Среда, 09 Декември 2020   
„Една идеја един живот“ (1)

1ideja

„Една идеја един живот“ (1)

Во овие моменти кога во Софија повторно се повампируваат страстите од 19 век, соништата за голема Санстефанска Бугарија, спомените „Една идеја един живот“ од Георги Дукимов, објавени во 1999 година во градот Гоце Делчев, преставуваат добра прилика да се отрезнат македонските политичари кои свесно или несвесно тргуваат со националните интереси на македонскиот народ, неговиот јазик и историја,

Георги Дукимов е роден во 1926 година во Горно Броди, Егејскиот дел од Македонија, Но под притисок на грчките власти со семејството се преселил во Неврокоп, каде го поминува животот. Тргнувакќи од максимата дека „Кога кажувам дека сум Македонец, значи постојам, се останато е предавство или смрт!“ тој цел свој живот го посветил на Македонија и е еден од оснивачите на ОМО Илинден. 

2ideja

 

Уште на саниот почеток, тој  во своите спомени го цитира Гоце Делчев, кој вели: „Кој сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, добар Грк или добар Србин, но не и добар Македонец“. Ова како да е кажано денес за денешните политичари, кои заборавија на аманетот на нашите претци. 

Затоа денес, ќе ви ги пренесеме неговите спомени во кои меѓудругото вели:  

„Моето родно село е во полите на Црна Гора. Не е познато од кога е населено, но тоа било многу одамна. Познат е како трговски центар на околните села. Се наоѓа на околу 30 км од градот Серес.  Климата е планинска, со сурови зимски студови. Тука се произведува компири, р’ж, пшеница, граф и други култури.. Изненадувачки е, што населението на с. Горно Броди било многубројно. Во 1850 година тоа броело околу 9.000 жители, само христијани. Можеби поради тоа на периферијата на селото турската власт имала воен гарнизон. Селото е на крстопат. Од Серес за Неврокоп, и од Демирхисар за Неврокоп. Егзистенцијата на луѓето не беше лесна, зошто земјата е недоволна. Сточарството, експлоатација на јагленот, ѕидарството и занаетчиството биле основна егзистенција. Тука било силно развиено занаетчиството.  Имало искусни мајстори. Се правеле часовници за кули, се лееле камбани и секакви земјоделски алатки. Воопшто, се што неопходно за животот на луѓето. Затоа Горно Броди бил пазарен центар за блиските и далечните села за размена на разни стоки. Недалеку од селото имало самоков (леарница) за добивање на железо. Ископувале руда и тоа им овозможувало егзистенција на многу луѓе. Во подоцнежниот период кон крајот на 19 век, во оваа леарница започнало да се произведува оружје – пушки и бомби за потребите на организацијата. Тоа било забележано од турските власти, па порадио тоа леарницата била затворена. Друга причина е тоа, што постепено почнало да навлегува железо произведено во Европа, кое било поквалитетно и се наметнало на пазарот.    

Судбината на тоа многубројно население е таква како што е и на сите останати села од Егејскиот дел на Македонија. Во продолжение на 30 – 40 години луѓето беа принудени да распрснат по разни краишта во светот, за да се спасат од жестокоста на турскиот јатаган и грчкиот терор. По создавањето на Внатрешната македонска револуционерна организација селото било тврдина на Организацијата. За таа своја активност тоа платило со човечки жртви и големи материјални загуби. 1300 куќи беа сравнети со земјата како последица на завојувачките војни кои ги водеа балканските држави со цел завладување на територии, за сметка на несреќниот македонски народ. Оваа човечка трагедија продолжува и до ден денешен во различни краишта на Македонија. Алчноста на балканските асимилаторин е ненаситна. Таа е потикната од некои европски земји за свои интереси.  За срам на 21 век еден несреќен народ, кој дал толку скапи жртви во името на својата слобода, се држи во таа бесправна положба. Секој има право на слободен живот и своја сопствена држава, за да ги заштити честа и достоинството на нејзините граѓани. Тоа право е заштитено со крвта на илјадници жртви, песеани на секоја педа земја на Македонија. Нема равен на себеси, како нашиот народ кој создал бесмртни епопеи во името на своето опстанок. Во таа света борба безброј се случаите на самоодрекување  и хероизам. Во историјата на македонскиот народ се запишани со златни букви имињата на хероите од солунските атентати, илинденските трагични денови, на „Мечкин камен“, орлите од „Ножот“ кои легнуваа врз бомбите за да не се предадат во рацете на Турците. 

Безбројните подвизи на толку многу светли ликови, кои без лична корист, пожртвувано служеа и ги положија коските пред олтарот на нашата мајка Македонија, не тера да се гордееме дека сме синови на таа земја. Да не заборавиме на нашопт повик, да опстоиме и да го продолжиме нашето незавршено дело. Да не го валкаме делото на нашите дедовци. Да го помниме нивниот свет завет, за кој умреа.  

Како последица од војните и суровоста која ја преживеале, народот ги напушта своите родни огништа и скита намил-недраг по туѓи земји за да го бара своето спасение. Од сето ова кое се случува, не остава настрана од нашето семејство. Тоа што ние доаѓаме во бугарските земји многу подоцна (во текот на 1927 година) говори за родољубието на нашите дедовци. Тие страдаа многу од Грците, кои насила се населуваа во нивните домови со цел да ги прогонат. Не им било лесно да ја напуштат родната стреа. Особено тешко се поднесувал стресот по населувањето на Грците маџири, донесени од Мала Азија... Охрабрени од грчките власти преку насилие и тепање се принудувани и оние малку останати да го напуштат родното село. Во таа трагична година јас сум бил на неколкумесечна возраст.  

Роден сум на 7. 12. 1926 година во село Горно Броди, околија Серска, Егејска Македонија. Семејството ми се населува во градот Неврокоп (сега го носи името на најголемиот син на Македонија, за наша гордост и синовна благодарност – Гоце Делчев). Целта на тоа населување е јасна. Да бидат поблиску до границата, со надеж за што побрзо враќање. Погледите им беа секогаш насочени кон југ, кон напуштениот дом. Мислата дека коските на нивните дедовци ќе бидат газени ид странски нозе не им давала мир. 

Мојот татко се занимаваше со сточарство и земјоделство. Секое лето, кога излегуваше на паша на Балканот, јас одев да му помогнам. Седејќи на некоја височинка, тој секогаш со болка ми покажуваше на југ и велеше: „Еј таму каде што се синее, е Црна Гора! Во јужната страна на планината, во нејзините поли е нашето село. Ако тргнам за една ноќ ќе бидам таму. Но можам ли да одам? Грците не протераа, за да располагаат со нашата земја. Проклета да е 1913 година. Проклети да бидат и тие кои ја поделија Македонија.

Со лице, кое покажуваше голема мака од некаква голема загуба, и со голема љубов почнуваше да ми раскажува колку било убаво селото, како се живеело, за луѓето на различните маала, за различните именувања на местата, за кулата која уште стрчи над селото како нем сведок за изминатите славни времиња. Колку црркви имало и која како се викала, за многу други нешта поврзани со животот на село. Особено сакаше да зборува за револуционерната борба. Како во мандрата на татко му доаѓале комити и како ги пречекувале. За дедо Георги Радев од Броди кој одел со Гоце Делчев и во последниот час во село Баница учествувал во битката, во која покажал голем хероизам. Успеал да уништи многу Турци... Кога паднал убиен Гоце Делчев, дедо Горги Радев се втурнал со кама во устата, а во рацете со пушка и пиштол, на ужас на аскерот. Отишол да ја земе чантата со архивата, за да не падне во рацете на Турците. Често ми расправаше за Зимбил војвода за браќата Жилеви, за Котата и др. Браќата Жилеви биле обесени сред село заради учество во организацијата. Истите имале дуќан покрај кулата. Тие под него ископаат таен влез за скривница, каде што заседавале дејци на Организацијата. Озгора Турците си пиеле ракија. 

Во 1942 година отидов во Горно Броди и ја видов скривницата. Влезот беше отворен и јас влегов внатре. Имаше округла форма, голема околу 4 – 5 м2 и висока околу 2 метри. Околу самата скривница настрана има направено нешто како клупа за седење од самата почва. Во тој момент мислев дека на тоа место тука или таму можеби седел Гоце Делчев со своите другари и размислувал за важни организациски прашања... Другпат татко ми раскажуваше како горела Гранговата куќа. Турците насетиле дека во неа се сместени комити и ја опколиле куќата. Затоа што комитите не се предавале, Турците за да ја униптат четата ја запалиле куќата. Но што се случува. Со ожег ги прокопуваат ѕидовите на седум или осум куќи и така успеваат да се спасат. По оваа случка, бесни поради неуспехот, врзуваат околу 400 селани и ги носат за Серес. Таму биле подложени на жетоки мачења. Некои од нив умираат како последица на тешките мачења. Еден дел бил заточен во Мала Азија, а голем дел биле ослободени.  

Сето тоа јас го голтав жедно и го преживував како моја лична судбина.  Јас го почитував подвигот на тие бестрашни луѓе. Истовремено се бунтував против неправдата. Тие спомени кои ги слушав од татко ми и од мојата мајка оставија трајни спомени во мојата свест како многу тешка загуба.

Во градот Гоце Делчев скоро сите жители се бегалци од Егејска Македонија. Нивните соништа и надежта беа исти. Навечер, кога се средтнувавме во соседството со децата и поголемите младинци, приказните ни беа сите за минатото, за револуционерните борби на нашиот народ, за славните војводи и неисполнети соништа. Пеевме само македонски песни. Тоа не воздигнуваше до непрепознатливост. Во нас се раѓаше силна желба да бидеме како тие херои од песната. Сакавме да полетаме, да ги развееме бојните знамиња и да ги реализирам нашите идеали...  

Си спомнувам, бев осми клас прогимназија, На 24 мај по традиција се украсуваше училиштето и училниците со венци и цвеќе. Ние со Спас Писов решивме да нацртаме знаме со боите црни и црвено. На знамето напишавме „Слобода или смрт“, а од страна до него - „Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“. Знамето така подготвено го закачивме на ѕидот на училницата. Над него поставивме венец од здравец и други цвеќиња. Тоа направи силен впечаток на учениците од прогимназијата и погорните класови. Тие доаѓаа масовно да ја видат нашата декорација. Во меѓучасовите остававме чувари да пазат на знамето, за да не го тргне некој... Така знамето остана три дена и покрај предупредувањето на класниот учител Стојан Бајатев .  

На четвртиот ден бевме нападнати, а чуварите беа принудени да се спасуваат со бегство преку прозорците. Знамето беше симнато. Во нас остана споменот за грубоста на учителот. Ние заборавивме дека не сме во наша, македонска држава, туку во Бугарија. Претпрпевме пораз, но не бевме победени. Бевме горди што направивме една акција, која не радуваше. Со нашите детски постапки добивме самодоверба  дека ќе одиме кон посакувана цел.

Подоцна, кога влегов во гимназија, влегов и во македонскиот младешки кружок, кој спроведуваше просветна работа, со цел запознавање со епизоди од историјата на македонскиот народ. Не раководеа ученици од погорните класои. Во часовите кога се собиравме се читаа реферати или се говореше по повод на некоја забележителна дата. Во нашите мисли беше само таа – Македонија. За нас Бугарија беше нешто сосем оделно од нашата борба. Во класот од 43 ученици на состаноци одевме околу 37 – 38 луѓе. Нашиот раководител беше Пандо Ангелов кој во 1948 година пребегна на запад. На крај на учебната година се спроведе општо собрание надвор од градот во темница. Тоа беше голем настан во животот на организацијата. Се собраа над 700 луѓе од гимназијата и некои цивилни лица. Генерално се развиваше сериозна организациска активност. Младите живееја со своите идеали. Имаше голема врева меѓу различните идеолошки струи. Македонците доминираа во политичкиот живот. Сите оние кои беа против една независна Македонија, беа наши непријатели. Ние гледавме единствено правилно решение на македонското прашање во самостојна држава...“

(продолжува)  

Македонска нација  

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.