|
|
„Македонска Правда“ (1933-1934) |
Македонска Правда бил неделен орган на македонската емиграција во Бугарија. Редакторот во уводникот на првиот број декларира дека весникот „ќе се бори за слободата на мислата“ и собранијата на македонската емиграција во Бугарија, за премавнување на вонредната состојба во Петричко, за подобрување на економските услови на бегалците и за народносна и културна слобода во трите дела на поробена Македонија. Македонскиот народ треба да е готов при секоја нова опстановка, при секоја нова промена во Грција, во Југославија или во Бугарија, да си го каже својот збор, да ја пројави својата волја и да учествува со своето активно присуство и дека „ќе ја култивира идејата за Балканска федерација, како единствено засега, средство за умиротворување на Балканот, во рамките на која федерална Македонија навистина би била слободна и среќна“, |