|
||||
На 19 октомври на локалните избори, СДС и Филипче од граѓаните ќе добијат ЧИСТА НУЛА! |
Кога Венко Филипче вели дека резултатот на ВМРО-ДПМНЕ бил „чиста нула“, тоа е најдобриот доказ дека човекот изгубил контакт со реалноста, тоа е обид за бегство од вистината. Народот не е слеп, народот гледа, знае и памети кој гради, а кој заслужил чиста нула. За само 15 месеци централна власт и 4 години локална власт, ВМРО-ДПМНЕ направи повеќе отколку СДС за цели 7 години власт и многу повеќе, дури нема ниту споредба! Додека СДС ветуваше и го лажеше народот, ВМРО-ДПМНЕ носеше резултати. Додека тие се сликаа на билборди, ВМРО-ДПМНЕ ги држеше и сеуште ги држи машините вклучени на терен. -Во времето на СДС, државата ја задолжија до гуша. -Ги понижија институциите, ги партизираа училиштата, болниците, администрацијата. -Го продадоа името, ја бришеа историјата и се обидоа да ја скршат кичмата на македонскиот народ. -Ги оставија граѓаните без иднина, младите да си заминуваат, старите да живеат со понижени пензии,...Тоа беше нивното „работење“? Тоа е нивната „вистина“? А сега истите тие што ја осакатија државата, се осмелуваат да зборуваат за резултати!? Резултатите на владата на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците се видливи во секој град и во секое населено место. И кога ќе видиш колку многу е направено, а потоа слушнеш некој како Филипче да зборува за „чиста нула“, не можеш а да не се запрашаш: Дали тие луѓе навистина мислат дека народот е наивен? Народот ги гледа разликите: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, кога СДС е на власт се ветува и се краде. Народот многу добро знае кој стои на зборот, а кој се крие позади изговорите. Под ВМРО-ДПМНЕ, Македонија повторно стои исправено. Се враќа достоинството, се враќа вербата и се враќа државата во рацете на народот. Ако за Филипче тоа е „чиста нула“, тогаш тоа зборува само за нивното ниво на ароганција и очај. Оти, кога немаат проекти, ниту резултати, единственото што им останува е да халуцинираат. На 19 октомври народот ќе ја даде својата пресуда со пенкалото, ќе гласа за делата, ќе гласа за бројот 9, а СДС и Филипче од граѓаните ќе добијат ЧИСТА НУЛА!
|