|
|
Најдобриот опиум во светот е македонскиот |
Во 1882 година во Македонија биле призведени 135 000 фунти (61 234 килограми) опиум, кој што речиси во целост бил транспортиран во Велика Британија. Поради квалитетот и високите цени кои опиумот ги достигнувал, отоманските власти го стимулирале неговото производство во Македонија. Македонскиот опиум бил користен и за фармацевтските потреби на САД. Според австралискиот весник Нортхерн Территорѕ Тимес анд Газетте од 3 мај 1917 година (стр. 19), македонскиот опиум, после тутунот била највредната суровина која што САД ја увезувале од Македонија. “Во Македонија расте најдобриот опиум во светот.” Македонската фармацевтска компанија Алкалоид, основниот предуслов поради кој што била основана во 1936 година, го лоцира во висококвалитетниот македонски афион од кој што се произведувал опиумот за фармацевтски цели: “Квалитетот на македонскиот афион, кој долго време во ова поднебје го има третманот на “црно злато”, несомнено е пресуден за отворање на овој преработувачки капацитет.” Во статија на американскиот весник Тхе НењЅорк Тимес од 1 април 1973 година, се соопштува за иницијативата на југословенските власти за стимулирање на производството на опиум во Македонија, како во времето кога македонскиот опиум бил светски познат производ: “Во тек е кампањата која цели да ги убеди македонските земјоделци да започнат повторно да одгледуваат афион, за враќање на производството на македонски опиум како во деновите кога тој беше светски познат производ, со кој што се тргуваше на пазарите во Цариград...” Всушност поврзаноста на Македонците со опиумот датира уште од пред новата ера. Се верува дека македонскиот крал Александар III Македонски со својот поход го распространил во тогашната Персиска империја и Индија, а се верува и дека самиот Александар го дал името на опиумот. Интересна тривија е тоа што првиот американски мулти милионер Џон Џејкоб Астор (Јохн Јацоб Астор), криумчарел опиум купен од Отоманската империја, во чии рамки тогаш била и Македонија (па не е исклучено дел од овој опиум да бил и македонски), на бродот со името Мацедониан (Македонец). |