Среда, 26 Јули 2023    PDF Печати Е-пошта
26 јули 1963, Катастрофален земјотрес го зафати Скопје

zemjotres-skopje

Скопје, 26 јули 1963 година. - Врските со светот се прекинати во 5 часот и 17 минути. Ненајавената стихија сруши градби под кои се гаснат човечки животи. По бучавата во која се губи викот на жртвите, за миг тишина, а потоа се буди ранетиот град. Преживеаните ги бараат блиските, проверуваат дали се живи, се мобилизираат. Секој поддава рака и од урнатините, за кратко време се извлекуваат неколку илјади затрупани.

Веќе во 6 часот и 40 минути во светот испратена е веста: „Катастрофален земјотрес го зафати Скопје, итно испратете санитетски екипи“.  Во 20 часот и 30 минути, од под отворено небо се јавува Радио Скопје. На првите страни и во вонредни изданија светските и југословенските весници известуваат за трагедијата во Скопје. Веќе наредниот ден, со детални информации   излегува весникот „Нова Македонија“, кој е отпечатен во Приштина, бидејќи зградата на весникот е одбележана како опасна.

По првите вести за трагедијата, во градот пристигнаа екипи за спасување од многу градови и места. Меѓу први се рударите од Радуша, Злетово, Косово и др. Во импровизираните болници направени се првите хирушки интервенции. Во 9 часот поставена е воена полска болница, а воените хирурзи започнаа со бројните интервенции. Воспоставен е воздушен мост преку кој се транспортираат повредените за Белград, а полските кујни ги обезбедуваат првите оброци.

Додека земјата продолжува да се тресе, се бараат знаци на живот под урнатините. Таму каде нема знаци на живот, механизацијата ги расчистува урнатините. На крајот од првиот ден податоците говорат за трагичен биланс: 340 загинати од кои само 210 се идентификувани. Првите проценки говорат дека под рушевините се наоѓаат најмалку 10.000 луѓе и дека повеќе од 5.000 лица се потешко или полесно повредени. За крајниот биланс на жртвите, сеуште може само да се претпоставува.

Истиот ден, Извршниот совет на СР Македонија и Собранието на градот ја разгледува новонастанатата состојба и последиците кои ќе се одразат на жителите на главниот град на Македонија, како и итните мерки кои треба да се превземат за ублажување на состојбата. Републичкиот и градскиот штаб за заштита од елементарни непогоди го издаваат и своето прво соопштение во кое се вели:

„Денес во 5 часот и 17 минути Скопје го зафати катастрофален земјотрес со силен интензитет. Првиот удар потполно сруши голем број општествени и станбени згради. Голем број од зградите се тешко руинирани и непогодни за живеење. Под рушевините животот го загубија голем број на граѓани. До 12 часот установени се 300 мртви, а околу 200 тешко и  лесно повредени. Се претпоставува дека бројот на настраданите е поголем.

Веднаш по несреќата почна акција за спасување на затрупаните граѓани. На тоа работат единиците на ЈНА, Народната милиција, Цивилна заштита. Покасно во спасувањето се приклучија екипите за спасување од соседните градови: Куманово, Велес, како и екипи  од Врање, Лесковец, Ниш и др. Стручни екипи упатени се од Белград, Загреб и други градови. Организирани се три санитетски јазли за медицинска помош: Државна болница и Градска болница. Ранетите се евакуираат во градовите во близина на Скопје. а за нив е организирано прифаќање и лечење.

 

Во градот се организирани први пунктови каде ќе бидат поставени шатори за сместување на населението. Превземени се сите мерки за исхрана на населението. Исто така со цистерни се доставува чиста вода за пиење.“

Додека дневните работи во Скопје немаат ни почеток ни крај, Штабовите носат неколку итни одлуки  меѓу која и онаа за евакуација на мајките и децата. Од градот кон внатрешноста се патува деноноќно, возовите поаѓаат по потреба, без возен ред и врски. Истовремено од сите правци се патува према Скопје. Во Скопје пристигнува крв, чиста облека, топли оброци и сето она што може да ги ублажи раните на настраданиот град. Во редови граѓаните чекаат да дадат крв за настраданите. Неколку младински работни бригади, кои во моментот на земјотресот работеа на автопатот „Братство-единство“, по пристигнувањето, веднаш се вклучија во битката за градот.

Скопје долго време останува во фокусот на една по својата масовност невидена брига и акција на домашната и светската јавност. Преку воспоставениот мост на солидарноста, во градот на Вардар, секој момент пристигнуваше бројна помош од земјата и странство. Секоја пратка имаше виза без ограничување и имаше само една ознака „Скопје“. Од сите страни доаѓаа многубројни екипи на лекари, инжињери, градежни работници, војници, пожарникари, рудари и припадници на Милицијата.

Сите оние кои можат да помогнат во отстранување на последиците, брзаа да го стават своето знаење и услуги на располагање на градот. Сите градови во земјата ги отворија вратите за граѓаните на Скопје, а лечилиштата, интернатите и други центри во републиките укажуваа гостопримство на скопските мајки и деца.

Скопската трагедија ја мобилизира огромната хуманитарна мрежа на Црвениот крст, па сите национални асоцијации на оваа организација и Меѓународната лига превзедоа сложена и одговорна задача да обезбедат најнеопходната количина на крв.

Во грозничавата битка со времето и со последиците од несреќата, Скопје ја прифати помошта од земјата и странство. Така ја помина првата ноќ после земјотресот очекувајќи дека новиот ден ќе донесе нова надеж...

На 26 јули 1963 година, во утринските часови 5 часот и 17 минути, Скопје е разурнат од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала (9 степени по меркалиевата скала). Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, од кои 470 мажи, 430 жени и 120 деца.  Меѓу загинатите биле 16 страни државјани, кои биле на пропатување низ земјата, како и 10 лица родени во странство, а за кои неможело да се утврди дали се наши или страни државјани.

Црното досије на Скопскиот земјотрес бележи преку 3.300 повредени од кои повеќе стотини останаа со трајни последици и висок степен на инвалидност.

Материјалните штети биле исто така огромни. Пред земјотресот, вкупното национално богатство на градот се проценувало дека изнесува над 4 милијарди динари, додека вкупните штети изнесувале околу 3.5 милијарди. Всушност точната проценка не била можна да се утврди зошто многу работи не биле во можност да се евидентираат, а низа последици од катастрофата ќе се почуствуваат долго време потоа. Стопанството претрпело огромни штети, а несреќата го успорила или прекинала постојниот развоен процес.

(извор: Скопје град на солидарноста, Скопје, 1975 г.)

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.