Историја

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север

По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата.

Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните месеци, претставува период во кој започнал прогонот на левите сили – КПГ, ЕЛАС, ЕАМ и други. Прогонот бил организиран преку новоформираната грчка власт, со силно британско политичко и воено присуство во земјата.

Резултатите од теророт во периодот од 12 февруари 1945 до 31 март 1946 година биле објавени во извештај подготвен од Централната комисија на ЕАМ. Извештајот го поднел Михалис Киркос пред Комисијата на специјалните набљудувачи на ОН.

Во него биле регистрирани:

  • 1.284 стрелани
  • 6.681 ранети
  • 31.632 интернирани
  • 34.931 уапсени
  • 151 исчезнати
  • 165 силувани
  • околу 500 други граѓани прогонувани по различни основи.

За историјата треба да се забележи и дека извештајот на ЕАМ бил напишан на француски јазик од Октав Мерлие, управител на Францускиот институт во Атина во 1945 година.
(Види: Тасос Вурнас, Атина, 1981/32.)

Во овој период британското воено присуство во Грција било значително. Според наведениот извор, во Солун биле концентрирани околу 80.000 луѓе, со голем број моторни возила, тенкови и артилерија, додека на аеродромот во Серес се наоѓале околу 200 британски ловечки авиони и 60 бомбардери.

Развојот на силите на владината армија до 1946 година

До почетокот на јули 1946 година владините воени сили биле организирани во четири дивизии:

  • 8-та дивизија во Јанина;
  • 15-та дивизија во Кожани;
  • 10-та дивизија во Солун;
  • 7-та дивизија во Кавала.

Вкупната сила на владината војска до јули 1946 година изнесувала околу 104.000 припадници, од кои околу 45.000 биле во пешадијата, организирани во 80 пешадиски баталјони.

Американското влијание и јакнењето на владините сили

Во текот на 1946 и 1947 година западното влијание врз развојот на состојбите во Грција дополнително се засилило. Земјата станала важна точка во судирот меѓу западниот и советскиот блок, а со тоа и едно од првите жаришта на Студената војна.

Во февруари 1947 година Велика Британија ја известила Владата на САД дека, поради економски причини, од 31 март повеќе нема да може да ја продолжи дотогашната помош за Грција. Во Вашингтон било оценето дека повлекувањето на Британија може да доведе до значително зајакнување на советското влијание во регионот.

Следувало зголемено американско политичко, економско и воено присуство. На 12 март 1947 година, американскиот претседател Хари Труман пред Конгресот ја изложил политиката што ќе стане позната како „Труманова доктрина“, со која САД најавиле поддршка за Грција и Турција.

Грција добила финансиска и воена помош, како и современа опрема за владината армија. Во земјата пристигнала и американска воена советодавна мисија, во која значајна улога имал генералот Џејмс Ван Флит.

Во текот на Граѓанската војна неговото име станало тесно поврзано со реорганизацијата и јакнењето на грчката владина армија. Во завршните операции на Вичо и Грамос, во август 1949 година, Демократската армија на Грција (ДАГ) била поразена, а нејзините преостанати сили се повлекле преку границата кон Албанија.

Припадниците на владините сили во дел од народот биле нарекувани и „бурандарес“, назив поврзан со Костас Бурандас, командант на единици во Атина во времето на германската окупација.

А каде се Македонците во оваа историја?

Токму тука се отвора едно од најважните прашања за нас.

Во голем дел од приказите за историјата на ДАГ Македонците или се споменуваат маргинално или нивната улога не е соодветно обработена, иако македонското население од Егејска Македонија имало значајно учество во борбата.

Затоа историјата на Граѓанската војна во Грција не може да се разгледува само низ односите меѓу КПГ, грчката десница, Велика Британија, САД и Советскиот Сојуз. Таа мора да се разгледува и низ трагедијата на Македонците од Егејска Македонија, кои платиле огромна човечка цена.

Од македонска гледна точка, мора да се постави прашањето: каде бил македонскиот политички субјект кога големите сили и грчките политички фактори ја определувале иднината на регионот?

Одговорот е тежок – Македонците во Грција не успеале да се наметнат како самостоен политички фактор што рамноправно ќе одлучува за сопствената судбина.

Историската одлука за вооружена борба

Еден од клучните моменти во историјата на ДАГ е одлуката на Вториот пленум на ЦК на КПГ за преминување кон вооружена борба.

На 31 март 1946 година, со нападот врз жандармериската станица во Литохоро, започнала новата вооружена фаза на конфликтот, која ќе прерасне во Граѓанската војна во Грција.

Одлуката и денес е предмет на историски анализи и спротивставени оценки. Едни ја сметаат за неизбежна последица на прогонот по Варкиза, а други за крупна политичка и стратешка грешка.

Но за Македонците останува уште потешко прашање:

Дали ние Македонците во овие договори и одлуки бевме вистински политички фактор?

Одговорот е – НЕ.

Зошто?

Затоа што до тој момент Македонците во Грција не успеале да се изборат за положба на самостоен и рамноправен политички субјект кој сам ќе одлучува за својата национална иднина.

Токму затоа, кога денес ја разгледуваме оваа историја, мора да ги согледаме и сопствените политички грешки, заблуди и трагични последици. Особено болно останува прашањето за македонските деца што во текот на Граѓанската војна биле одведени од своите родни места и распрснати низ повеќе земји.

Историјата на ДАГ затоа не е само историја на една граѓанска војна. За Македонците од Егејска Македонија таа е историја на борба, надеж, прогонство, разделени семејства и загубени родни огништа.

Најново од: Историја

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Македонски историски календар: 9 септември 1944 година

9 септември 1944 – Политички пресврт со значајни последици за Македонците во Пиринска Македонија Во последните месеци од Втората светска војна дошло до големи промени на Балканот. На 5 септември 1944 година Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Бугарија, а советската армија започнала да навлегува на нејзината територија. Во ноќта меѓу 8 и 9 септември, […]

Граник – првата битка на Александар Македонски против војската на Дариј во Персија

Кога командниот брод на Александар Македонски се приближил до тројанскиот брег, тој во средината на Дарданелите им принел жртви на морските божества Посејдон, Амфитрита и Нереидите. Кога дошол блиску до брегот, скокнал во водата со целиот оклоп, го забодел копјето во песочната плажа и извикал дека од боговите ја добил Азија како „земја освоена со […]

Македонија и решенијата на Санстефанскиот договор и Берлинскиот конгрес

Санстефанскиот договор и решенијата на Берлинскиот конгрес од 1878 година не донеле ослободување за Македонија. Напротив, тие ја претвориле во предмет на судир меѓу големите сили и соседните балкански држави, чии владејачки кругови настојувале да ги остварат своите територијални претензии на сметка на македонскиот народ. Може да се каже дека оружените акции на српските и […]

Преспа по поделбата

Првата балканска војна и поделбата на Македонија Првата балканска војна се приближувала кон својот крај. Српската војска се наоѓала во Битола, а грчката пред Лерин. На 27 октомври 1912 година српски артилериски гранати експлодирале над Ѓавато, еден од главните премини за повлекување на турскиот аскер од Битола кон Албанија. Турската војска веќе се повлекувала од […]

To top