Историја
Среда, 31 Јули 2013 03:02   
Смилевски конгрес

smilevski-kongresСмилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт се уште не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридскиот располагал само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание, несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2013 03:01   
„Прв востанички округ - Битолски“

dame-gruev-240На празникот св. Илија во Смилево со 200 востаници влегол Главниот штаб. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети. На 3 август Генералштабот наредил евакуација на целото население кое не било способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2013 03:00   
„Втор востанички округ - Кожув“

200px-Apostolvojvoda-240Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јули 2013 03:00   
„Трет востанички округ - Беласица“

240px-Krastyo_Asenov_Sliven_IMAROНа 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:03   
Подготовки за Илинденското востание

ilindenso-vostanie-2009-01-240Гарванов откако се вратил од Софија, Централниот комитет ги известил сите свои раководители на реони дека:

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:01   
Илинденско востание

Ilinden-Preobrazhenie-proclamation-240Илинденското востание било востание на македонскиот народ  против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание и избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), кој донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, 2 август 1903 година (нов стил).

Повеќе...
 
Среда, 17 Јули 2013 03:02   
Крвава зеленичка свадба

zelnicka-krvava-svadba-240Нападот на селото Зеленич се случил во токот на 1904 године и е познат како Крвава зеленичка свадба. Овој напад е првото воружено насилство врз невиното селско население. Повод за нападот била свадбата на внуката на егзархискииот свештеник од селото.

Повеќе...
 
Среда, 10 Јули 2013 03:01   
Борби со Српското четничко движење

800px-Micko_Krstev_Jovan_Dovezenski-240Првата српска чета била формирана по Мајскиот преврат од страна на Милорад, Васе Јовановиќ и Лука Ѓеловиќ. За војвода на оваа чета бил поставен Илија Славе, а за негов помошник бил назначен Ангелко Алексиќ кој бил со потекло од Гостиварско.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јули 2013 03:34   
Момент кој треба да биде познат при определување на позадината на спорот за името

bukureski-dogovor-240Еден од најважните моменти кои треба да бидат познати при определување на позадината на спорот за името лежи токму во периодот кога се потпишува Букурешкиот договор. Од Берлинскиот конгрес до Првата Светска Војна, македонското прашање претставува најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочува Османлиската Империја и Големите Сили. Всушност, самиот тој настанува тогаш кога Големите Сили настојуваат да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 26 Јуни 2013 03:00   
Македонците и ножот

persian1-240Историски, појавата на ножот кај нас е слична како и кај другите подрачја на светот, т.е уште во палеолитот кога бил обична плочка од кремен или пак од коска а за што пак има обилие од вакви наоди од археолошките локалитеити кај нас. Во време на енолитот, ножот добива издолжен облик и поостро сечиво. Во периодот на неолитот се јавува бакарниот нож, а нешто подоцна бронзениот и железниот, што исто така верно го следат и докажуваат наодите од ваквите типови ножеви по соодветно перодичните локалитети во Македонија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.