Дијаспора

ТЕШКИ ОКУПАТОРСКИ И ПОВОЕНИ ВРЕМИЊА ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ (12)

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Америка отсекогаш била „ветената земја“ за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни.

Процесот на доселување непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. Во овој долг период на доселување, ако Њујорк станал центарот за Евреите и Италијанците, Лос Анџелес за Кинезите, Чикаго за многу народи и нации, тогаш Детроит е средиштето на Македонците од сите делови на Македонија.

Во Детроит живееше и дедото на Светле Стамевски, Крсте, за потоа да се досели целото семејство. Инаку, Детроит е центарот на автомобилската индустрија и на други важни компании, затоа и станал „мека“ за Македонците, особено од тетовскиот крај. Најголем број нашинци нашле сигурна егзистенција токму во автомобилските компании, а одреден број, особено доселениците од Тетовско, отвориле фурни, ресторани, слаткарници, дуќани и средни индустриски капацитети, во кои работат голем број доселеници од Македонија и пошироко од Балканот.

Честопати се вели дека Америка е земјата на бизнисот и религијата. Тоа се потврдува со фактот што на тие богати простори век векуваат еден крај друг многубројни народи и нации од сите расни групи, со различни религии и од сите континенти во светот. Меѓу нив, значајно место имаат и Македонците, кои ги уживаат сите права и слободи за развивање на своите национални чувства, на својата култура, религија и на сè она што го донеле и го чуваат од етничка Македонија и ја карактеризира нивната самостојност и самобитност.

Во минатото Македонците на северноамериканскиот континент биле во поподредена положба во споредба со емиграцијата на соседните земји на Балканот. Затоа биле постојана цел на туѓите пропаганди. Соседните земји, со своите освојувачки и асимилаторски апетити, настојувале со сите сили и перфидни средства да ги придобијат и да се наметнат на неорганизираните Македонци, со цел да ја деформираат и да ја потиснат нивната национална свест.

Така, заразени од туѓите пропаганди, за жал, како религиозни луѓе, некои се приклучиле кон (про)бугарски, (про)српски, (про)грчки православни цркви и други организации и клубови.

Детроит

Светле Стамевски ме информира дека кога печалбарот Крсте се вратил од Америка во селото Одри, почнала Втората светска војна. Во тие услови тој не можел да се врати назад во Детроит. Што касмет ќе да имаше човеков. Сите војни да ги војува. Се вклучува во ослободителното движење. Се вклучува во борбата за ослободување на Македонија. Го храни целиот шарски одред.

Меѓутоа, зарем има куртулувачка од шпиони, од кодоши и доушници. Го снимиле и го предале на бугарскиот окупатор. Набргу е фатен, тешко мачен, тепан, малтретиран и, на крајот, по итна постапка осуден на смрт со стрелање, и тоа од автомат. Двајца негови другари веќе му биле стрелани од фашистите.

Но, и тука имал касмет. Во последен момент, пред да биде егзекутиран, му доаѓа патрола во Доброшката кланица за да проверела како се работи таму. Кога го видел началникот дедото Крсте, како е модар како слива, целиот облеан во крв и скршен од ќотек, го прашал бугарскиот чиновник што ли сторил тој човек.

„Ги храни партизаните и Албанците. Ги храни шумкарите“, му одговорил тој.

Слегол од моторот началникот, пришол до дедото и го прашал како се вика. Овој му рекол дека се вика Крсте.

„Па ти си земјоделец, ние тебе те познаваме“, возвратил униформираниот, „и зошто тоа не им го кажа на овие?“, му рекол.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Најнови вести

To top