Среда, 14 Мај 2025    PDF Печати Е-пошта
УБИСТВОТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРИНЦЕЗА АРСЕНИЈА ВО ЕФЕС, АНАДОЛИЈА. ЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА. РИМ

1Marija Kukubajska copy copy copy copy copy copy copy copy

Марија Емилија КУКУБАЈСКА

(Втор дел)

За убиството на Арсенија, Клеопатра, смислува перфидно сценарио: опасност од незасчужено ривалство на сестра и’ кон Рим и кон Египет. Го убедува Јулиј Цезар, татко на нејзиниот прв син, дека сестра и’ треба да биде ликвидирана, иако Птоломеј XII ja крунисал за кралица на анадолскиот остров Кипар, во ко-регентство со помалиот брат Птоломеј XIV. Цезар не му бил доволно наклонет на таткото на Клеопатра и Арсенија, кој изразувал бунтовност кон диктаторската сила на Рим. 

Клеопатра ја користи опсадата на Александрија  организирана од Арсенија и нејзината војска од домородни патриоти. Ја клевети  за велепредавство и воен предизвик против меѓународното сојузништво на Рим и Египет.  Тоа било закана и за планот на Клеопатра да остане владетел на Египет, со подршка на Цезар. Сепак, наместо казна со убиство, Цезар ја заробува Арсенија, ја задржува во Рим, а потоа ја изолира во храмот на Артемида во Ефес (47 - 41 год. п.н.е. За тие шест години, паранојата на Клеопатра расте. Со јонски платеници прави планови да ја убие Арсенија. Успева тогаш кога и Цезар е убиен, во Сенатот на Рим. Го убедува својот втор љубовник, татко на нејзините три деца и политички заштитник, да го изврши убиството индиректно, преку платениците пирати, корумпираните  криминалци на Медитеранот, Блискиот и Средниот Исток и Анадолија. Тоа биле перфидните, тековни и идни, колонизатори на териториите од некогашното царство на Александар Македонски.

Римското право не одобрувало фемицид од омраза или освета, ниту Законот на Хамураби, а Арсенија не била веќе воена закана за Рим, ниту лична, против сестра и’. Во елинската робовладетелска демократија убиството на робинка било дозволено и преферирано, но,  Арсенија, заробена при опсадата, не била робинка, туку кралица која во храмот во Ефес се посветила на милосрдие и молитви за праведност и мудрост. Верувала во кодексот слободи и права во македонското царство спроведувани од нејзиниот анти-робовладетелски  предок, Александар Велики. Александар му се восхитувал на Рим, кој не пател од дивјачка крвожедност како елинските племиња. Александар имал благородничка македонска крв  и мудрост да го цени високо организираното, римско, царство во стариот век, наспроти клептоманскиот однос на минорните јонски, пиратски градови-државички. Ја увидел и реалноста дека тие ограбувале и присвојувале туѓи науки и идеи за градежништво, скулптура, математика и уметност од  генијалните стари народи.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

 

Македонската отстранета кралица Арсенија, во храмот во Ефес гаела надеж дека дел од стариот македонски милосрден дух преостанал во  Клеопатра, и дека таа нема да ја убие. Молчела и се молела дека сестра и’ ќе се придржува до македонската мудрост на Александар Велики, неговиот доблесен македонски учител Аристотел, и достоинствената храброст на македонските и другите херои од Илијадата и Одисејата. Инклузивноста, огромното знаење и космополитизмот на Александар знаеле дека Хомер (Омер, Амир) лажно бил претставен од јонските пиратски  плагијатори како јонски, елински  епски поет. Александар знаел од лично искуство дека јонските конфликтни племиња одземале туѓи материјални и духовни богатства  од многу народи, вклучувајќи ја и северна Африка. Од детска возраст Александар му се восхитувал на еден од таквите херои, Ахил (ак’л, мудриот), чии верзии се наоѓаат во аналогни епови на повеќе народи: космогонии, мистерии, окултни науки. Сепак, Арсенија е убиена. Јонски платеници ја искасапиле по наредба на римскиот љубовник на Клеопатра, Антонио. Такво убиство и денес не е оправдано, и покај пристрасните и немилосрдно  поделени геополитички интереси. Хипокризијата продолжува да бара доминација. Но, светските  фалсификати и дезинформации се’ подинамично  се корегирани од нови технологии во  науката.

Случај бр. 1. Од 1977 година,  на меѓународната научна заедница и’ беше наметната заблуда од денешните грчки политизации на вистината,  дека гробницата во Кутлеш (Вергина), до градот Егеј, Егејска Македонија, му припаѓала на Филип II. На 1 мај 2025 година, старата теза се демантирана. Објавено е спектакуларно признавање на таа, најверојатно тенденциозна, мегаломанска дезинформација. Датумите не се совпаѓале. Биле „погрешени“ од палимпсест „мајсторите“ на глобални измами. Таткото на Александар, Филип, е убиен 336 година, по нарачка на манијакалната сопруга, соперничка за власт, Олимпија.

И во случајот бр. 2. Археолошките науки на Република Туркије веќе демантирале: во саркофакот до храмот на Артемида, не лежат остатоци од Арсенија. Културната политика прашува: со каква цел научната демагогија на пиратите, наметнувала неточни приказни и за овој храм. Можеби и во овој случај историските докази за правиот идентитет на Арсенија требало да се сокријат од нејзините убијци. Потребни се додатни докази дека Арсенија и Клеопатра се македонски Птоломејски кралици, пријатели на Анадолија, а не хомицидни хеленистички  владетелки. Заедничките заложби на турски и македонски научни истражувања, можат да придонесат за автентичноста и одржливоста на откриените факти. Тоа ќе е од пресудно значење во борбата  против политизирање на културите, и против криминалот и корупирањето на историјата, за деконтаминација од антички колонизаторски плагијати, за заштита од нео-колонистички дезинформации и за проучувања на фемицидот како неукината појава. 

Обединетите нации имаат донесено резолуција 68/191, во 2013 година, по која голем број земји применуваат закон за криминализација и класификација на фемицидот како злочин кој одредува затвор и до 35 години. Спрема истражувања на Националниот институт за здравје во Америка, NIH, и податоци од ОН,  пет жени дневно се убиени секој час, во кругот на нивните фамилии, или заедници. Мотивот за доминација, наследство, морални традиции или современи форми на омраза од широк спектар, е независен од економскиот напредок на земјата. Овде се вклучени и убиства од омраза со еротска побуда, сексуална ориентација, убиства на помалку моќна женска популација, учество во организирани побуни или криминал од секој вид. Основи кои лукавата Клеопатра ги искористила толку деструктивно, и измамнички, против својата убава сестра. 

Но, и за денот на пролетното будење, Хидрелез, Ѓурѓовден, кога се организира овој симпозиум за турско-македонската народна култура, и за сите денови на процут на чудото на природата и визионерството на човекот, пролетното будења нека ги обединува средбите на убавината и добрината, на мудроста на ангелите Кадир и Илија (Хидрелез) и светецот Ѓорги. Средбите на културите да се празници за светоста на животот, мудроста, народите.  

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Октагоналниот модел, Ефес Музејот во Виена

 

На прво место

News image

СДС пред внатрешна експлозија!

Политичките партии најлесно ги поднесуваат нападите од опозицијата. Тоа е природен дел од политичк...

Историја

News image

Кога национализмот бил воведен масовно за прв пат на Балканот

Отоманската држава ги класифицираше своите граѓани според религијата, муслимани и „други“. „Другит...

Иселеници

News image

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА “АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (28)

Со право може да се рече дека Театарот е добротворн...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА - ДЕЛ I (3)

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијанс...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА РОДНОТО СЕЛО ЗАГОРИЧАНИ - КОСТУРСКО (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.