|
||||
Прва македонска банка?! |
Префрлувајќи и прегледувајќи ги документите во архивот на покојниот татко, Илија Ризов од Битола меѓу другите документи го пронашол и овој чек на Македонска народна банка а.д. Од кажувањата Ризов, дознал дека оваа банка била формирана околу 1935 година во Софија, од луѓе со македонско потекло.
Дури некои тврдат дека банкарите – Македонци потекло водат од Галичник. Во тоа време на овие простори имало околу 300 банки, главно во рацете на англискиот, францускиот и германскиот капитал, но досега не се знаело дека има македонска банка. Карактеристично е дека чекот е издаден во Софија и вредноста е во левови, меѓутоа на него јасно и прецизно е нацртана етничката карта на Македонија. |