Вторник, 21 Јуни 2016   
МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!

Karta Makedonija 1913

СПОРЕД ОСМАНЛИСКИТЕ АРХИВИ

АНКАРА: МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕ БИЛА ГРЧКА!

21 јуни 2016 година, Анкара, Турција

- Архивите на Турција како наследничката на Отоманската Империја располагаат преголема документација за историската вистина и за Македонија и за Грција. Кај нас тие датотеки речиси воопшто и не се истражуваат. Не располагавме ниту создававме кадар кој знае турски, воопшто пак да чита турски со арапско писмо, пред воведувањето на латиницата.

Во 1993 година помошникот началник на Генералштаб на Турција, генерал Kurmay Başkanligi заедно со генералот Erdogan Oznal во Анкара ја издадоа книгата под наслов "Македонија не е грчка“.

Во оваа книга на 81 страници авторите претставуваат дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив.

Авторите на книгата "Македонија не е грчка“ зборуваат и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го сметаат за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејскиот дел на Македонија, под Грција.

Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, присилно протерани во Бугарија.

Протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.

Според податоци, само во периодот од 1913 до 1928 година од Македонија биле присилно раселени 86.582 Македонци во Бугарија, а на нивните огништа доселени Египќани, Евреи и Власи. По ова може слободно да се каже дека Македонците го имале во овој временски период доживеано првиот егзодус. Во нивното протерување била применета сила, а околу 8.000 Македонци биле стрелани затоа што се спротиставиле на прогонството.

Според турските архиви Македонија во периодот од 1513 година па се' до 1928 година се простирала на територија од 69.000 км2 или поточно 34.000 км2 Егејскиот дел на Македонија, 27.000 км2 Вардарскиот дел и 8.000 км2 Пиринскиот дел на Македонија.

Тодор Петров

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.