Среда, 15 Април 2026   
ДУШАН РИСТЕВСКИ ОД СИДНЕЈ – ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО „ЗЛАТЕН КЛАС“ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ СРЕДБИ ВО НОВАЦИ (33)

9 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија М-р Душан Ристевски е добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“ на Пелагониските културно научни средби во Новаци, Битолско. Ова значајно признание му се додели на Душан Ристевски во знак на почит на неговите поетски и драмски остварувања, кои се мост меѓу Република Македонија и демократска Австралија.

Според податоците на претседателот на „Пелагониските културно-научни средби“, Ѓорѓи Лазаревски и координаторот Панде Манојлов средбите се формирани во 2000 година во Општина Новаци. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на истите. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во првата половина на месец октомври.

Инаку, за судбината и вистина на Македонците од етничка Македонија кои свиле нови гнезда во демократска и мултикултурна Австралија се напишани многу новинарски страници и книги, испеани се многу песни и тажни и среќни, одржани се голем број собири, средби... Но, ретко кога човек може да прочита изворни текстови како што се на Душан Ристевски. Неговите новинарски, публицистички и драмски текстови имаат големо значење, бидејќи Душан е директен учесник во настаните меѓу македонските иселеници во Австралија и тоа не како обичен набљудувач, туку како човек  кој поминал низ успех, напредокот, постигнувањата, животот и делата на  македонското иселеништвото.

Душан Ристевски е роден на 22 февруари 1954 година во Битола, градот на конзулите. Од 1973 година живее и работи во Сиднеј, Австралија. Завршил Виша социјална школа, дипломирал на Факултетот по социологија и во 1996 година магистрирал на Факултетот по социологија и хуманистика во Сиднеј. М-р Душан Ристевски е личност која е на распетието меѓу родната земја Македонија и втората татковина – Австралија. Затоа, патот од Сиднеј до Скопје и назад го поминал повеќе пати. Речиси секоја година доаѓа во Македонија, во Скопје, во Битола, во Буково... 

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија и Америка. Но, најзначајн е тоа што тој направи Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, кое е прво од ваков вид да биде една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко.

Душан Ристевски е автор на стихозбирките: „Полутици“ (1984) издадена двојазично на англиски и македонски јазик; „Полутици-Фрагментс“ (1989); „Страдалници на сонот“ (1992); „Копча“ (2001); „Цвеќе-Жена“ (2003); „Украдени мисли“ (2009) и „Забранета љубов“ (2009); драмите „Страв и срам“ (2007), „Каменот од Роби“ (2018), „Последниот Македонец“ (2018); монодрамите: „Мајка“, изведена во Сиднеј и во Прилеп на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1990), „Ченто“, изведена во Сиднеј и Волонгонг (2015/2016), „Неда“, изведена во Сиднеј (1996 и 2016), „Каменот од Роби“, изведена во Сиднеј (2018), „Тага за југ“, изведена во Сиднеј (2019); драмите:  „Страв и срам“ (2008), „Мр Балкан“ (ко-автор), (2009-10),„ Стари и весели“ (2010), „Раскол“ (2012), „Остави ја свеќата да гори“ (2012), „Борење со мечка“ (2013), „Ограда“ (2014), „Доктор Жими Мајка“ (2015), „Куферот“ (2016), „Баба се мажи“ (2016), „Сонце мое“ (2017), „Последниот Македонец“ (2018), „Баба бегалка“ (2019), сите изведени од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Познатиот иселеник, поет, писател, драматург, општественик  Душан Ристевски беше првиот избран претседател на Македонското литературно друштвото „Григор Пличев“, во кое се зачленети десетици познати и признати  вљубеници на убавиот македонски литературен јазик, во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството, во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата.

Друштвото „Григор Прличев“ со неколку илјади книги, списанија и други материјали, организираше наградни конкурси за најдобри литературни творби, а организира и богата издавачка дејност на дела од македонските доселеници, кои во слободното време се занимаваат со пишување. Во Друштвото членуваат голем број творци на поетски остварувања. Тие се чувари на сè она што е македонско и се продолжувачи на културните вредности на македонскиот народ од сите делови на Македонија во дијаспората.

Во период од триесетина години Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираа интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи е, секако Австралиско-македонскиот театар. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмски, сценски, театарски продукции и творештво.

99 copy

Австралиско-македонскиот театар е познат и признат театарски состав на широко меѓу македонската и австралиската публика не само во Австралија, туку и со гостувањата во повеќе градови во Македонија ги освои симпатиите кај театарската публика и вљубениците во македонската иселеничката проблематика.

Меѓу бројните претстави на Австралиско-македонскиот театар се, секако,  претставите „Страв и срам“, „Мр Балкан“, „Стари и весели“, „Раскол“, „Остави ја свеќата да гори“, „Борење со мечка“, „Ограда“, „Доктор Жими Мајка„ „Ченто“, „Куферот“, „Баба се мажи“, „Неда“, „Неочекувана забава“, „Сонце мое“, „Каменот од Роби“, „Последниот Македонец“, „Тага за југ“, и „Баба бегалка“.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј се претстави пред австралиската публика на  28 ноември 2015 година, во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville, каде премиерно се престави со најновото дело на драматургот Душан Ристевски „Ченто“. Ликот на Ченто го одигра Васко Србиновски, во режира на Стефо Нанцу.

Според зборовите на Душан Ристевски испирација за ова театарско дело му бил мотивот што: Методија Андонов – Ченто беше претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција: што тој бил и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во составот на југословенската федерација. Но, после овој период тој не постоеше во македонската историја, како да испари од политичката сцена без некое објаснување.

Се чини делото „Последниот Македонец“ на Душан Ристевски заслужува посебно внимание. Таа е драма во 3 дела која го отсликува животот на еден Македонец кој се обидува да го сочува своето семејство, идентитет и желба да опстои. Од својот дом во Македонија, преку сеништата во Европа до населбите во Австралија, Филип Филиповски е човек кој ја бара и преиспитува својата душа.

После бруталниот напад врз неговиот дом и фамилијата, семејството на Филип се распаѓа. Нивното трауматично патување во новиот свет ги отсликува трагедијата на Македонците, внатрешните превирања како резултат на сегашните политички, национални, религиозни и социјални предизвици и ефектите тоа што ги предизвикува во иселеништвото насекаде во светот.

После бруталниот напад врз неговиот дом и фамилијата, семејството на Филип се распаѓа. Нивното трауматично патување во новиот свет ги отсликува трагедијата на Македонците, внатрешните превирања како резултат на сегашните политички, национални, религиозни и социјални предизвици и ефектите тоа што ги предизвикува во иселеништвото насекаде во светот.

Наградуван е повеќепати. Драмата „Страв и срам“ во 2007 год. доби посебна награда за иновација за просвета во здравството. Во 2015 година се здоби со наградата „Александар Македонски“ за животно дело во театарската уметност. За книгата поезија „Забранета љубов“ во 2010, ја доби наградата Иселеничка грамота, а во 2011 година за книгата поезија „Украдени мисли“ ја доби престижната награда „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата.

Сите активности на полето на журналистиката, литературата и театарот на Душан Ристевски придонесоа тој да стане член на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 година, член на Здружението на новинарите на Македонија од 1989 година  и член на Македонското научно друштво од Битола.

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Литванија – европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“ во Македонија многу мажи остануваат неженети

Во делови од Европа, демографијата сè почесто станува и личен проблем. Во Литванија, на пример, ве...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД КУЛТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ТЕКОТ НА ПОВЕЌЕ ВЕКОВИ (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.