Среда, 30 Јануари 2019   
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ–ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (11)

B1

ОСВЕТУВАЊЕ НА МЕСТОТО ЗА ЦРКВАТА „СВ, БОГОРОДИЦА“ ВО ЊУКАСЛ И ЦРКВИТЕ „СВ ДИМИТРИЈА“ ВО ВУЛУНГОНГ И

„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СИДНЕЈ

Останува ден за паметење 25 април 1969 година, кога во присуство на голем број иселеници и во сослужение на бројни македонски свештеници, митрополитот г. Кирил, го осветил местото каде требаше да се гради новиот храм „Света Богородица“. Активностите за формирање на црковна општина во Вулунгонг започнале уште во 1967 година кога кај австралиските власти бил регистриран првиот Црковен одбор, кој успеал во наредните години да купи место за градба на црквата „Свети Димитрија“. Црквата „Свети Кирил и Методиј“, пак, е осветена на 22 јануари 1978 година. Чинот на свечениот освет го извршил митрополитот г. Кирил

 B2

Третата посета на митрополитите Г. Кирил во Австралија беше македонската колонија во Њукасл. Тој е убав и питом град од над половина милион жители во државата Нов Јужен Велс, сместен на север од Сиднеј, на околу 250 километри. Градот се наоѓа на брегот на Тихиот Океан и, меѓу другото, е развиен индустриски центар.

Меѓу првите доселеници од Македонија кои таму пристигнале биле од Леринско и Битолско, а подоцна се доселуваат повеќе илјади доселеници од сите краишта на Македонија. Следејќи го примерот на Македонците од Мелбурн и тие се организираа на црковно-национален план.

Така, во монографијата „Митрополитот Кирил“ е забележано дека во истиот период, во 1960 година, за првпат во македонската средина во Њукасл пристигнал македонски владика, митрополитот г. Наум, кој во сослужение со свештениците Нестор Поповски и Ѓорѓи Ангеловски, ја отслужил првата богослужба на македонски јазик, што беше од големо значење за Македонците, за подигање на нивниот морал и национален дух. Подоцна беше формирана црковната општина, а во 1961 годинабеше купено место за изградба на црквата и дом и беше регистриран Статутот на Општината.

Особен подем оваа заедница имаше со помирувањето на двете групации во 1967 година, кога и започнало собирањето на доброволни прилози за изградба на првиот македонски храм во нивната средина. Останува ден за паметење 25 април 1969 година, кога во присуство на голем број иселеници и во сослужение на бројни македонски свештеници, митрополитот г. Кирил, го осветил местото каде требаше да се гради новиот храм „Света Богородица“. Притоа, големи заслуги има митрополитот г. Кирил за собирањето на голем број материјални прилози за црквата.

За прв свештеник беше именуван Владо Поповски, а по него Живко Поповски, кои заедно со голем број донатори, активисти и иселеници и со својата доброволна работа придонесоа да се изгради овој вечен светилник на автокефалната Македонска православна црква, Охридска архиепископија во Њукасл. Притоа посебно место во почетокот и потоа, им припаѓа, мегу другите на Петар Шабалев, Раде Ефтимовски, Никола Сазданов, Џон Фотев, Лале Дафов, Блаже Јовановски, Стево Георгиев, Панде Бабамовски, Ѓорѓи Манговски, Ристо Илков, Ристо Пандов и многу други.

B3

Црквата „Св. Богородица“ во Њукасел

Оттогаш, почна интензивната работа на изградбата на црквата „Света Богородица“, која беше осветена од митрополитот Кирил во 1971 година.

Вулунгонг, пак, е еден од главните индустриски центри на државата Нов Јужен Велс, а располага со пространи песокливи плажи и живописни предели. Градот го заплискуваат водите на Тасманското Море, помешани со струењата на Тихиот Океан, што придонесува тие простори да бидат питоми и погодни за живеење. Тој е осумдесетина километри јужно од Сиднеј, а во негов состав влегуваат населбите: Порт Кембла, Грингила, Булај, Кајама и други, кои заедно припаѓаат на општината Илавара.

Во Вулунгонг е изградена челичарницата, една од водечките во светот, каде особено порано беа вработени голем број Македонци. Нив ги има од сите делови на Македонија, но најбројни се од Битолско, Охридско, Преспанско и други места.

Активностите за формирање на црковна општина кај Македонците од тие простори започнале уште во 1967 година кога кај австралиските власти бил регистриран првиот Црковен одбор, кој успеал во наредните години да купи место за градба на црквата „Свети Димитрија„. Ова место беше осветено од митрополитите Методи и Кирил во мај 1969 година, a no две години, на 4 април 1971 година беше положен камен темелникот, за на 27 август 1972 година да биде извршено мало осветување на црквата.

Според зборовите на митрополитот г. Кирил, за формирањето и изградбата на овој македонски дом што го носи името на свети Димитрија во почетните периоди, а и потоа, заслуги имаат голем број Македонци од сите генерации.

B4

МПЦ  „Свети Димитрија“ во Вулунгонг

Секако посебно место имаат претседателите: Димко Димитриевски, Спасе Ложенковски, Милан Катанковски, Трајан Трајановски, Миле Тасевски и други, потоа свештениците Љупчо Милошевски, Васил Сламков, Васко Димитриевски, Климе Џепароски, како и членовите Злате Таневски, Мијал Стефановски, Ангеле Ристиќ, Ангеле Брглевски, Димче Николовски, Сергие Секуловски, Најдо Пановски и многу други.

Сиднеј е најголемиот велеград и морско пристаниште во Австралија и еден од светските метрополи. Градот е формиран во 1788 година, како прва англиска населба на петтиот континент, a денес е најголемо извозно-увозно пристаниште на Австралија и главен град на Нов Јужен Велс.

Тој убав и привлечен велеград, по Мелбурн, е втор центар за Македонците во Австралија. Таму Македонците за првпат пристигнале во дваесеттите години од минатиот век, а денес можат да се сретнат Македонци од сите делови и краишта на Македонија. Меѓутоа, најбројни се од Пелагонија, особено од потпелистерските села, од Преспанско, Охридско, Леринско и други места.

Според зборовите на митрополитот г.Кирил, активностите за организирање на национален и културен живот на Македонците во Сиднеј почнале особено по Втората светска војна. Меѓу првите активисти биле Васил Христов, Џон Пизарков, Васил Бошков, Иљо Малков и други. Подоцна бил конституиран Управниот одбор за формирање на општината, во чиј состав влегле голем број истакнати македонски иселеници. Претседател бил познатиот сонародник Мик Велковски, кој заедно со останатите со големото залагање и непрестајна работа помогнале да се развие мошне значаен црковен живот.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ е осветена на 22 јануари 1978 година. Чинот на свечениот освет го извршил митрополитот г. Кирил. Тој осветувањето го извршил во сослужение на бројни македонски свештеници од Австралија, а пред голем број верници, претставници на Светскиот сојуз на црквите, на Одделот за емиграции, како и македонски доселеници од Мелбурн, Њукасл, Квинбијан, Порт Кембла и Вулунгонг.

Новоадаптираната црква служеше како македонски храм шест години, но бидејќи беше мала по простор и не можеше да ги задоволи потребите на македонските верници, за поголемите културно-просветни барања, во 1976 година се пристапи кон изградба на нова црква во истото место.

Темелите беа осветени, исто така, од митрополитот г. Кирил, а потоа се отпочна со акција за собирање средства за црквата. Црковната управа имаше одговорна должност, која на општо задоволство во целост ја исполни, собирајќи голем број средства за изградба на оваа катедрална македонска црква и прв храм во Сиднеј.

Изградбата на црквата „Свети Кирил и Методиј“ беше завршена во 1977 година, кога на 16 октомври беше и свечено отворена. На овој значаен ден присуствуваа голем број македонски иселеници, а вратите на црквата на симболичен начин ги отвори премиерот на Нов Јужен Велс г. Н. К. Вранс, додека осветувањето на црковниот храм го изврши поглаварот на МПЦ Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, во сослужение со надлежниот архијереј, митрополитот г. Кирил, заедно со голем број македонски свештеници од македонските црковни општини во Австралија и десетина илјади посетители.

B5

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Сиднеј

За прв претседател на Црковниот одбор, во таа пригода беше избран Драган Размовски, а прота Владо Поповски беше назначен за парохиски свештеник. Овој македонски катедрален храм е еден од најголемите во Австралија, а единствен надвор од Македонија којшто има два престола и два олтара.

Продолжува

 A5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.