|
|
| Нова театарска продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј: „КЛЕОПАТРА ОД КРАВАРИ“ |
|
Австралиско-македонската културна сцена добива нов силен театарски проект – премиерата на комедијата „Клеопатра од Кравари“, во продукција на Австралиско-македонски театар од Сиднеј. Станува збор за динамична, оригинална театарска претстава која носи свеж хумор, современа енергија и препознатлив македонски дух. „Клеопатра од Кравари“ е подготвена со голема посветеност и страст од врвни актери од Сиднеј и Волонгонг, кои на сцената носат уникатна комбинација од талент, искуство и сценска харизма. Претставата е авторско дело на наградуваниот драматург и режисер Душан Ристевски, кој со својот препознатлив стил создава комедија што ветува смеа, но и суптилна општествена критика. Со интересен наслов и уште поинтересна содржина, „Клеопатра од Кравари“ претставува духовита игра на контрасти меѓу локалното и глобалното, традицијата и модерното. На сцената ќе настапи ѕвездена актерска екипа составена од: Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Васко Србиновски, Марија Александрова, Марика Стојанова-Рок, Јордан Трпковски, Иван Конески, Даниел Најдоски и Рубин Нешкоски. Со оваа продукција, Австралиско-македонскиот театар уште еднаш ја потврдува својата мисија – да ја негува и афирмира македонската култура и јазик надвор од татковината, поврзувајќи ги генерациите преку уметноста. „Клеопатра од Кравари“ не е само претстава – таа е културен настан што ја слави креативноста, идентитетот и хуморот на Македонците ширум светот. За повеќе информации и резервации: Цена: $25 полна цена, за студенти и пензионери $20 Со карти ќе можете да се снабдите на влезот пред преставите или за резервации и повеќе информации јавете се на: 0425231335 (Душан) 0411710760 (Васко) 0404892720 (Рубин) или на и-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
ROCKDALE Macedonian Cultural Centre “Ilinden” 65 Railway Street Rockdale 8 Мај, петок во 7 часот 9 Мај, сабота во 7часот
ВANKSTOWN Bankstown Polish Club 11 East Terrace Bankstown 10 Мај, недела во2 часот
WOLLONGONG Croatian Catholic Centre 7-9 Bellevue Road Figtree 16 мај, сабота во 1 часот 16 мај, сабота во 7 часот
|

























