Среда, 25 Септември 2024   
„Строго доверливо“

Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна па до целосното осамостојување на Македонија во деведесетитите години, речиси скоро пет децении беа составен дел од единствениот безбедносен систем на Југославија. Во една таква констелација на единствен безбедносен и одбранбен систем на Југославија, македонските безбедносни служби беа во потполна зависност на Сојузните безбедносни служби, односно беа ставени во потчинета положба, а со тоа и послушен апарат за спроведување на политиката на  „Сојузниот безбедносен апарат“. Во овој период на партиското едноумие, кога „Центарот“ во Белград ја креираше кадровската политика на македонските безбедносни служби, долг период на чело на службите беа поставувани лица кои не се отука и лица кои во името на на зачувување на братството и единството на југословенските народи, а зад која вешто се криеше српската хегемонистичка политика, немаа слух за македонските национални интереси.

ИНТРИГИ НА УДБА

Главниот инспектор В.Д. на Службата за државна безбедност на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија (СДБ - II- сектор на  РСВР-СРМ), на 3.03.1987 година ќе изработи:

„Предлог за пласирање на информација во МНЕ и пошироко“, класифицирана како „Строго доверливо“  во која се вели:

„Во врска со најновите активности на Драган Богдановски, имаме намера преку Мане Јаковлевски, кој наскоро треба да патува во Западен Берлин, каде што подолго време ќе престојува, истите да ги пласираме со цел да го разобличиме како човек кој е доста превртлив, посебно во неговата национална определба.

Меѓутоа, за да постигнеме целосен ефект, неопходно е Јаковлевски да го увериме во ваквата национална превртливост на Богдановски, а тоа, предлагам да го направиме на оледниот начин:

- Да го запознаеме М.Јаковлевски со новооткриените написи и платформа на Д.Богдановски;

Од „ Предлог за пласирање на информација во МНЕ и пошироко“ кој е одобрен од надлежните, може да се види дека Службата за државна безбедност, планира како тројански коњ да го искористи Мане Јаковлевски, брат на Гојко Јаковлевски, и преку него да се пласираат информации кои би ја дескредитирале личноста на Драган Богдановски, како превртлива личност а со тоа и да ја изгуби неограничената доверба и подршка која ја има Гојко за Богдановски, а  преку него и од емигрантските организации во Европа.

intrigi-na-udba-1

intrigi-na-udba-2

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.