Коментари
Среда, 27 Декември 2017 04:06   
Секогаш, постојат незадоволни „џуџиња“ кои немаат “големо срце“

mane2
Мане Јаковлески

Христијан Мицкоски мора да ја врати светлината во секој македонски дом во 2018 г.

Измина уште една турбулентна година на македонската политичката сцена, полна со изненадувања. По минатогодишната украдена победа на паламентарните избори, ВМРО ДПМНЕ оваа година ги изгуби и локалните избори. По доаѓањето на власт врхушката на СДСМ, почна со апсење на секој македонски патриот кој ќе им се испречи во распродажбата на македонските национални интереси. Чуствувајќи одговорност, од морални причини сега веќе екс лидерот Никола Груевски си даде неоповиклива оставка, а него го замени генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше избран на вонредниот конгрес на партијата одржан на 23 декември во Валандово.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:05   
Дали внукот на починатиот романски крал Михаил I може да и помогне на Македонија?

makedonska-nacija-logo-90
Македонска нација

Освен Србија, сите балкански држави кои во минатото беа монархии и на чело на државата имаа кралеви или цареви поврзани со европските кралски семејства, денес се членки на ЕУ или на НАТО. Единствено Македонија, која во поновата историја на чело на државата немала крал, не само што е попречена во своите напори да стане дел од ЕУ или НАТО, туку се соочува со губење на името и идентитетот на македонскиот народ, односно со губење на државата.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:04   
ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА БЕЗ НИКАКВИ ДОДАВКИ. АМИН!

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

СДСМ да се укине како Партија во Македонија ... што побргу, толку поубаво.

Едвај чекаа да дојдат на власт па си ги покажаа роговите. Но овојпат не знаат дали се свесни каква ортома си ставија. Македонскиот народ никогаш повеќе нема да им даде ни најмала шанса. Ако се крстат во Бејли и Америка, ќе мора да се соочат со илузии и самолажење, затоа што доаѓаат на сцена Русите и Кинезите.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:02   
Победата на Мицковски е без преседан

jasmina-gj
Јасмина Ѓорѓиевска

Новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран со акламација и изборот е ратификуван од општото членство. Избирачите ја остварија алхемијата на повторното откривање на надежта и довербата.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:01   
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не' има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно и дома и во светот!

СМК потсетува дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и Македонците по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да го известат со нота на Генералниот секретар на Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за разликата за името на државата и идентитетот на нацијата, и да упатат Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се' уште траат.

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да објават, дека отфрлаат референдум, амандмани на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија не излезе од поранешна СФРЈ за да се фрли во прегратките на Софија или на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, која врз основниот принцип на меѓународното право - еднаква сувереност - со сите во светот ќе соработува!

СМК укажува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се демократија, слобода на мислата и слобода на јавно изразување на мислата и уверувањето, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Македонскиот народ, Македонците во светот, никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Тие што ќе прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е ќе одговараат пред судот на правдата, историјата и народот, со доживотен затвор и конфискација!

Македонскиот народ, Македонците во светот, макар и еднострано декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК предлага историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: меѓусебно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа, и немешање во внатрешните работи на суверените држави!

 

 
Среда, 20 Декември 2017 04:05   
Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена

svekrva
Свекрва

Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена.

Во режија на „демократската влада“ на премиерот Зоран Заев и центрите на моќ, пречките се остранети и процесот е отпочнат. Со воспоставена динамика, се спроведува сценариото. Терористите се пуштени на слобода, а нивните места во затворот ги пополнија најгласните противници на промена на името - македонските патриоти.

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:04   
Интерпелација во Бугарското народно собрание против македонските „братоубиства“

makedonska-nacija-logo-90
Македонска нација

„Додека во поробена Македонија (Македонија под грчка и српска власт) од 1919 година до денес убиените Македонци од српската и грчка диктатура - во спроведувањето на својата денационализаторска политика - наедно со жртвите од Трлис, Бутим (села во Егејска Македонија) и Гарван (село во Вардарска Македонија) не поминуваат 254 души, во „слободна" Македонија и Бугарија се убиени 2300 души.“ – се вели во интерпелацијата од 2 XI 1932 г., поднесена од народните пратеници Алексо Мартулков, Трајко Христов и Стамат Иванов преку Бугарското народно собрание до тогашниот бугарски министер за внатрешни работи.

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:03   
Куранот вели дека муслиманите ќе опстанат ако се фатат во сојуз со православните

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Ако Црпко и Бејли мислат дека се недопирливи и невидливи, одговорот е Ердоган

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:02   
НЕУСТАВНО Е СОБРАНИЕТО СО РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР ДА ГО СУСПЕНДИРА УСТАВОТ!

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

18 декември 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на Талат Џафери за ТВ АЛСАТ-М од 15 декември 2017 година, за рартификација на меѓународен договор во Собранието со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК потсетува дека Собранието не може со ратификација на меѓународен договор да го суспендира Уставот!

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:02   
Научно патување на етнографот А. Стоилов во Серско

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Етнографот на Втората бугарска армија патувал Антон Поп Стоилов Ников  (15.II 1869 – 9. VIII 1928), по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна патувал низ Охрид, Скопје, Велес, Крива Паланка, Серско и Драмско во потрага по историски и етнографски споменици со кои требал да го покаже бугарскиот карактар на Македонија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.