|
||||
Американскиот милијардер со македонско потекло Мајкл Илич препорачува трпеливост и лобирање за актуелниот спор за името меѓу Македонија и Грција |
- Станува збор за тешка политичка ситуација. Треба да се обратиме до луѓето од политиката, да бидеме трпеливи и да работиме макотрпно, да работиме заедно со луѓе кои имаат влијание во Вашингтон, изјави Илич во интервју за „Гласот на Америка“ програма на македонски јазик, на маргините на Конвенцијата на Македонската патриотска организација во Детроит.
На прашањето како може македонската дијаспора да и помогне на Македонија, Илич поаѓајќи од сопственото искуство смета дека „треба да се контактираат вистинските луѓе, кои имаат искуство, луѓето на кои сте им помогнале во текот на животот, луѓе кои ќе одговорат на вашето барање“. Илич кој е сопственик на спортските екипи од професионалните американски хокеарски и безбол лиги, Детроит ред вингс и Детроит ред тајгерс, а планира да ги купи Детроит пистонс, ја остава отворена можноста да инвестира во Македонија. - Можно е. Ако знам повеќе за земјата и што таа нуди. Знаете дека нашиот бизнис е фокусиран во производство, забава, спортот, како и во компании за снабдување со храна, вели Илич во интервјуто за „Гласот на Америка“. |