|
||||
19 Октомври е денот кога народот ќе ја исправи неправдата! |
Локалните избори на 19 октомври нема да бидат обични избори. Тие ќе бидат народен референдум за чесност, одговорност и љубов кон Македонија. 19 октомври ќе биде ден кога народот ќе каже: „Доста беше СДС!“, „Доста беше од ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ!“ доста од лаги, од криминал, од понижување. 19 октомври ќе биде ден кога ќе победи разумот, трудот и народната волја, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие заслужената поддршка од мнозинството граѓани. Последните анкети се повеќе од јасни: односот е 4:1, а во некои општини и повеќе во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Народот препозна дека оваа партија не зборува само за промени, таа ги прави. Додека СДС, Заев и Филипче ветуваат и го лажат народот, како многупати до сега, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работаат. Додека СДС градеше со зборови и на хартија, ВМРО-ДПМНЕ гради на терен. И затоа разликата во довербата денес е огромна, затоа што луѓето гледаат кој е со нив, а кој против нив. СДСМ остави зад себе празни ветувања и разурната држава. Се сеќава народот, ветуваа живот, а донесоа скапа струја, поскап бензин и рекордна сиромаштија. Ветуваа правда, а гледавме неспособност, непотизам и систем што им служеше само на своите. Ветуваа европска иднина, а го продадоа името на државата и со тоа го повредија достоинството на секој Македонец. Додека луѓето едвај ги плаќаа сметките, тие делеа тендери. Додека младите си заминуваа, тие вработуваа нивни роднини. Додека земјата се гушеше во корупција, тие зборуваа за „нови лица“, а позади нив стоеја истите стари сенки, истите бизниси, истата алчност. Народот не заборава. Народот гледа и знае, кој гради, а кој руши. Кој служи, а кој користи. ВМРО-ДПМНЕ е симбол на надеж и исправен пат. ВМРО-ДПМНЕ е симбол на враќањето на достоинството. Со чесен пристап, конкретни резултати и јасна визија, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во Македонија може поинаку! Пензиите се зголемени 6000 денари, земјоделците добиваат реална поддршка, инфраструктурата оживува, а општините повторно работат за граѓаните, не за партијата. Во секоја општина каде што владее ВМРО-ДПМНЕ, се гледа разлика, нови улици, училишта, градинки, чисти сметки, реални проекти. Тоа е доказ дека кога се сака и се може. И затоа народот ќе излезе масовно на 19 октомври, да ја потврди таа разлика, да ја награди чесноста и трудот на градоначалниците предложени од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата. Народот нема омраза, има паметење. Народот ниту сака да мрази, ниту да понижува. Но има граница. И кога ќе види како истите тие што ја продадоа државата и го излажаа народот, повторно се шетаат по митинзи и зборуваат за „нова надеж“ и дом, народот се чуди. Се чуди до каде може да оди човечката дрскост, да потцениш народ кој ти даде доверба, а ти ја изневери. Нивниот вистински резултат ќе го видат на 19 октомври, а ќе биде катастрофален за СДС, затоа што народот ќе гласа за иднина, не за минато. На 19 Октомври, ќе победи чесноста, работата и народната волја На 19 Октомври, Македонија ќе стане посилна. На 19 Октомври ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие потврдата дека вистинската сила е во народот, а не во СДС, партијата што заборави што значи држава. Тоа е симболика на една нова енергија, енергијата на луѓето што веруваат, што сакаат, што не се предаваат. 19 октомври ќе биде повеќе од победа на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде победа на народот што одлучи да ја врати Македонија таму каде што ѝ е местото, исправена, горда и достоинствена! |