Македонски легенди

Методија Митевски – Брицо

Животниот пат на истакнатиот македонски политичар и учесник во НОБ чиј брз политички подем заврши под неразјаснети околности кои и денес будат сомнежи во јавноста

Портрет на Методија Митевски - Брицо генериран со ВИ
Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Методија Митевски Брицо (15. IV 1924  ― 1962 ) е македонски револуционер, учесник во НОБ. Во периодот по ослободувањето брзо напредувал во политичка кариера. Бил државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Во 1962 година го загубил животот под неразјаснети околности.

Методија Митевски Брицо  е роден на 15 април 1924 година во Царево Село (денешно Делчево), од татко Зафир и мајка Зуица. Потекнувал од сиромашно семејство. Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, прогимназија и гимназија до седми клас во Штип, а осмиот клас и матура во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Правен факултет завршил во Скопје.

Во Штип, Брицо се дружел со Ванчо Прке, Ацо Шопов и други младинци, и се приклучил на СКОЈ. По окупацијата активно се вклучил во агитација меѓу месното население зза потребата од кревање на вооружено востание против фашистичките окупатори. По налог Окружниот комитет на КПЈ заминал во Горна Џумаја со задача да воспостави врски со тамошното движење на отпорот против фашизмот.

Во комунистичката партија на Македонија бил примен во 1943 година. Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец претседател на Штипската и Малешевската околија. Бил и секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Од главниот штаб на НОВ и ПОМ добил задача да го придружува стариот гемиџија, револуционерот Павел Шатев, кој држел митинзи низ населените места.

Во периодот по ослободувањето Брицо брзо напредувал во политичка кариера. Бил на партиски и државни раководни функции во Делчево, Берово, Штип и Битола, потоа на високи функции во владата на Македонија. Во 1960 година бил наименуван за државен секретар по замјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Полит-бирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија.

Брицо за својата активност бил носител на повеќе ордени меѓу кои: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единство од II ред.

Методија Митевски Брицо трагично го загубил животот на 17 септември 1962 година, под неразјаснети околности. Официјалната верзија е дека се удавил во несреќен случај во водите на Охридското езеро, но се појавиле шпекуалации и сомнежи за вистината за неговата смрт.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top