|
||||
Македонија со ВМРО-ДПМНЕ се гради, модернизира и трансформира |
Викторија Андоновска Македонија со ВМРО-ДПМНЕ започна инфраструктурно да се развива, модернизира и трансформира, изјави Викторија Андоновска, потенцирајќи дека инвестициите во патната инфраструктура се врвен приоритет на партијата. Андоновска нагласи дека проектите веќе не остануваат само на хартија, туку се реализираат на терен. Како доказ за тоа, таа го посочи пуштањето во употреба на експресниот пат Страцин–Крива Паланка со должина од 25,5 километри и вредност од околу 100 милиони евра. Во јуни беше пуштена во употреба делницата Фариш–Дреново, со што целосно се комплетира делницата Градско–Фариш и се доби целина од 26 километри експресен пат на Коридорот 10д. По речиси една деценија застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ пушти во употреба и две делници од автопатот Кичево–Охрид: Врбјани–Ботун (20 километри) и Климештани–Охрид (17 километри). „Во рок од само два месеци пуштивме за сообраќај повеќе од половина од целиот автопат, а до крајот на наредната година ќе биде завршен во целост,“ истакна Андоновска. Паралелно, се работи на изградбата на делницата Тетово–Гостивар–Букојчани (48 км) како дел од Коридорот 8, како и на автопатот Прилеп–Битола (39,3 км) во рамки на Коридорот 10д. Овие проекти, според Андоновска, се од витално значење за трговијата, безбедноста и идниот развој на државата. „За реализација на вакви капитални проекти потребни се визија, ангажираност, професионалност и истрајност. Македонија се гради чекор по чекор, делница по делница, проект по проект. Со ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе стане лидер во инфраструктурата во регионот. Продолжуваме заедно за модерна, поврзана и напредна држава,“ порача Андоновска. |