Среда, 25 Април 2012    PDF Печати Е-пошта
Матка е место за релаксација на скопјани и за странските посетители

matka

Кањон

Преубаво парче недопрена природа богата со ретки животински видови и со ендемични растенија на само 15 километри од главниот град... Нешто со што може да се пофали ретко која земја во светот. Освен со големо богатство природни реткости, богати дабови и букови шуми, преубавите розеви цветови на Наталиевата Рамонда, белоглавите орли, единствените пеперутки и спелеолошките објекти, оваа локација изобилува и со голем број културно-историски споменици, главно, манастири, заради кои, со право, ја нарекуваат и мала Света Гора.

Температурата на водата во езерото Матка е констатно 7 до 9 Целзиусови степени, а температурата на воздухот во лето е за околу 9 степени пониска од онаа во градот. Од браната Матка 1 до Матка 2 има девет километри, а до Козјак вкупно 25.

Колекционерски рај

peperutki

Кањонот Матка со висински разлики од 460 до 1.000 метри надморска височина, заедно со разновидноста на релјефот, стрмните падини и вертикалните карпести масиви е навистина одлично зачувано парче од природата. Прекрасниот кањон на Матка, кој е и природен резерват на ретки животински видови и на ендемични растенија, со децении наназад привлекува голем број љубители на природата, но и истражувачи од различни области. Меѓу нив, и биолози и колекционери на пеперутки. Имено, тука живеат од 10 до 15 видови пеперутки кои ги има само на оваа локација, односно се ендемски вид за Балканскиот Полуостров, исто како и некои видови билки што живеат само овде и на ниту едно друго место. Овие пеперутки, за жал, најчесто завршуваат како дел од колекционерските збирки. Колекционерите сметаат дека така ги овековечуваат и на тој начин им го продолжуваат кусиот живот кој инаку трае, во просек, од 5 до 15 денови.

Спелеолошки парк

Vrelo

Матка е природен кањон, кој како географски релјеф е навистина особен, а спелеолошкиот парк е еден од најфасцинантните во светот. Од десетината пештери во спелеолошкиот парк, Врело е единствената што во моментов функционира како туристичка атракција. Нејзината непосредна близина до езерото Матка ја прави најпогодна за туристичка експлоатација, а двете езера во внатрешноста и неколкуте убави и големи пештерски галерии ја прават интересна за посетителите. Дотаму се пристигнува за дваесеттина минути, со едно од четирите бротчиња стационирани пред ресторанот Кањон Матка. Во самата пештера има голем број пештерски украси меѓу кои доминира огромниот сталагмит во вид на шишарка кој се таложи веќе 2.700 години. Звуците што постојано се слушаат во внатрешноста на пештерата доаѓаат од нејзините жители - лилјаците. Се уште траат истражувањата на пештерата под Врело, која е исполнета со вода и е единствена таква во Македонија, а според текот на досегашните истражувања, се очекува дека ќе биде и најголемата во Европа. Тука може да се види и врелото за кое се претпоставува дека доаѓа од Патишка Река, оддалечена оттука дури 15 километри. Освен пештерата Врело, тука се и пештерите Убава и Крштална.

Културно-историски споменици

Покрај тоа што е заштитена како споменик на природата, Матка изобилува и со голем број културно-историски споменици поради кои ја дефинираат и како мала Света Гора. Сега се останати десетина манастири, меѓу кои шишевскиот, посветен на Св.Никола, изграден или пак обновен во 1345 година, манастирот „Св. Јован Златоуст“ во селото Козарево, манастирот „Света Богородица“ во близина на селото Глумово, манастирот „Св. Андреј“, црквите „Св. Троица“, „Св. Петка“, „Св. Атанас“, „Св. Никола“ во Нир и „Света Недела“.

Вљубениците во културно-историските споменици можат да добијат организирани аранжмани, меѓу кои, посета на Марков град, средновековна населба-тврдина од 14 век, во која се наоѓаат остатоци од црквите „Св.Недела“, „Св.Ѓорѓи“ и „Св.Троица“. Тука е и локалитетот наречен Маркова нога, со кој се поврзани легендите за Крали Марко. Една од нив се однесува и на отпечатокот во ѕидот од манастирот „Св.Андреа“, наречен Маркова рака.

Според легендата, Крали Марко со брат му Андреа минувале оттука и застанале да се одморат и освежат. Андреа влегол во меаната што се наоѓала на местото од сегашниот ресторан во која имало голем турски аскер. Турците го убиле Андреа, а Крали Марко, откако го одмаздил, како знак на предупредување оставил отпечаток од својата дланка во ѕидот од манастирот.

Туристичка понуда

pateka-na-Matka

Од манастирот „Св.Никола“ се простира најубавиот поглед кон планинарскиот дом и кон манастирот „Св.Андреа“. До таму може да стигнете пеш за околу 2 часа, а по спуштањето долу, се тропа на клепалото и по вас доаѓаат со едно од бротчињата. До „Св.Јован Златоуст“ и до тамошното лековито изворче имате половина час пешачење. До Марковиот град и до црквата „Св.Недела“ пак, се стигнува за околу 80 минути. Многубројните патеки овозможуват несекојдневни доживувања и се одлична рекреација, а најголемо задоволство се прекрасните глетки што ви го одземаат здивот. Голем број патеки меѓусебно се испреплетуваат и надоврзуваат, па, велат, невозможно е да се изгубите.

За екстремисти и авантуристи

 

alpinizam-matka

За љубителите на поекстремните спортови, на Матка има можности за спортско качување и алпинизам, со оглед на тоа што Матка, меѓудругото, е и срцето на алпинизмот во Македонија и токму оттука почнува историјата на алпинизмот кај нас. Алпинистичките и спортско-качувачките насоки се наоѓаат, главно, на пет локалитети: Централа, Отмарова карпа (по името на еден од пионерите на алпинизмот, Отмар Худомаљ, кој на 4 јули 1957 година загинал искачувајќи се по високата и стрмна карпа над езерото Матка), потоа, Карпа кај домот, Маткино трло и Иглите на Матка. Меѓу другите содржини што се нудат, тука е и Кајак центарот кадешто е одржано и Првото светско првенство во кајак на диви води во 1975 година и Европското првенство во 2004 година.

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.