Среда, 31 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Торонто: 30-годишниот јубилеј на „Браќа Миладиновци“ одбележан со делото „My Broken Heart“ од Вера Петровски

my-broken-heart-1

Одбележан 30-годишниот јубилеј на Литературното друштвото „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада со промоција на книката „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“) од Вера- Верка Петровски. Друштвото е едно од најзначајните и долговечни културни асоцијации на северно - американскиот континент. Тоа има за цел да ги зближи македонските доселеници во Канада, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои се занимаваат со пишаниот збор

По повод 30-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, излезе од печат автобиогравското дело под наслов „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 2018, 1-198 (на англиски јазик), од Вера - Верка Петровска, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје.

Ова најново дело на првата претседателка на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Вера Вржовска – Петроски беше промовирано во Катедралната македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто на 28 октомври 2018 година. Пред поголем број присутни, особено членови на Друштвото, книгата ја претстави Ели Танасковска, уредник во Македонската телевизија - Скопје.

Исто така, на присутните им се обратија членови на Друштвото „Браќа Миладиновци“, меѓу кои: претседателката на Друштвото Маја Доневска – Ивановска, потпретседателката Драгица Димовска, потоа поетесите Рада Видиновска, Блага Дафовска, свештеникот Илија Донев и други, а присутните ги забавуваше естрадниот уметник, Соња Лозановска. Присутните ги поздрави и д-р Јовица Палашевски, генерален конзун на Република Македонија во Торонто, Канада.

my-broken-heart-2

На промоцијата на делото „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“) од Вера - Верка Петровска, беше речено дека тоа како автобиогравско дело има големо значење за семејството на авторката, чиј корени се протегаат до Брајчино, во Преспа, а во исто време претставува значаен прилог и придонес во иселеничките литературни остварувања.   

Инаку, македонските доселеници во Канада со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Уште поголема благодарност на мултикултурната политика, тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни; ги играат убавите македонски ора и со своите поетки дела се чувари на македонски јазик и култура..

Всушност, Македонците во Торонто своите поетски остварувања ги изразуваат преку својот дела на англиски и на македонски јазик. Меѓутоа, преку мајчиниот македонски јазик, донесен од родната земја Македонија го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на етничка Македонија, а во исто време се дел на мултикултурното општество на Канада.

Треба да се нагласи дека поетите Канаѓани од македонско потекло, меѓу кои и Вера Верка Вржовска - Петровска се блиски со Македонија, а  истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина – Македонија и Канада.

Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.