Среда, 26 Октомври 2011   
Тукашни сме, ама македонци сме!

todor-petrov
Тодор Петров


Баба ми и дедо ми по татко потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија, од насилно прогонетите од Балканските војни во 1912-1913 година. Не сме ни бежанци, ни деца бегалци, оти и едните и другите биле насилно прогонети од своите домови. Кога ќе ја прашував баба ми, Бог да ја прости, кога ќе прашате, ако уште ги има живи, некои од постарите од тој дел на Македонија „шо ста Ви’“, ќе Ви одговореа „ми не знајме бре синко, ниа уд тук сме, тукашни сме“. А, „на кој ј’зик лафте“, пак ќе кажеа „ми дали знаејме, тукашин ј’зик“. Па и’ возвраќав, „добро ма бабо, зарем не знаевте што сте?“, а таа смирено ќе ми одговореше „как не знаахме бре синко шо сме, Макидонци сме, ама не знаахме кој на питуве, даљ са српски, бугарски или грчки агенти. Мисичинта п’ргулта ного деца преку ноќ. Ќи ти и суберат уд пред порт’, уд пред дома и ќи ги утепат на границта. Бигале, ќи удгувораа.“ Ете тоа е нашата судбина македонска.

За таа тема, во Македонија под Грција, дома речиси и не се зборуваше. Како и во државава впрочем, се’ до распаѓањето на поранешна Југославија. Таков беше договорот Белград-Атина, да се закопа историјата и археологијата на Македонија, за да не се дознае вистината за неа и за нас Македонците. Таа историја ја знаеше баба ми Родна, крстена Благородна. Како деца не порасна по цркви, одевме и во православните „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Спас“, одевме и во католичката црква во Гевгелија, кај калугерките. Се сеќавам и денес, како мал, кај баба ми доаѓаше една калугерка, сите ја знаевме како тетка Ленка од Цариград, иако родена тетка била само на баба ми, сестра на татко и, имаше долг широк црн фустан, и голема бела капа во форма на триаголник. Се уште паметам, баба ми Родна, една година, беше на погреб на тетка Ленка во Цариград. Остана погребана во Истанбул, на деведесет години, беше игуменија на калугерките во Цариград.

Старите, на баба ми дедо и баба, биле многу богати, трговци со стока, имале кланица и касапница, продавници на текстил во Гевгелија, Воден и Солун, од фамилијата на браќата Дељо и Миљо, затоа и презимето кое подоцна го прифатиле од, чии сте, на Дељо и Миљо, останало Делимитови. Носеле каравани стока од Солун до Ниш и назад. Тогаш во Отоманската Имеприја, немало граници. Биле од Мачуково (по грчки Евзони), од другата страна на границата, после граничниот премин Богородица, од Смољ (по грчки Микро Дасос) и од Шљопинци (по грчки Доганис). Како имотни, имале дуќани во чаршијата во касабата, во Гевгелија. Впрочем, сите постари фамилии во Гевгелија по потекло се од другата страна на границата. Другите, по 1944 година се придојдени од оваа Република Македонија.

Еднаш тој мој пра-пра-дедо Дељо, дедо на баба ми Родна, го однел неговото девојче Елена во Солун да пазари фустанчиња. Оти за нас Гевгеличани, пазарот бил во Солун, не ко денес во Скопје. Ја спотерале стоката накај Велес, ќе се вратат утре рекле, ќе си ја земат утре назад за Мачуково. Само што заминале, вечерта, стават граница кај Богородица, до Гевгелија, почнува Првата Балканска војна 1912 година. Изгубиле секаква надеж дека девојчето е живо, оти поминале три војни, низ Македонскиот фронт се спотерале многу белосветски војски. Ја оплакале на гробиштата во Гевгелија, мислејќи дека е умрена. Но, поминале години, разбрале дека можеби девојчето е живо. Платиле рушвет на граница, влегле, сега во Грција и заминале за Солун. Ваму, таму, разбале дека ќерка им се наоѓа жива во некој манастир, унијатски. За сето тоа време, од Балканските војни и девојчето изгубило надеж дека нејзините родители се живи, нашла кров над глава и спас во манастирот и останала таму да му служи на Господа. Кога се сретнале, радост, солзи радосници, мајката и таткото  Дељо, пресреќни оти си го нашле девојчето живо. Легнале мислејќи дека утре ќе си го однесат во Гевгелија. Арно ама, истата вечер, судбината сакала токму таа вечер, таа тетка Ленка да се замонаши. Не им рекла на старите оти таа вечер требала да биде замонашена. Се пробудиле рано наутро за да си ја земат, вечерта таа ставила црно расо, утредента ги пречекала во црнина. Од солзи радосници, поворно солзи, едвај ја нашле жива, како повторно од неа да се делат. На крај тој мој пра-пра дедо Дељо рекол, барем ја знаеме дека е жива, Господ сакал така да биде. Ја оставиле во манастирот. Оттаму тетка Ленка била во Ватикан во Рим, па во Париз, и на крајот заврши како игуменија на католичките сестри во Цариград. Држеа школа на француски и италијански јазик за децата на дипломатите во Цариград. Умре на деведесет години. Гробот и остана во Истанбул.

Друг на баба ми чичко умрел во Варна, за време на Балканските војни бил мобилизиран во Бугарската војска, секако не, доброволно.

Останаа роднини во Грција, Бугарија, Турција, Македонија, поранешна Југославија...

Ете тоа се нашите македонски голготи на овие простори, таа е нашата судбина македонска, заедно со поделбите на Македонија... Но, тоа е време од голготата во Балканските војни 1912-1913 година.

Геноцидот врз македонскиот народ продолжува и денес, во дваесет и првиот век, со барањето за промена на државното име Македонија и на името на еден од најстарите народи во Европа - македонскиот народ! Затоа, Јованов во книгата пренесува и една филозофска мисла, дека слободата е вечна, но таа постојано треба да се освојува. Јованов преку изјавите на жртвуваните но, преживеаните, укажува дека со борба треба да го вратиме животот и сјајот на нашата татковина, со милениуми именувана само како Македонија.

Впрочем, македонската цивилизација на којашто ние припаѓаме, е цивилизација на љубовта и мирот, а не на омразата и војната, како што наши вредности се патриотизмот, хуманизмот, солидарноста, толеранцијата, коегзистенцијата, братољубието и гостопримството. Токму затоа, Ташко Јованов прави обид на записи од преживеаните, грижливо собрани, публикувани, било да не се повтори.

Затоа, кон сите тогашни и сегашни Грци крвопијци, аманетот: Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ македонски. И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски - Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија!

Нека Господ Бог ги благослови сите упокоени, загинати и убиени знајни незнајни јунаци и борци за Македонија, нека тие на кои им ја посветивме вечерта и книгата „Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните“, од Ташко Јованов, а во нас преживеаните, внесе мир и љубов, простување, помирување и обединување...

МОЖЕБИ БЕГАВМЕ, ОТИ БЕВМЕ ПРОТЕРАНИ! СЕПАК ОСТАНАВМЕ МАКЕДОНЦИ !

Говорот на претседателот на СМК Тодор Петров на промоцијата на книгата сведоштвата „Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните“ од Ташко Јованов и Жаклина Митевска- во рамките на свеченото собрание на Здружението на бегалци-егејци од 1913 година и нивните потомци „Ластовица“ од Струмица одржано на 19 октомври 2011 година, домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.
 

На прво место

News image

Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат, Албанците и Македо

СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни ...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.