошките случувања, во химните, во трагедиите е поверодостојно од она што се наоѓа во државните архиви како официјални документи. Така на пример Д. Мерешковски  во својата книга ,,Тајната на западот“ не упатува на војната меѓу Атлантите и Атина.Зборуваме за онаа Атина која ја создале и ја владееле Пелазгите.

Зошто постои таков податок: Зошто не се вели дека нападнале некоја земја или држава?

Спрема раскажаното Платон соопштува дека - заедничка е божицата на градот Атина и на египетскиот Саис. Таа е заштитничка и воспитувач на  нашите градови. Го основале вашиот град илјада години пред нашите, а потоа нашите градови, чие создавање во нашите книги е забележано како 8.000 години старо. И уште му рекле на Солон – Вие не знаете за тој прекрасен naрод чии наследници сте вие. Најубава и најотмена раса, а вие сте остаток од неа. На вашите земји живеела најнапредна цивилизација која воопшто постоела на планетава. Вие сте далечни наследници на неколку преживеани. (Mereshkovski D.S.-„Tajna zapada“, Metaphysica, стр.27-32, Beograd, 2002)

Ви не знаете за тој прекрасен народ чии наследници сте вие. Најубава и најотмена раса, а вие сте остаок од неа!

Саиските жреци му зборувале на Солон токму за неговото потекло, за таа прекрасна и отмена раса. Која е таа раса? Кои се предците на Солон и на Критија, на Платон и на Аристотел, на Филип и на Александар?!

Во официјалните информации се објаснува местото каде што се наоѓала Атлантида и дека нејзините воини ја напаѓале цела Европа и Азија. ...зашто е забележано во нашите списи како еднаш порано твојата Држава му застана на патот на еден моќен непријател, кој напредуваше од далечно место во Атлантскиот океан и жестоко ја напаѓаше цела Европа и Азија.

Постои и друга легенда пооврзана со постоењето на Атлантида. Посејдон со својата супериорна и славна држава во почетокот живеел среќно со своето семејство токму на последниот остров како дел од големата Атлантида и се викал Посејдонис или Посејдонија. Со своите синови и ќерки владеел правично и мудро, но подоцна славата и властољубивоста го однеле во погрешна насока. Од Посејдонија тргаат Титаните - Атланти како освојувачи кон Европа и тоа токму кон Атина. За да го завземат светиот простор во кој се чувала тајната на постанокот на светот. Се чувал еликсирот на создавањето.

Време - пред Големиот Потоп.

Се зборува за стотици книги кои ја обработуваат темата Атлантида. Денешните атлантолози особено интензивно трагаат по доказите за таа висока цивилизација, трагаат за да ја докажат линијата од минатото од која потекнуваме. Која е таа Атлантида и кога постоела?

Мането, свештеник од времето на Птоломеите, а за него се зборува дека е и историчар, запишал во еден од своите папируси дека владеењето на Мудреците на Атлантида траело 13.900 години.

Игнатиус Донели бил почетник на атлантологијата, го нарекуваат ексцентричен мислител и во своите изјави давал драстично поинакви гледишта од класичната историска наука. Неговата книга „Атлантида, предпотопски свет“ објавена во 1882 година, станала вистински хит и за следните осум години имала 23 изданија.

Владимир Шчербаков во својата книга „Атланти“ и Dave R. Heyneck ги пренесуваат неговите 13 важни синтетизирани постулати. Од нив ќе ги истакнеме оние кои се во интерес на македонската вистина.

-Платоновиот опис не бил измислен како што се мислело тогаш.

-Како минувало времето станала многу населена и моќна нација и ги населувала бреговите на мексиканскиот залив, реката Мисисипи, Амазон, тихоокеанската област на Јужна Америка, Средоземје,  западноевропски и западноафрикански брегови, како и регионите на Балтичко, Црно и Касписко море со цивилизирани народи.

-Тоа бил предпотопски свет. Едем на митскиот јазик или рајска градина. Хесперидини градини, Елисејски полиња, Алкиноеви градини, планината Олимп, Асгард кај Викинзите, сето тоа е спомен на големата држава Атлантида каде неговиот народ столетија наназад живеел во мир и благосостојба.

-Боговите на стара Грција (?), Феникија, Индија и Скандинавија всушност биле кралеви, кралици и јунаци на Атлантида, чии дела се запишани во митологијата со искривено паметење на вистинските историски случувања.

-Митологијата на Египет и Перу претставува изворна религија на Атлантида која го обожавала сонцето.

-Феникискиот алфабет, татко на сите индоевропски алфабети израснал од алфабетот на Атлантите кој исто така израснал од Атлантида и дошол до Маите и средна Америка.

Во овие наброени показатели можеме да ги препознаеме никулците на пелазгиската (македонска) култура, јазик и  историја. Ако знаеме дека Грција не постоела, ако знаеме дека феникиското писмо е древно маедонско писмо, ако ги знаеме подвизите на Херакле, сето ова ни оди во прилог за нашата древност. Но, ќе наведуваме и други компаративни примери кои ја спојуваат светлата атинска култура од времето на Атлантида.

Постои податок дека Хајнрих Шлиман оставил писмо во кое, меѓу другото тврдел дека под Троја пронашол бронзена ваза со натпис напишан на феникијски хиероглифи – од кралот на Атлантида-Кронос. Ова треба да е точно и одговара на она што е забележано дека Зевс бил цар на Атлантида.

Кога ја имаме сликата на Атлантида веднаш ни се открива познатиот дијаграм на концентрични кругови. Тоа се наизменично наредени копнени и водени појаси во вид на кругови кои меѓусебно биле поврзани со мостови.

Такви и слични, но со помали димензии има се уште и денес. Но тие се кријат од јавноста. Зошто?

Меѓу Авганистан и Пакистан живеат Калаши или Кајлаши. Да се потсетиме дека Александар Македонски најдолго се задржал на просторите на некогашна Бактрија, а по неговата смрт владееле Селевкидите во посебна држава наречена Бактро-Македонија. Порано земјата на Калашите се викала Кафиристан, а населението Кафири. Сега останале само неколку села.

Во патеписната книга на двајца хрватски истражувачи, Малнар Ж. и Бебек Б. („У потрази за стакленим градом“, Ирос, Загреб, 1987 година) се зборува за тие Кафиристански села.

Кафиристанските села се опкружени со концентрични кругови на вода, земја, камења, поточиња и канали. Сите тие водат во сите агли на нивното село, разгранати како човекови бели дробови или нервен систем. Кајлашите зборуваат дека водата, земјата односно каменот, воздухот и оганот треба да се распоредуваат во специјални односи. Одреден дел на куќи бараат соодветен број водени канали, кои пак бараат соодветен број камени ѕидови. За да се држат елементите во рамнотежа, палат ритуални огнови кои ги одржуваат на одредени места. Водените канали им носат животна енергија и без таа правилно распоредена енергија, Калаш не може да стане Кафир.

Познавањето на основните физички елементи од кои е изграден светот, како четири круцијални сили - вода, воздух, оган и земја не е некоја нова информација. Мудреците од секогаш го знаеле ова и тоа било основа за разбирање на физичките и духовните состави. Но, зачудува што Калашите денес го зачувале древното сфаќање и ја почитуваат светоста на овие елементи. Тие се труделе и после 2000 години да ја задржат рамнотежата на нивните својства, што секако ретко кој умее тоа да го разбере, а не и да го применува. Само спиритуално чистите ја знале формулата на концентричните кругови и затоа морале да ја зачуваат нивната светост во практична и секојдневна примена.

Во книгата уште се наведува дека – „И сличноста со старогрчката(?) култура и митологија се неспорни. Имаат 12 богови. Зборувале за подземен живот во кој влегуваат Кафирите за да ја видат земјата од која дошле“.

Тоа значи дека знаеле да контактираат со хтонските божества. Денес се знае дека овие луѓе се остатоци од времето на Александар Македонски, но сигурно не од неговата војска. Зашто не секому можело да се остави во аманет древното знаење. Не секому му е дадено да го зачува паметењето на една некогаш високо развиена цивилизација. Тука уште можеме да додадеме дека книгата е издадена во 1987 година, а истражувањата биле многу пред тоа. Оттогаш тој дел на Азија е под постојано вооружување, бомбардирање, уништување. Зошто токму овој дел од Земјината топка?

Во овој контекст неминовно е да го споменеме Џејмс Черчворд, авторот на книгата „Исчезнатиот континент Му“, во која има интересни информации кои укажуваат на поврзаноста на исчезнатиот континент со Македонија. Пред се`, овој континент се викал МА и за него сведочат плочките на Накалите најдени во Тибет. Накали се древни народи од пред-потопскиот период и самиот збор На-кали е лингвистички кодиран. На-кали, значи, “На змијата“. Одбележува едно од значењата на симболот змија кое е многу силно и со јасна порака. Се мисли на патот на змијата, змијовидно или спирално искачување до степенот на просветленост. Нас не интересира прикажувањето на кралскиот грб во спомнатата книга на Черчворд, амблем на Царството на Сонцето. Царството на Сонцето всушност е царството МА, наш предок, висока развиена цивилизација стара повеќе од 50 000 години.

Кралскиот амблем на Му, царството на Сонцето не е обичен, случајно одбран цртеж, секоја линија на него имала точно одредено значење, на што укажува неговото дешифрирање и негов превод. Обликот на грбот претставува стилизирана буква М. Една буква од обредната азбука на Му. Се работи за симболична буква М и истовремено за неговото име, бидејќи и самата буква се изговарала како Му (читај Ма) ...Во средината е круг со осум зраци и целиот е претставен како еден систем или унија. Унијата која ги заокружува зраците е вселена, вселена во спој со човекот и со земјата. Означува влијание кое го опфаќа целото човештво. На тој начин, кралскиот грб на Му ни кажува дека целото човештво било под негова власт. Му бил господар на целото човештво. Му бил Господар на целата земјина топка што се потврдува со Godex Cortesianus во кој Му се нарекува Предводник.

ПРЕДВОДНИК! Се нагласува Обредната азбука на континентот МА со висока цивилизација. Обредна азбука во која е синхронизиран концептот на природата и природните сили. Според тие плочки, Царството МА ја дало целата култура и подоцна името Македонија со значење на Маг или Мак (звучност по изговарање), што не` води кон феноменот на МАГИЈАТА НА СОЗДАВАЊЕТО. Магијата на создавањето е феномен кој потекнува од самите исконски пориви на Создавањето на светот. Од создавање на Природата со сите нејзини циклуси на создавања и рушења.

И еве што пишува Н. Рерих за властољубивите Големци. Луѓето ги пренебрегле Космичките закони. Човештвото се оттргнало од највисоката Волја, се оттуѓило од Највисоката свест. Од ваквото одделување наспроти Хиерархијата, се родило големо зло. (Н. Рерих – „Шамбала седум големи тајни на космосот, Белград 2002)

Војната на Атлантите ја одбележуваат две спротивставени страни. Од едната страна се Магнатите кои останале доследни на Поредокот и Божјата Мудрост, а од друга страна се Титаните кои вршат инвазија на други територии со цел да владеат со својата новосоздадена хиерархија. Возгордеани од својата сила и знаење, заборавиле на потеклото и предупредувањата од злоупотреба на природните сили. Тие сакале да го имаат каменот на Мудроста, поточно да ја “искористат“ Божјата формула на создавање. Да го имаат клучот на активирање на “светлинската топка“ од која се создал светот. Нешто слично како денес со “Божјата честичка“.

Последните Атланти, кои ја нападнале пелазгиската Атина, се осмелиле самите да го пресоздадат светот. Но, возможно ли е тоа?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.