Среда, 04 Јули 2012   
Љубчо е за жалење

mane2
Мане Јаковлески

Заборавајќи што претходно изјавил, Георгиевски во својата автобиографија „Тоа сум јас“, вели дека „Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко, затоа што според него, се откажале од св. Климент и св. Наум“. Ако се земе во предвид дека Св. Климент е роден во IX век, тогаш тој во неговата глава има празнина од над 11 века.

Уште не стивнале реакциите по лепењето налепници „Признаена од Грција како ПЈРМ“ на македонските возила со ознака МК, како и по изјавите на солунскиот митрополит Антимос дека никогаш нема да го даде името Македонија, притоа нагласувајќи дека сме им непријатели, од Грција ни доаѓа уште една непријателска порака. По менувањето на таблите со кое генералниот секретаријат станува Министерство за Македонија и Тракија, именуваниот министер Теодорос Караоглу, изјавува дека Македонија била и ќе остане историски Грчка.

Ваквата изјава на министерот Караоглу која може да се протолкува како израз на отворени територијални аспирации кон Република Македонија, наместо да го мобилизира целокупниот политички позициски и опозициски потенцијал во Македонија, добива поддршка од така наречениот лидер на ВМРО – Народна, Љубчо Георгиевски.

Наместо осуда за грчката политика, Љубчо Георгиевски, излегува со антимакедонски став и изјавува дека Македонците се најголеми фалсификатори на историјата на Балканот.

Одговор на прашањето зошто постапките на поранешниот македонски премиер со бугарско државјанство и пасош Љубчо Георгиевски никого не изненадуваат, дава токму бугарската агенција „Фокус“.

Во статијата од 2 јли 2012, цитирајќи ја информативната агенција МИНА, „Фокус“ ќе објави дека, Љубчо беше сметан за македонски патриот се додека не премина на „страната на темнината“ во доцните деведесетти и на почетокот на 2000 година заедно со Црвенковски.

Како што пренесува бугарската агенција „Фокус“: „Во 2002 година Љубчо Георгиевски имаше бројни здравствени проблеми, кај него беше дијагностицирана и шизофренија. Оваа информација долго време беше чувана во тајност од неговата партија. Како резултат на нередовното земање лекови, Георгиевски дал неколку бизарни интервјуа за локални телевизии.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по кратко време го отстранува од партијата. Сепак, Георгиевски и покрај несогласувањата со партијата продолжи со своите бизарности во неговиот приватен живот... Ова предизвика црвено светло меѓу членовите на партијата, но тој одбиваше секаква помош понудена од партијата“.

Објавувањето на статијата „Вистината за бугарското државјанство на Љубчо Георгиевски“ на сајтот на „Македонска нација“, во која се потврдува дека поранешниот премиер на Република Македонија Љубчо Георгиевски има бугарско државјанство, предизвика вистинска лавина од реакции во јавноста, во која граѓаните на Македонија го осудија овој чин. За многумина македонски граѓани бугарското држвјанство на Љубчо, кој како поранешен премиер полагал заклетва дека ќе ја штити и брани по Устав и Закон државата, претставува акт на велепредавство.

http://www.mn.mk/komentari/5660-Vistinata-za-bugarskoto-drzavjanstvo-na-Ljubco-Georgievski

Тргнувајќи од оваа информација, со оглед на неговата духовна состојба, стануваат јасни неговите несодветни и неизбалансирани реакции, потоа неговите антимакедонски ставови и контраверзни изјави во медиумите, во кој тој покажува дека е целосно дезориентиран во простор и време.

Во изјава дадена за медиумите, тој тврди дека, Македонците имаат само 100 годишна историја и дека требало да се задоволат со неа, а не да ја крадат историја од Грците, Бугарите и Албанците.

Заборавајќи што претходно изјавил, Георгиевски во својата автобиографија „Тоа сум јас“, каде вели дека, Македонците ќе го проколнеле мајчиното млеко, затоа што според него, се откажале од Св. Климент и Св. Наум. Ако се земе во предвид дека Св. Климент е роден во IX век, тогаш тој во главата има празнина од над 11 века.

Иако ваквите изјави, воглавно дадени на странски медиуми и штетат на Македонија, како што пишува бугарската агенција „Фокус“, тој „никогаш не бил обвинет од македонските власти“.

Но според нив, авторот на статијата наведува дека во нормални услови државните органи би можеле и би морале да интервенираат, но сепак, сите се свесни за неговата психичка состојба.

Ако со сигурност се знае за ваквата „душевна состојба“, останува нејасно кој треба да превземе мерки со оглед на тоа дека Георгиевски е бугарски државјанин. Но, како и да е, наместо да „одмора“ во соодветна установа, тој слободно продолжува да плука, не само по Македонија и македонскиот народ, туку и по основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Отвореното писмо на основачите на ВМРО-ДПМНЕ, во кои тие јавно ја осудија коалицијата и побараа Љубчо и Бранко засегогаш да заминат во историјата, иницираа нов напад на параноја, по која бегајќи од реалноста, Љубчо Геогиевски излезе во јавноста со обвинувања кон мене и Борис Змјековски, притоа припишувајќи ни ги своите особености како партиски профитери и самонаречени големи вмровци.

Најдобра терапија за изгубената душа претставува шоковата терапија во која за да се разбие амнезијата треба да се презентираат вистинските слики од минатото. Па затоа ќе ја повторам изјавата за веб порталот МКД.МК:

- Тој истиот Георгиевски, кој сега плука по мене, јас како бела мечка го шетав низ цела Европа кога немаше пари да си купи автобуска карта од Делчево до Скопје. Кога немаше гаќи да си купи,.... Јас ги покривав сите трошоци за телефонски сметки, за струја, за хотели, за шетање.

За обвинувањата кои овој пат ми ги упати Љубчо околу приватизацијата на „Олимписко Село“, пак ќе повторам:

- Тоа е најскапата приватизација во историјата на Македонија, за која мојата фирма во текот на стечајната постапка плати 3.750.000 германски марки. Георгиевски од што беше лаком по пари, проба и тука да влезе и ми правеше невидени игри и сопки. Јас ја имам целата документација и тврдам дека Олимписко Село е приватизирано на најчесен начин, а не како што се приватизираа еден куп други фирми и објекти за по евро или две.

За да го потсетам Георгиевски на вистината кој заради болеста почна да ја заборава, ќе кажам дека, точно е, барав, односно ми беше ветено од негова страна дека ќе ми биде дадена гаранција за еден кредит и остана на тоа, ниту кредит ниту пари, а со тоj потег сакаше да ме банкротира, тоа беше неговата благодарност кон мене.

Исто така, точно е дека дел од парите како кредит ми беа дадени од еден бизнисмен и истите уредно од моја страна беа вратени. За тоа постојат документи кои јас ги поседувам и се официјално влезени во банкарскиот систем и даночната управа.

Само да се навратам, јас сум од 1976 г. (1976 г. Љубчо тогаш имал околу 7 години) член на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), а со тоа почнува мојата активност за Македонските работи, а ДООМ на која Драган Богдановски беше Претседател, беше и останува и мајка и татко на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради мојата активност од страна на тогашните служби е водено досие и некои делови ги објавувам секоја среда во рубриката досиеа на порталот „Македонска нација“.

Izvestaj_19-12-1976

http://www.mn.mk/docs/sina-ptica.PDF


http://www.mn.mk/dosiea/6448-Izjava---25021981


Од моите активности од деведесеттата година имам околу дваесет илјади документи, додека пак за безбројните патувања на Љубчо во мојот дом во Зубовце, Берлин и Европа поседувам голем број фотографии.

По формирањето на ВМРО-ДПМНЕ скоро сите летоци, првиот постер со лавот и шеснаесет кракото сонце, беа напишани од Драган Богдановски и печатени во Берлин, потоа сокривани и пренесувани со автомобил за Скопје. Да напоменам, покрај летоците редовно имаше купчиња германски марки, за што жив сведок е Киро Кипроски од Гостивар, кој кога доаѓал во штабот секогаш имало голема радост, како за пропагандниот материјал, уште повеќе заради испраќаните пари од мене и од задграничните комитети од Европа, Канада, Австралија и Америка за потребите на Љубчо и партијата.

Но, тоа за кое најмногу жалам е што му помогнав на Љубчо Георгиевски да остане на чело на партијата. Затоа, јавно се извинувам на покојниот Драган Богдановски што не го послушав во 1992 година кога ме убедуваше да го отстраниме Георгиевски од Претседател партијата. Искрено жалам што тогаш не го послушав!

Љубчо самиот се предаде.

Се прашувам, во што се преобрази патриотот од 90-тите години кој се гордееше на Филип II и Александар Македонски? Дали е тој истиот човек кој сака да дојде на власт во земја, за која вели дека има фалсификувана историја и покрај толку истражувања, факти и докази за она што сме како народ и кои се вистинските фалсификатори?

Се посомневав во патиотизмот и искреноста на Љубчо кога го тргна 16 кракото сонце од амблемот на партијата и второ, кога си го смени името Љуп(б)чо.

И покрај се`, кога се` би почнало од почеток, би се однесувал исто како тогаш, само со едно не би се сложил со Драган Богдановски и Борис Змејковски, а тоа е Љубчо да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Таквите како Љубчо, Спаска и Вранишковски сакаат да ги затегнат односите помеѓу Македонија и Бугарија, и Македонија и Србија. Во последно време србите “кренаа раце“ од Вранишковски, ама за жал бугарите сеуште наивно им веруваат. Ќе дојде време кога и бугарите ќе престанат да им веруваат на Љубчо и Спаска и ќе ги “фрлат“ на буниште, каде што им е местото, а се заради добрососедските односи.

Една слика вреди 1000 зборови!

Sveta_Petka-_Galicnik_13_maj_1995_godina_1

Галичник, 13 мај 1995

Sveta_Petka-_Galicnik_13_maj_1995_godina_2

Галичник, Света Петка- 13 мај 1995

bohum-formiranje-zadgranicen-komitet
Бохум - формирање задграничен комитет

germanija-2000
Германија 2000 год.

zubovce1991
Зубоцве 1991 год.

Zubovce1991-2
Зубовце 1991 год.

Kongres-na-VMRO-DPMNE-Kicevo
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Кичево

Ljubco_Mane_slava_Petkovden_1992
Љубчо Георгиевски на гости кај Мане Јаковлески на слава на Петковден, 1992 год.

ljubco-pred-brandenburskata-kapija
Љубчо Георгиевски пред Брандербуршката капија, Берлин 1996 год.

Ljubco_Mane_Berlin
Љубчо Георгиевски и Мане Јаковлески, Берлин 1996 год.

makedonska-ambasada-berlin-1998
Амбасада на Република Македонија, Берлин 1998 год.

Mane-Jakovleski-Jonce-Hristovski-osnovacko-sobranie-1991
Мане Јаковлески и Јонче Христовски на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ, Дом на млади 25 Мај, Скопје 17 јуни 1990 год.

Ljubco-Georgievski_Novo_Skopje_Berlin
Премиерот на РМ Љубчо Георгиевски во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, 1998 год.

Minhen1997
Минхен

Minhen1997-2
Минхен 1997 год.

Minhen1997-3
Минхен 1997 год.

Ljubco_Georgievski_Restoran_Novo_Skopje_Berlin
Ресторан „Ново Скопје“, Берлин.

Ljubco-Georgievski_Novo_Skopje_Berlin-2
Премиерот на РМ Љубчо Георгиевски во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, 1998 год.

Ljubco-Georgievski_Novo_Skopje_Berlin-3
Премиерот на РМ Љубчо Георгиевски во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, 1998 год.

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.