Историја

Македонскиот јазик признат во американски дикументи од 1919 година

Архивски документ на американската Служба за имиграција сведочи: „Сите тие зборуваат македонски“

Историските архиви чуваат бројни сведоштва за постоењето и употребата на македонскиот јазик многу пред неговата официјална кодификација во 1945 година. Еден таков значаен документ потекнува од 26 април 1919 година и е издаден од Службата за имиграција при Министерството за труд на Соединетите Американски Држави во Њујорк.

Станува збор за службено писмо испратено од вршителот на должноста главен инспектор Ф. С. Пирс до Едвин С. Пулер, началник на Канцеларијата за надворешни дозволи при Стејт департментот во Вашингтон.

Во документот се разгледуваат неколку случаи на лица кои поседувале грчки пасоши, меѓу кои Никола Наум, Џорџ Наум, Христо Наум, Константин Стотевис, Стевица Илијас, Велија Константин и Лисаден Кулман.

По спроведените интервјуа од страна на американските имиграциски власти било утврдено дека лицата речиси и не зборуваат грчки јазик. Во извештајот дословно се наведува:

„Тие зборуваат малку српски, но сите зборуваат македонски.“

Оваа реченица, јасно подвлечена во самиот документ, претставува значајно историско сведоштво дека американските власти уште во 1919 година го регистрирале македонскиот јазик како посебен јазик што го зборувале овие иселеници.

Во продолжение на извештајот се наведува дека постоеле сериозни сомнежи за злоупотреби при издавањето грчки пасоши. Инспекторот Пирс пишува дека многу од лицата кои биле заведени како Грци всушност биле Македонци и Бугари кои не зборувале грчки јазик.

Тој исто така изразува сомнеж за корупција и мито во постапките за добивање пасоши, наведувајќи дека американската влада може да биде доведена во заблуда поради „платеничките мотиви на некои грчки функционери“. Поради тоа предлага сите вакви случаи да бидат дополнително разгледувани од надлежното министерство.

Овој документ претставува уште едно вредно архивско сведоштво за постоењето на македонскиот јазик и за неговото препознавање од страна на меѓународни институции уште во почетокот на XX век. Особено е значајно што станува збор за официјален документ на американска државна институција, во кој терминот „Macedonian“ е употребен недвосмислено и без дополнителни објаснувања.

Во поширокиот историски контекст, ваквите архивски извори се надоврзуваат на бројни други сведоштва од странски дипломати, научници, патеписци и државни институции кои во своите записи ги споменуваат Македонците и македонскиот јазик како посебна етничка и јазична реалност на Балканот.

Благодарност до ОМО „Илинден“ – Пирин за објавувањето и зачувувањето на овој значаен историски документ.

Благодарност до ОМО „Илинден“ – Пирин за објавувањето и зачувувањето на овој значаен историски документ.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top