Среда, 06 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Арсени Јовков

arseni-jovkovАрсени Јовков (25. III 1882 – 14. IX 1924) е македонски поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог. Како литерат се пројавува во првите две децении на ХХ в., во периодот на својот престој во Бугарија. Редактор е на весниците „Илинден“, „Пирин“ и „20 јули“, а по 1923 г. решително се одредува на страната на македонската левица. Издал две поеми: „Проклетина“ (Варна, 1905) и „Љуљебургас“ (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови „Илинден“. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 г. и е автор на сценарио за игран филм „Илинден“

Аресни(ј) Танасков Јовков (псевдоними Пејко Селички, Стар Чинар) е роден на 25 март 1882 година во струшкото село Селци. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се бори против месните бегови, а негов вујко е писателот Војдан Чернодрински. Се образува и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 г., почнува да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.

Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сеуште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Атанас Тасе Христов. Се бори во Дебарца и  Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсени станува војвода на неговата чета.

Арсени Јовков по востанието емигрирал во Бугарија, каде го основа и раководи Дебарското братсво во Софија. Својата духовна сила тој ја посветува на творењето, на поезијата, но најмногу на новинарството. До Балканските војни Арсениј издал две поеми: „Проклетина“ (Варна, 1905) и “Љуљебургас“ (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови “Илинден“.  

Како што се неговите творби се исполнети со вонредна лирска топлина, така и живот на Арсени е исполнет со огромна љубов кон Македонија. Тој е верен следбеник на илинденските идеали и како доброволец во Македонско-одринското ополчение учествува во Балканските војни, а потоа во Првата светска војна бил назначен за кмет на Приштина (1917 - 1918).

По 1921 година  Арсениј Јовков е еден од раководителите на Илинденската организација, основач и уредник на весникот „Илинден“ (1921 - 1923). Во весникот пишува воведни статии и други материјали против поделбата на Македонија.  По забраната за излегување на весникот “Илинден“, весникот се преименува прво во “Пирин“ (1923 – 1924), а потоа во “20 јули“ (1924). Арсени работи како редатор во новоименуваните весници на Илинденската организација.

Арсениј Јовков во текот на својот живот се јавува како литературен критичар, преведувач и филмолог. Во 1923 година заедно со Георги Занков, по свое сценарио, Јовков го снима документарниот филм „Македонија во слики“. Во овој филм, кој се сретнува уште како „Македонија“ се прикажани и снимки од пренесувањето на останките на Гоце Делчев во црквата „Света Недела“. Исто така, тој е автор и на сценариото за игран филм „Илинден“.

По 1923 година Арсениј Јовков решително се одредува на страната на македонската левица. Тој е еден од авторите на Меморандумот на Илинденската организација од 17 април 1924 година со кој се протестира против прогонот на македонските дејци од страната на бугарката влада на Александар Цанков. Исто така, позитвно се однесува кон Мајскиот манифест од 1924 година и идејата за обединување на левите и десните македонски патриотски сили. Оттука тој прв во Бугарија го публикува Мајскиот Манифест.

По убиството на Тодор Александров (31 август 1924), Арсени Јовков ја напушта Софија и заминува за Македонија, но е убиен на 14 септември 1924 година во Горна Џумаја (Благоевград), Пиринска Македонија, од страна на прврзаниците на Ванчо Михајлов.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.