Среда, 18 Март 2026   
ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИ ПРЕТСТАВИ ОД „АВСТРАЛИСКО - МАКЕДОНСКИОТ ТЕРАТАР“ (29)

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 20 мај 2016 година, а по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на RSL Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – Македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска.

На средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличева награда за поезија и проза за 2015 година: Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг. Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија.

За одбележување е дека во просториите на Културниот центар „Илинден“ во Сиднеј во септември 2016 година се одржа премиерата на драмата „Куферот“ од познатиот драматург Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.

Драмата „Куферот“ е вистинско доживување да се гледа и да се следи изведбата на еден мошне професионален тим на актери кои во една заедничка хармонија го градеа „Куферот“ но и ги расветлуваа тајните една по една што се криеа во затворените души-куфери на сите карактери во оваа динамична полна со емоции драма. Емоциите на гледачите се испреплетени како што и животот некогаш знае да се испреплети: се смее и плаче од радост – се жали и смее од жалост.

Следните престави на „Куферот“ беа во Волонгонг на 14 мај во 19 часот во Македонскиот центар при Црквата Св Димитрија Солунски 8-14 Stewart St., во Сиднеј беа на 21 мај во просториите на Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, Bankstown, во 19 часот како и на 28 мај во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдал со почеток во 19 часот

Исто така, треба да се одбележи дека да се забележи значајниот датум 31 март 2018 година, кога се навршија 40 години од постоењето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое од самиот почеток покажа дека е главен фактор за промовирање на македонскиот јазик, литература, култура и нација во Австралија и кое завзеде водечка улога во разбудување свеста на Македонците дека само со почитување на својот јазик и културна позадина ќе можеме да опстоиме како нација не само во Австралија туку и во самата Македонија.

За таа јубилејна година членовите на Дрштвото изјавија дека во план имаат да се издадат повеќе наслови од членовите, Монографија од Друштвото, Архив на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови. Во таа јубилејна година, Македонската нација повторно се наде пред прагот на (себе) уништување. Поради тоа тие апелира до сите членови, дописни и почесни, да не престанат да се борат за македонскиот јазик, да не подлегнуваат на дневните политички слогани и партиски да се делат и уништуваат.

Како потврда на кажанато, на 4-ти мај 218 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“,Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ одржа пригодна комеморација пропратена со поезија по повод 115 годишнината од смртта на идеологот за самостојна Македонија, Гоце Делчев, и 4 годишнината од смртта на писателот и литературниот критичар проф. д-р Науме Радически, кој беше почесен член на Друштвото.

Исто така, за одбележување е што по повод 70 годишнината на егзодусот на Македонците и во пресрет на петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, во 2018 година ја објавија монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски.

Оваа монодрама која премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 год. во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Во книгата „Каменот од Роби“ се поместени три верзии на монодрамата, на македонски литературен јазик, на лерински дијалект и на англиски јазик. Предговорот (историскиот преглед) е на Ристо Стефов а рецензијата на Трајче Кацаров.

Драмска продукција „Последниот Македонец“ во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј е најново дело на Душан Ристевски. Оваа драма е најголемиот и најтешкиот проект што ова реномирана театарска група ја има превземено. Заангажирани се, покрај режисерот Стефо Нанцу, четиринаесет актери од Сиднеј и Волонгонг.

Самото има по себе покажува дека се работи за драмско дело преку кое гледачите ќе увидат дека македонската нација е пред уште една небиднина, пред прагот на уништување. Темата е доста чувствителна бидејќи се работи за сегашните збиднувања во Македонија, Европа и Австралија. Драмата е поделена во три дела: првиот дел се случува во Македонија и покажува која е причината и кој е кривецот за нашето уништување; вториот дел се одвива во Европа, за божемниот - хипотетичен влез во ЕУ од каде премногу очекуваме, а од каде најмалку сме ценети како луѓе и нација; третиот дел се одвива во Австралија каде Македонците доаѓаат не само како економски емигранти туку како бегалци на една нација и држава која веќе не постои.

1111 copy copy copy copy

Награда за Австралиско-македонскиот театар од претседателот Иванов

За активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј беше значајно што во својата истоимена Библиотека на 8 февруари 2019 година ги одржа своите традиционални „Прличеви Беседи“.

Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик.

По повод најсветлиот ден на македонскиот нарор -  Илинден, пак, Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ во 2019 година испрати честитка до членовите на Друштвото. Во неа, меѓу другото се вели дека ние, членовите на Македонското литературно друштво "Григор Прличев" од Сиднеј, Австралија, ви испаќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник - двојниот Илинден.

Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин македонски јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности  не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наслетсво, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество.

Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

Исто така, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 2-ри август 2019 година во своите простории одржа поетска средба посветена на Илинден и Илинденци.

На првиот дел од програмата протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденци од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски.

Продолжува  

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.