Историја

Границата меѓу Бугарија и Турција во Македонија според меѓународниот договор од 20 септември 1879 година

(20 септември 1879 година)

По Берлинскиот конгрес и редефинирањето на политичката карта на Балканот, големите сили и Османлиската Империја пристапиле кон прецизно утврдување на новите државни граници.

Еден од документите што има особено значење за македонската историја е Актот од 20 септември 1879 година, во кој детално е опишана границата помеѓу Кнежевството Бугарија и Османлиската Империја (Турција) на просторот на Македонија.

Член 6

Од Манчу, точка сместена помеѓу Сиври -Тач и Кадри -Тепе, каде што границата помеѓу  Бугарија и Источна Румелија се спојува, во согласност со актот од 14 август о.г., со главниот гребен на Родопите обележан на австриската карта како граница на стариот санџак на Софија, јужната граница на Бугарија, одејќи право кон југ, ја следи преку главната верига на Родопите јасно означената линија за поделбата на водите помеѓу басените Места-Карасу (Рополница и Граничар) од една страна, и Искар од друга, преку Ручкаја-Чал и Налбант; во висина на Курџалак, таа го зема правецот кон запад преку Чабирна и Демир-Капија се’ до Кидиница Гора, каде што скршнува кон ју-гозапад, па преку Коџа-Корица-Гора доаѓа до Ај-Гедик (врв на планината)…

Таму таа повторно скршнува кон запад и следејќи ја линијата за поделба на водите помеѓу басените на Рилска Река и Бистрица Река, притоки на Струма-Карасу, таа доаѓа кај потпорниот ѕид  на Воденица Планина до врвовите на Мрџик-Тепе, Кадиица, Маркова Скала, Царев Врв, Мусовра, Дерезлица, Кирело и Фетир. Таа на Бугарија и’ го остава Рилскиот манастир и селата Пастра, Рилосело и Истоп, а на Турција селата Бистрица и Добрава и градот Џумаја.

На 2.300 м, југоисточно од Бараково (Баракли) границата ја напушта делбената линија за да се спушти кон Рилска Река преку нагласениот гребен на вториот потпорен ѕид источно од Бараково… Оваа линија скоро да го дели грото на поседите на Бараково оставени на Турција од една страна и на Параминово (Паромин) оставени на Бугарија, од друга.

Границата потоа се спушта на патот по долината на Рилска Река се’ до нејзината утока со Струма и свртувајќи на север, оди по текот на Струма се’ до 600 м на оваа утока кон запад во долот кој ги дели селата Текија (Јелешница) што и припаѓаат на Бугарија и Бучино што и‘ припаѓа на Турција. Преку горниот дел на тој дел таа доаѓа до врвот Чордак-Камик; Потоа по гребенот на Влаина, јужно од Бучино; тој басен во целост заедно со селата Лисија, Дреново, Клисура и’ останува на Турција; наспроти тоа, територијата на Фрохопл и Червеница и’ останува на Бугарија.

Преку Гора Ерсејковица и Гора Дирнберица границата доаѓа до веригата на Голема Планина до врвот Синианова Чука (што одговара на Гитка на австриската карта). На оваа верига која ги дели водите на Јелешница од оние на Саса-Дере што се вливаат во Брегалница, таа сукцесивно врви накај Гора Планина, расфрланите куќи на Ветрен, Стервиж Врв, врвовите Жива Кобила, Стибаница, Куцулиница, Јадропаница, Балтајница и Руен, оставајќи и’ ги на југ на Турција селата Косевица, Млаштица и Саса.

Од Руен границата се спушта и понатаму, следејќи го општиот правец југоисток кон северозапад, кон патот од Ќустендил за Егри Паланка преку делбената линија помеѓу водите на Лепница од една страна и оние на Крива Река, притока на Егри-Дере, од друга; таму таа доаѓа до врвовите на Сака-Баши, Бождерица и Бачевица.

Таа го сече горенаведениот голем пат кај караулата Дере-Багдар, која се наоѓа на котата 1247 од австриската карта, се качува понатаму кон север и следејќи ја вододелницата, минува по врвовите на Могилер, Сдранхофер, Трново, Сузрана и оставајќи и’ ги на Бугарија селата Каменица, Ѓуешево, Скакавица, Раници, Пеколница, Червен Дол, Коприва, Бабечено, Черешново и целиот басен на Покрива Река со селата Жеравино, Голеш и Караманица. Селата Жедуло, Радилиско, Фурпач, Медош, Сурсера, Луки и’ остануваат на Турција. Кај Бабина Полјана, демаркационата линија поминува преку врвовите Гулемиј-Врв-Гора и Вило-Коло, оставајќи и’ ги на Бугарија селата Доганица и Дукат, а на Турција Пролиесие и Червен Град, и 4 км јужно од Црн Врв доаѓа до Гора-Патарица, место на составувањето на бугарско-турската, турско-српската и српско-бугарската граница, на изворите Суга – Лубата на исток и Орличка на запад.

Член 8

Границата помеѓу Манчу и Гора-Патарица е нанесена во размер 1/42000 на скица изготвена според руски карти и мерења, извршени специјално за комисијата од страна на англиски службеници, а која ќе биде дадена во прилог на овој акт за да биде консултирана, доколку се укаже потреба како објаснувачки документ.

Гореприведената скица ја прикажува, освен тоа, областа помеѓу Чам-Куру и Манчу и на тој начин ја комплетира скицата приложена кон Актот од 14 август, кој се однесува на границата помеѓу Бугарија и Источна  Румелија…

Македонија во меѓународните договори…,  стр. 238-240;

Г.Е. Норадоунгхиан, Рецеуел д’Ацтес Интернатионаух, Т.ИВ, п.238-240;

Документи за борбата …, т.И, док.178, стр. 239- 242;

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top