Недела, 06 Декември 2009    PDF Печати Е-пошта
Промовиран руски „Илустриран летопис на XVI век“
ruski-ilustriran-letopis
5 декември 2009 година, Скопје, Македонија (СМК) - Во издание на руската компанија „Актеон“ од Москва со заедничко учество на компанијата „Дисако“ од Скопје викендов во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје се промовира научното факсимилно издание „Илустриран летопис на XVI век“.

„Илустриран летопис на XVI век“ претставува уникатен книжевен споменик, кој нема слични изданија во светот, ни по големината ни по ширината на историските собитија. На 10.000 листови, со повеќе од 17 минијатури во боја е претставена библиската, светска и руска летописна историја. На страниците на ова издание е претставена историјата на светот, каде што значајно место зазема историјата на балканските народи, како и историјата на Македонија, Македонската империја на Македонскиот Цар Александар, Средновековна Македонија и Охридската Архиепископија.

Изданието „Илустриран летопис на XVI век“ го претстави проф. Чедомир Цветановски, за изработката зборуваше сопственикот на руската компанија „Актеон“ Кхарис Мустафин и неговата сопруга Лејла Мустафина, а во името на македонската компанија „Дисако“ Коста Димов.

Публикацијата е висококвалитетно издание, изработена со специјална софистицирана технологија и во организациска и во техничка смисла, со цел скенирање на многу ретки ракописи чии оригинали се чуваат во музејските депоа под извонредни услови на заштита. Изведена е оригинална презентација на боите на оригиналните документи. Факсимилното изданието содржи од 21 томови во димензии 46 х 34 сантиметри, кои заедно зафаќаат место од 1,6 метри должина. Светската историја опфаќа; Книга 1 во два дела, Книга 2 во три дела, Книга 3 во два дела и школски апаратури на првите три книги. Руската историја опфаќа: Книга 4 е во два дела, Книга 5 во два дела, Книга 6 во два дела, Книга 7 во два дела, Книга 8 во два дела, Книга 9 и 10 и школски апаратури на книгите кои зборуваат за руската историја.

Изданието „Илустриран летопис на XVI век“ е објавено со финансиска помош на Јуканин од компанијата „Протек“, а во соработка со Државниот историски музеј на Русија, Библиотеката на Руската Академија на науките и Руската Национална библиотека.

Изданието „Илустриран летопис на XVI век“ е рачно изработено, во ограничен тираж од само 30 реплики. Неколку се наоѓаат во Руската Федерација, во Синодалната библиотека на Руската Православна Црква, Руската Академија на науките, Руската Национална Библиотека, а неколку и во Велика Британија и Германија.

Изданието „Илустриран летопис на XVI век“ од сите балкански земји, прва промоција има во Македонија и желба е на издавачот, еден примерок од ова ретко и ограничено издание да остане во Македонија. Цената на сите 19 книги изнесува околу 140.000 евра.

- Фасциниран сум и почестен, верувам и сите присутни, од изданието и по големината и по уникатноста, верувам и по вистините во содржините. Во името на Светскиот Македонски Конгрес упатувам искрена благодарност и честики на Актеон и Дисако, на г. Коста Димов, г-ѓа Лејла Мустафина и г. Кхарис Мустафин за асистенцијата вопромоцијата. Верувам примерок ќе остане и во Македонија. Ме понесе житието на помошта за Александар Цар Македонски. Исконското: кои сме, од каде доаѓаме и каде одиме. Ме радува што изданието доаѓа во време на геноцидното барање на Атина за промена на државното име на самостојна и суверена држава Македонија. Кога и Белград и Софија и Атина и Тирана тврдат дека Македонците се Срби, Бугари, Грци односно Албанци. И така е, само не секој со ексклузивно право сам за себе, туку сите заедно, бидејќи сите сме биле делови од исти империи на овие простори. Имајќи предвид дека културата и историјата на Македонија не се само македонски, туку и припаѓаат и на Русија, кои се корените на Русија во Македонија и Македонската Империја на Филип и Александар Цар Македонски и колку ракописи од Македонија има во ова издание, - изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес.

Кхарис Мустафин недвосмислено ги потенцира корените на писменоста и христијанизацијата на сите словенски народи и држави во древниот Охрид, во Македонија и значењето на Македонија во културата и историјата на сите словенски држави, посебно на Русија и Руската Федерација. Тука посебно место зазема и историјата на Македонската Империја на Филип Цар Македонски и на Александар Цар Македонски, кои опфаќаат околу 1.000 страници во изданието „Илустриран летопис на XVI век“. Руското издание на „Илустриран летопис на XVI век“ потврдува дека Словените не доаѓаат од зад Карпатите, туку од просторите на Македонија према Карпатите и понатаму во Русија.

Изданието практично доживува втора промоција во Македонија, иако од првата промоција минатата година Македонската Академија на науките и уметностите се оградува.

Се надеваме дека акцијата на Коста Димов и компанијата „Дисако“, неговите блиски врски со г. Јакунин претседател на издавачот „Протек“ од Москва, разбирањето на бизнис-заедницата и Владата на Македонија ќе овозможат Македонија да се скраси со едно ретко, а богато историско сведоштво.

Житие, животот и сите воени подвизи на Александар Цар Македонски

Александар Македонски царуваше 12 години после Персискиот Цар Дарии Арсумујанин. Приказот за раѓањето, победите во битките и за доблесната мажественост, со кои тој се закити себеси во воените походи, сакаме тука подробно да го изложиме ред по ред. И еднакво како што самиот Александар Македонски беше мудар и храбар, така и се сврзано со неговото дело му благоугодеше и згора тој имаше необично претчувство за успех. Толку години тој мина во походи, излегуваше на полињата на битките, ги победуваше народите, се впушташе во борба и разрушуваше градови, такви се делата на Александар.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.