Историја

Историски документ од Белград од 1872 година: Македонците наведени како посебен народ одделно од Србите и Бугарите

Насловна фотографија: Колаж од страниците на учебникот од 1872 година со означените зборови „Срби, Македонци и Бугари“, во комбинација со стара фотографија од Битола од крајот на XIX век.

Овој документ од XIX век вреди да го прочитаат Румен Радев, Венко Филипче, но и членовите на македонско-бугарската историска комисија – можеби архивските извори ќе им помогнат подобро да ја разберат историската реалност за постоењето на Македонците како посебен народ.

Во време кога често се отвораат расправи за националниот идентитет на Македонците, интересни сведоштва нудат токму старите историски извори. Еден таков документ е учебникот „Земљопис Србије и Турске за основне српске школе“, издаден во Белград во 1872 година и одобрен од тогашната школска комисија на Кнежевина Србија.

Во делот што се однесува на населението во европскиот дел на Отоманската Империја, авторот наведува дека меѓу словенските народи живеат „Срби, Македонци и Бугари“, јасно издвојувајќи ги како посебни народносни групи.

Особено е значајно што во текстот стои:

Делот над насловот „Народ“ гласи:

„на Драч, Елбасан, Охрид, Битола, Воден, Солун.

на Валона, Белград (Арнаутски), Горица, Костур, Солун итн.“

Во современ македонски јазик:

„во Драч, Елбасан, Охрид, Битола, Воден и Солун.

во Валона, Белград (Арнаутски), Горица, Костур, Солун итн.“

Народ

Народот во Турското Царство е разновиден. Најмногу има Словени, кои ја заземаат речиси целата земја, освен некои помали области. Од Сава и Дунав на север, па до Мраморното и Белото Море и до Грција на југ, и од Црното Море на исток до Јадранското Море на запад – насекаде живеат Словени, само што на некои места се измешани со туѓинци или самите се одродиле.

Тие Словени се: Срби, Македонци и Бугари, и се распоредени вака.

Како што земјата е поделена со главните планини на четири дела, и тоа на северна и јужна половина, а секоја од нив на источна и западна, така и народот во тие делови е населен еден до друг.

Целиот северозападен крај го населуваат Србите. На север нивна граница се Сава и делумно Дунав, на исток Стара Планина, на југ Шар Планина, а на запад Јадранското Море.

Североисточниот крај го населуваат Бугарите, а нивните граници се: на север Дунав, на исток Црното Море, на југ Мраморното Море и делумно Белото Море, а на запад Стара Планина и Родопите.

Јужниот дел го населуваат Македонците, кои се потомци на најстарите Словени и живееле во Тракија уште пред Христа. Нив ги ограничуваат на север Шар Планина, на исток Родопите, на југ Белото Море и Тесалија, а на запад Епир и Албанија.

Освен Словените, има уште Грци, Арнаути (Албанци) и Турци. Грците се на југ од Македонија и Албанија, но се многу измешани со Македонците и делумно со Арнаутите; Арнаутите се од Епир долж Јадранското Море до Скадар, а на исток се измешани со Македонците и Србите; Турците се наоѓаат насекаде по градовите, а понекаде и по селата, а најмногу ги има во Тракија и Бугарија. Нив ги има малку, но тие се господари.

По одделни земји, овие народи се распоредени вака:

  • Во Бугарија живеат Бугари меѓу Дунав и Балканот;
  • Во Тракија се измешани Бугари, Македонци, Грци и Турци, меѓу Балканот и Мраморното и Белото Море;
  • Во Македонија живеат Македонци, нешто измешани со Грци по градовите;
  • Во Тесалија живеат Грци измешани со Македонци;
  • Во Епир живеат Грци измешани со Арнаути (Албанци).

Оваа страница е особено интересна бидејќи авторот јасно ги наведува Македонците како посебен словенски народ, одделно од Србите и Бугарите, и ја опишува Македонија како земја населена со Македонци, со прецизно наведени географски граници.

Овие формулации се особено интересни затоа што доаѓаат од официјален српски образовен материјал наменет за основните училишта, објавен неколку децении пред балканските војни и пред поделбата на Македонија.

Историчарите често посочуваат дека ваквите документи се важни за разбирање на начинот на кој народите биле перципирани во различни историски периоди. Тие претставуваат сведоштва за тогашните етнографски и географски сфаќања, без разлика на подоцнежните политички толкувања.

Фактот што во српски учебник од XIX век Македонците се наведени како посебен народ покрај Србите, Грците и Бугарите претставува историски извор кој денес привлекува внимание кај истражувачите на балканската историја и националните движења.

Историјата не се пишува со дневнополитички изјави, туку со документи. А ваквите документи остануваат трајни сведоштва за тоа како современиците ги гледале народите на Балканот во своето време.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top