Среда, 11 Декември 2024   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (17)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (17)

На почетокот на 1903 година, во манастирот св.Јован Бигорски под раководството на игуменот Партениј, се одвивале активности за подготовка на Илинденското востание. Неколку дена пред Илинден, 2 август 1903 година, во работилницата во Бигорскиот манастир, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Русинка, изработиле две црешови топчиња. Браќата Филип и Угрин Канчевски од Галичник, ги натовариле топчињата на коњи, а на другите натовариле помош од населението на Мијачијата - храна и облека за востаниците. Од манастирот тргнале по планинските беспаќа, придружувани од обезбедувањето на галичката чета. Топчињата биле однесени над селото Душегубица (Кичевско). Ноќта спроти Илинден, со двете манастирски црешови топчиња беше објавен почетокот на Илинденското востание во Копачка.

По овој повод и во спомен на храбрите Илинденци, оваа година беше по десети пат организиран традиционалниот коњички марш “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“. За почетоците на сеге веќе традиционалниот марш говори Мане Јаковлевски во книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“. Всушност, на тој начин, преку сеќавање на историјата, учиме како да се сака Македонија Под овој поднаслов, авторот Кири Кипровски за почетоците на коњичкиот марш од Гостивар до Крушево, преку Бигорскиот манастир ќе забележи:

„Интересен е податокот, дека првото црешово топче, пред почетокот на Илинденското востание, во 1903 година, го изработиле монасите од Бигорскиот манастир.

67503590 1076332052559829 8385585841967202304 n

На почетокот на јуни 2010 година, со Манојил во неврзан разговор, дојдовме до идеја, во чест и слава на бигорските монаси, да организираме традиционален коњички марш. Тој би тргнувал од село Зубовце, преку Гостивар до Бигорскиот манастир. Оттаму, планиравме коњаницата да го продолжи патот по истата патека, по која се движеле комитите – Илинденци, заедно со двете црешови топчиња натоварени на коњи. Целта ни беше, автентично да ја претставиме голготата на македонските јунаци, кои минувајќи стотина километри низ непроодни, планински предели, пристигнувале во штабот на востанието во Крушево. Идеја таму ја презентиравме на игуменот од Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, кој со задоволство ја прифати иницијативата и ја благослови. За таа цел, монасите го изработија заштитниот знак на коњаницата.

Во електронското издание „Македонска нација“, чиј сопственик и одговорен уредник е Манојил Мане Јаковлески и во празничниот илинденски број на „Утрински весник“ во 2010 година, објавив две репортажи за храбрите монаси од Бигорскиот манастир кои ги изработиле првите црешови топчиња за Илинденското востание во Крушево и за браќата Филип и Угрин Канчевски од Галичник, кои низ планинските беспаќа ги доставиле во револуционерниот штаб.

На сајтот од Бигорскиот манастир, од 26 јули 2011 година, по повод испраќањето на коњаницата на патот за Крушево, беше напишано: „Во свештениот Бигорски манастир, си припомнавме за едно славно обележје од нашето херојско минато: првото црешово топче, изработено од бигорските монаси, кое што пред почетокот на Илинденското востание, било со коњи однесено во Крушево од страна на комитите. Правејќи достоинствен спомен на ова историско собитие, вчера младите родољубци: Виде Димитриески, Велибор Крстески, Небојша Јовановски, Даниел Велјановски и Љубомир Ристески од Гостивар, допатуваа со коњи во манастирот, за да го последуваат истиот марш што некогаш го изминале храбрите комити. Денес, пак, во храмот на великиот Претеча св. Јован Крстител, беше отслужена доксологија и молитвен канон, за комитите и татковината. При крајот од богослужението, неколку зборов и за оваа пригода кажа и старецот на манастирот, архимандритот Партениј. Најпрво, тој им се заблагодари на организаторите на овој прекрасен настан, на г. Манојил Јаковлевски и г. Киро Кипроски, а потоа истакна, колку благородно дело е да се љуби татковината:

„Во Светото Писмо читаме, како еврејскиот народ низ празници си споменувал за различни собитија од нивната историја, сеќавајќи се преку нив на победите и издигнувањата на нивните предци, но и на ропствата и на нивните духовно-морални паѓања. Особено си спомнувал за египетското ропство, вавилонското ропство, за тоа какви маки истрпиле неговите предци од жестокоста на фараонот, и како на крај, со трпение и покајание извојувале победа. Така и нашиот народ, преку националните празници си споменува за славните настани од неговата историја, за издигнувањата, но и за ропствата и паѓањата, со цел од нив да извлекува поука, како не би му се повторувале несаканите нешта од минатото. Преку историјата, ние учиме како со љубов кон Бога, треба да се поправаме и да си ја сакаме својата татковина. Особено треба да се потсетуваме на подвизите на нашите предци, кои, навистина, многу сториле. А направиле многу, бидејќи ги положиле своите животи од љубов кон својата татковина. Тие, ја исполниле заповедта на нашиот Спасител, кој вели: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.“ Нашите комити, и сите оние кои пред нив и после нив се бореле за татковината, не го правеле тоа за плата, туку од љубов кон своите ближни и од љубов кон својата татковина. Тие биле подготвени со подвиг, на крај, да ги дадат и своите животи за слободата. Доколку не беа нивните подвизи, нивните жртви, денес ние ќе ја немавме оваа убава Република Македонија, слободна. Затоа, треба постојано да си спомнуваме за нивните подвизи, да се молиме за нивните души, а да се молиме и за луѓето кои денес ја водат нашата тататковина, бидејќи не е лесно да се води држава. Господ да им помага, да ги умудрува и да ги просветлува за над се да го ставаат интересот на државата, интересот на нашата скапоцена татковина. Амин!“

На крајот, Неговото богољубие, архимандрит Партениј ги благослови младите комити за нивниот пат до Крушево. Секоја година, по заклетвата на комитите, кои ја искажуваат пред манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Бигорскиот манастир, Манојил Мане Јаковлески, како надвојвода, го прогласува војводата на коњичкиот марш. На испраќањето присуствуваа неколку стотина гостиварци и жители на Долна Река и Мијачијата.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

ОМД со конкретни предлози и договор со Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со гордост изве...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.