Среда, 11 Август 2010    PDF Печати Е-пошта
Во Крушево одржана свечаност по повод 100 години од раѓањето на Мајка Тереза

majka_terezaНа новоизградениот плоштад во Крушево, на 4-ти август, во рамките на манифестацијата „10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“, со пригодна свеченост беше одбележан јубилејот сто години од раѓањето на Блажената Мајка Тереза. По тој повод беше промовирана монографијата за Мајка Тереза, насловена БИДЕТЕ БЛАГОСЛОВЕНИ - МОЛИТВИ И ПОРАКИ, од Стојан Тренчевски (нејзин хроничар и следбеник), а свеченоста  беше збогатена со настапите на асамблот на влашки фолклор ГРАМОСТЕАЊ, како и повеќе истакнати негувачи на традиционалната и модерна влашка песна.

Во своето обраќање до присутните, во името на Советот на научно - културните средби ,,10 дена Крушевска Република„ проф д-р Панде Лазаревски, споделувајќи ја со присутните големата чест за можноста да се чествува стогодишнината од раѓањето на блажената Мајка Тереза и да се слави благородниот лик од кој, со Божји благослов, зрачи величината на нејзиното дело, ќе рече дека  “Македонија е горда што во нејзините прегратки се изнедри Мајка Тереза – гордост и светлост за цела Македонија, за влашкиот род посебно и за целиот свет”.

Во својот говор д-р Панде Лазаревски ќе напомене дека: “Универзалната љубов и милосрдие на Мајка Тереза воопшто не треба да не изненадува. Нашата мила мајка Македонија на светот отсекогаш му подарувала деца кои со чистотата на својата мисла и мисија ги премостувале разликите и ги поврзувале луѓето и народите. Македонија отсекогаш раѓала дејци кои останувале доследни на големината на својата мајка. А младата Гонџа Бојаџиу, или Сестра Тереза во далечната Калкута го однесе токму највредното од Македонија – топлината и отвореноста кон луѓето.

Постои голема симболика во чинот што за чествувањето на Мајка Тереза се одбра токму градот Крушево – митот и легендата за македонскиот државотворен стремеж и жед за слобода, подеднаква за сите. Не случајно се одбра градот Крушево, град во кој се роди нејзиниот следбеник, човекот со ангелски глас, човекот кој со својата смрт го обедини Балканот  во заедничка болка, хуманистот Тоше Проевски. Затоа, во своето обраќање по повод промоцијата на монографијата за Мајка Тереза, авторот Стојан Тренчевски ќе нагласи дека е посебно задоволство да се промовира ова дело во градот Крушево, градот на Тоше Проески, за чија што хуманитарна активност му беше доделена статуа на Мајка Тереза.

Иако тешко е да се споредат животните патишта на Мајка Тереза и Тоше Проевски едно им е заедничко, а тоа е љубовта кон бога и љубовта да им се помогне на луѓето, на осамените. Поголема од самиот живот, Мајка Тереза заминa по Божјиот пат и во негова служба, притоа, водеjќи се од сознанието дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов. Сфаќајќи дека најтешката болест не е лепрата туку осаменоста, кога некој е сам и заборавен од сите, таа отиде да им помага на луѓето, на осамените. Додека Мајка Тереза ги негуваше болните и им помагаше на немоќните и осамените, дотогаш Тоше со својот ангелски глас ја пренесуваше божјата порака, за љубовта, за вербата во доброто и божјата милост.

Не случајно беше посебно нагласено и тоа дека – идната светица  МАЈКА ТЕРЕЗА родена пред еден век во Скопје, со крстено име Гонџа Бојаџиу, од влашко потекло – на 18 години ја донесе судбоносната одлука да се посвети на грижата за осамените и најсиромашните, станувајќи им мајка на сите граѓани на светот.  Затоа  како што ќе напомене проф д-р Панде Лазаревски во својот говор: “Влашката заедница со гордост ја доживува влаинката Мајка Тереза  - noastra Dada Thereza како највредното што го споделува со Македонија и со светот! Токму затоа, бескрајно благодарната заедница на Власите од Република Македонија, донесе одлука со која ја воспостави наградата за хуманост “Мајка Тереза“.      

Од име на партијата на Власите во Македонија говореше претседателот Миле Костов Папули. Истакна дека е голема гордоста да се биде современик со Мајка Тереза, идна светица, жена по која се мерат хуманите вредности во светот. По повод јубилејот сто години од раѓањето на Блажената Мајка Тереза, а во духот на хуманата мисија што се одбележуваше, Костов од име на партијата на Власите во Македонија, донираше средства во центарот за социјални работи кои ќе бидат наменети за дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево. Претседателот Костов истовремено додели почесни благодарници на истакнати граѓани и тоа на проф др Панде Лазаревски, на семејствата на Тоше Проевски и на Питу Гули, на Владо Лазаревски, истакнат крушевчанец, кој целиот свој живот го доловува ликот на Питу Гули, на Стојан Тренчевски и на Василчо Дамчевски, градоначалник на Крушево. Др Ванга Радеска Галанџи, дефектолог која уметноста ја користи во психотерапевтски цели, му подари на музејот на Крушевската Република, 40 свои слики. Во чест на авторот и на публика промоцијата ја збогатија настапите на насамблот на влашки фолклор ГРАМОСТЕАЊ, како и повеќе истакнати негувачи на традиционалната и модерна влашка песна, како Славе Штерјовски, Мери Мишева и Дејан Динача.

Македонија е земја на светињи, светци и ангели. Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута. Папата Иван Павле Втори процедурата за беатификација ја покрена една година по нејзината смрт, наместо како што е вообичаено, по пет години. По завршувањето на процесот за беатификацијата на Мајка Тереза, на 19 октомври 2003 година Папата Иван Павле Втори ја прогласи за Блажена.   

Секако дека чествувањето на Мајка Тереза не би било достојно без нејзините длабоки духовни пораки кои беа прочитани на македонски и на влашки јазик.
ЧОВЕКОТ Е НЕРАЗБРАН, НЕЛОГИЧЕН И СЕБИЧЕН
НЕ Е ВАЖНО, САКАЈ ГО!
АКО ПРАВИШ ДОБРО ТОА ЌЕ ГО ПРЕПИШАТ
НА ТВОИТЕ СЕБИЧНИ ЦЕЛИ
НЕ Е ВАЖНО, ПРАВИ ДОБРО!
АКО ГИ ОСТВАРУВАШ ЦЕЛИТЕ ЌЕ НАЈДЕШ
ЛАЖНИ ПРИЈАТЕЛИ И ИСКРЕНИ НЕПРИЈАТЕЛИ
НЕ Е ВАЖНО, ОСТВАРУВАЈ ГИ СВОИТЕ ЦЕЛИ
ДОБРОТО ШТО ГО ПРАВИШ УТРЕ ЌЕ БИДЕ ЗАБОРАВЕНО
НЕ Е ВАЖНО, БИДИ ИСКРЕН!
ЧЕСНОСТА И ИСКРЕНОСТА ЌЕ ТЕ НАПРАВАТ РАНЛИВ
НЕ Е ВАЖНО СОЗДАВАЈ!
АКО ИМ ПОМАГАШ НА ЛУЃЕТО МОЖЕШ ЛОШО ДА ПОМИНЕШ,
НЕ Е ВАЖНО, ПОМАГАЈ ИМ!
НА СВЕТОТ МУ ГО ДАВАШ НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ,
ТОЈ ЌЕ ВОЗВРАТИ СО УДАРИ,
НЕ Е ВАЖНО, ДАВАЈ ГО НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ!
OMLU EASTI NEACHISIT, FARA LOGICA, EGOISTIC
MA FARA DI ALTA, S-LU VREI!
CARA S-FATS BUN VA S-DZACA CA AI
A TAU SCUPO EGOISTIC
MA FARA DI ALTA, FA GHINETS!
CARA S-LU AGIUNDZA SCUPOLU A TAU
VA S-AFLJI SOTS MINCIUNOSH, SHI DUSHMANJ DISHCLJISH,
MA FARA DI ALTA, AGIUNDZI LU ATAU SCUPO!
BUNLU TSI VA LU ADAR AZA, VA S-HIBA AGARSHIT MANI,
MA FARA DI ALTA, ADAR BUN!
CU DISCLJISA INIMA SHI TINJISIT GIAN VA TI PLIGHUIASCA
MA FARA DI ALTA, LUCREADZA!
CARA S-LA AGIUTS A OAMINJLOR POATI NIBUN S-TRETS,
MA FARA DI ALTA, AGIUTA LA!
VA-L DAI NAIMA BUNLU DI TINI,
A OMLU VA TSA TOARNA CU GOADA,
MA FARA DI ALTA, TOTNA DAL NAIMA BUNLU DI TINI!
 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.