|
|
Македонски калуѓери во манастирот Св. Катарина во Синај |
Уште од првите векови на христијанството во Македонија, областите во кои се одиграле толку значајни настани од историјата на христијанската религија, привлекувале и македонски луѓе, желни да се подвизуваат, да се посветуваат. Во Синајските манастири, особено манастирот „Св. Катарина“, изворите говорат дека уште во XI век таму имало цела колонија калуѓери од Македонија. Од синајскиот манастир се познати десетици најстари споменици на нашата стара книжевност. Таму се најдени познатите македонски глаголски споменици: Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Православниот манастир „Света Катерина“, кој се наоѓа на 1300 метри надморска височина, опкружен со црвени гранитни планини чии врвови надминуваат 2000 м.н.в., во непрегледна и непристапна пустина на југот на Синајскиот Полуостров (Египет), од страна на УНЕСКО е ставен на листата на светското културно наследство. Манастирската библиотека содржи најголема збирка на ракописи по ватиканската библиотека, а во манастирот има повеќе од 120 икони. Манастирскиот комплекс го изградил византискиот император од македонската династија Јустинијан I, меѓу 527 и 565 година. До капелата посветена на Пресвета Богородица, изградена во 330 година од царицата Елена, мајката на Константин Велики, на местото на грмушката која гори, а несогорува и каде Господ му се јавил на Мојсеј (околу 1.400 година п.н.е.), Јустинијан и царицата Теодора изградиле трокорабна базилика од црвен гранит, конак за монасите, целиот манастирски комплекс го опколиле со високи ѕидини и довеле посада која била задолжена да се грижи за безбедноста на монасите и манастирскиот комплекс. Во историјата на стариот свет, за еврејскиот народ не постои посвето место од Синајската гора. Огромните Јустинијанови ѕидини од VI век и денес го опкружуваат местото каде Мојсеј ја виде грмушката која гори, но не изгорува и каде го слушна гласот на ангелот Божји кој го повикува: „Мојсеј! Мојсеј! Извади ги сандалите од своите нозе, зошто земјата на која стоиш е света замја“. На истото место каде и денес постои капела посветена на Богородица, верниците ги соблекуваат обувките како што Господ барал од Мјсеј. Синајската пустина било место каде се засолнуваат голем број верници пред многубројните намети и прогоните на Рим врз христијаните. Во III век веќе постојат мали манастирски заедници на светите места во Синајската пустина. Животот на овие заедници бил препуштен на суровите планинските услови и пустинските разбојници. Со изградбата на монументалниот ѕид со четири кули, како и со населување на посада која се грижела за безбедноста на манастирот, животот на заедницата се изменил. До ден денешен нивните наследници кои за врема на арапските освојувања преминале во ислам, не ја напуштиле љубовта кон манастирот и заедно ги надминуваат сите непријатности, помагајќи си едни со други. Во текот на својата петнаесетвековна историја, тробродната базилика на Јустинијан никогаш не била освоена или разрушена. Во неа постои величенствен мозаик Преображение Господово, кој претставува светол пример на ранохристијанската уметност. За разлика на мозаикот од Равена, секоја коцка на синајскиот мозаик во олтарот на црквата потекнува од времето на Јустинијан. Убавината и квалитетот на изработката сведочат дека бил изработен од искусни уметници од цариградските работилници. Во време на арапските освојувања во VII век, додека голем дел од христијански заедници на Синај настрадале, манастирот Св. Катарина успева да го обезбеди својот опстанок. Неговите монаси отишле кај пророкот Мухамед во Медина да бараат заштита, кој им дава документ за негова лична заштита на манастирот. Многупати овој документ го спасил манастирот од уништување. За време на походот на фатамидскиот калиф во XI век, монасите за да го избегнат уништувањето испраќаат преставници, кои носат богатство од манастирските ризници за калифот. За тоа време монасите преку ноќ ја рушат трпезаријата во манастирот и на нејзино место градат џамија со минаре кое се гледал од далеку од манастирот. Тоа било доволно, калифот да се откаже од пустошењето на манастирот. Така, Св. Катарина е единствен манастир во чија внатрешност ностои црква и џамија. Од дамнешни времиња синајските манастири имале македонски калуѓери, особено манастирот Св. Катарина. Уште од првите времиња на христијанизирањето на Македонците, областите во кои се одиграле толку значајни настани од историјата на христијанството, привлекувале и македонски луѓе, желни да се подвизуваат, да се посветуваат. Постојат информации кои говорат дека во манстирот Св. Катарина уште во XI век имало една цела колонија од Македонија. Македонските калуѓери оставаат свои траги во синајскиот манастир Св. Катарина. Во таква средина се развивала нашата стара книжевност. Од синајскиот манастир се познати десетици најстари споменици на нашата стара книжевност. Во синајскиот манастир се најдени, познатите македонски глаголски споменици: Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Синајскиот псалтир (Psalterium Sinaiticum) потекнува од XI век. Содржи 177 пергаментни листа, пишувани со типична обла глаголица. Има карактеристични иницијали и заставки. Во пишувањето на ракописот учествувале четворица пишувачи. Текстот е веројатно поврзан со првобитниот кирило-методијевскиот превод на псалтирот. Тој е препишуван од повеќе лица и по јазичните особености се лоцира во Западна Македонија. Се чува во манастирот Св. Катарина на Синај. Синајскиот требник (Euchologium Sinaiticum) потекнува од XI век со македонски јазични особености. Пишуван е во полуаглеста глаголица. Пронајден е во манастирот Св. Катарина на Синај во 1800 г. Украсен е со иницијали во вид на плетенки во разни бои, црвена, зелена, жолта, сина, црна. Голем дел од иницијалите се во зооморфен или во антропоморфен стил. Содржи молитви, делови од служби и библиски вметнувања, како и две оргинални статии, поврзани со Св. Климент Охридски и книжевната дејност на Св. Кирил и Методиј во Моравија. Главниот дел од ракописот претставува превод од грчки, но содржи и молитва преведена од стар, високо-германски. Поголемиот дел од кодексот се чува во манастирот Св. Катарина на Синај. Покрај Синајскиот псалтир и Синајскиот требник, во манстирот Св. Катарина, откриени се и други текстови меѓу кои: Синајскиот палимпсест (македонски ракопис од крајот на XII) и Синајски мисал 5/Н (глаголички ракопис од XI век). Тој околу 1827/28 заминува од Дојран и оди на полуостровот Синај. Таму, во манастирот, дојранскиот поп Теохар стапува во калуѓерскиот ред и со новото име, Теодосија ќе ја започне својата корисна културно-просветна работа. Поради заслугите што ги имал за манастирот, Теодосија е избран за старешина, архимандрит. Во спомен на престојот во манастирот на Синај, Теодосија кон своето име редовно ќе го дава зборот Синаитски. |