|
|
ДЕКЛАРАЦИЈА ОД СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА-БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА УПАТЕНА ДО СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ НА 1 ЈУЛИ 1988 ОД СКОПЈЕ - ДЕЛ II (16) |
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН Живееме во век во кој земјите и народите се определија односите меѓу себе да ги засноваат и да ги градат врз силата на правото, а не врз правото на силата! Затоа апелираме да се преземат и почитуваат сите права на македонското национално малцинство, правото на еднаквост пред законот, правото на заштита на македонскиот национален и духовен интегритет, правото на Македонците да го изучуваат својот мајчин јазик и сите други човечки права. Ние не сакаме да се повтори нашата судбина, ниту за едно дете на Земјината топка. Ние не сме виновни што сме деца на загинати херои кои братски, еден до друг, се бореа со најпрогресивните синови на грчкиот народ против фашизмот и против носителите на злото и ужасот! Националните малцинства што живеат на Балканот претставуваат богатство и историска шанса – низ културен натпревар на народите да се изградат цврсти темели на братска соработка и похумана човекова иднина. Свесни сме и уверени дека иднината на Балканот треба да се решава со соработка и разбирање, отвореност, комуникација и демократски слободен развој на народите и малцинствата во сите земји. Денес целиот свет се менува и минува низ процес на ослободување и сестран подем. Ние се залагаме во тој свет на македонското малцинство да му се признаат најелементарните човекови права и достоинства. Пред нас се покажуваат врвовите на едно величествено столетие во кое треба сите луѓе да живеат во среќно заедништво, без закани и терор, без понижување и прогони, во толеранција и љубов. За триумфот на човештвото во векот во кој влегуваме неопходна е добра волја и напор: со помош на Меѓународната заедница и на сите прогресивни сили, ние сме уверени дека конечно ќе се избориме против сè она што ги разделува луѓето и народите, против сите видови неправди; ние веруваме во подобра и во посветла иднина. Во екот на грчката граѓанска војна во 1948 година, триесет и осум илјади деца беа евакуирани од нивните домови во планините во Северна Грција. Грчката Комунистичка партија пресели половина од нив во сиропиталиштата во Источна Европа, додека нивните противници во националната влада ги сместија останатите во детски домови во други места во Грција. Точка на расправијата за време на Студената војна, оваа контроверзна епизода продолжува да ги подгрева тензиите помеѓу Грците и Македонците и во самото грчко општество. Лоринг М. Данфорт и Рики Ван Бошотен за прв пат овде презентираат сеопфатна студија за двете програми за евакуација и животите на децата кои што тие засекогаш ги трансформирале. Собирајќи архивски записи, усни истории и податоци од етнографска теренска работа, авторите го анализираат процесот на евакуација, политичкиот конфликт околу него, воспитувањето на децата и нивните судбини како возрасни кои биле одвоени од нивните родители и нивната татковина. Тие, исто така, им даваат можност да се изјаснат на седум деца-бегалци кои со горчина ги раскажуваат своите искуства од детството и херојските напори за изградба на нови животи во заедниците на дијаспората низ целиот свет. Еден многу потребен коректив на претходните историски извештаи, Децата од грчката Гараѓанска војна, исто така, бара испитување на трајните ефекти на раселувањето врз животот на децата бегалци. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |