Среда, 06 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Лазо Асијата – од него молња бегаше

legendiЛазо Ридов е роден 1884 година. Овој горостас од човек бил висок 2 метра, а со својата невидена храброст станал и останал синоним на храброст кај населението од целиот тиквешки крај и пошироко. И денес, по толку време, кавадарчани го имаат Асијата како митска личност, легенда и како свое народно богатство.

На Крива чешма

Неговата невидена храброст за прв пат е запаметена кога Асијата имал 17 години. Убавата девојка Тодорка Андова, полнејќи ги стомните со вода од Кривата Чешма била малтретирана и навредувана од двајца помлади Турци кои и ги скршиле стомните, по што таа си заминала целата уплакана. На патот ја сретнал Лазо и бидејќи ја познавал, ја запрашал што и се случило. Дознавајќи за немилиот настан тој веднаш се упатил кон чешмата каде што младите насилници чекале нова жртва. Кога Турците го забележале младиот Лазо разбеснет, како со пцовки се упатува кон нив се обиделе да побегнат. На едниот тоа му успеало, ама другиот го фатил и откако убаво го истепал му ја пикнал главата во мрамурите од кои стоката пиела вода и добро го напил.

Во Кавадарци со своите зулуми и насилства се истакнувал младиот Ибраим Синанов, внук на кавадаречкиот кајмакам Шефки Али Бег. Еден ден Ибраим Бег го убил Диме Грков, член на револуционерната организација. Ова убиство предизвикало голем револт во градот, но Ибраим успеал да остане неказнет. Лазо кој слушнал за злоделото на Ибраим, на своите другари им рекол: „Нема да му дозволам на Ибраим Ефенди уште долго да прави вакви гадотии. Скоро ќе си го види својот Алах“.

lazo

Што е чудо станало

На 12 јули, 1905 година, четата на Добри Даскалов влегла во селото Ресава. Во селото била селска слава – Петровден и борците биле убаво пречекани и нагостени. Собирот бил искористен за да се одржи состанок со сите возрасни мажи во селото, на кој покрај другото, луѓето се пожалиле кај војводата на злоупотребите што ги правел селскиот поп Ристо Пејков. Видно револтиран од тоа што го слушнал, Лазо Ридов го фатил попот за брадата и целата му ја искубал.

Посрамотениот поп утредента рано наутро, решил да им се освети на борците од четата и на своите соселани и за присуството на четата во Ресава ги известил османлиските власти. Веднаш била покрената голема турска војска и полиција и за кратко време го сардисале селото. Настанала тешка борба која се водела за секоја куќа, за секоја плевна и амбар. Борбата траела до доцна во ноќта, и во неа загинале голем број османлиски  војници, а бил голем бројот и на ранетите, бидејќи борците биле добро утврдени во неколку куќи во Биковското маало. Кога се приближила ноќта, војводата наредил со силен јуриш да се пробие обрачот, гледајќи во тоа единствен начин да се спаси четата од уништување. Во јуришот на само неколку метри од последната куќа, Лазо Ридов почувствувал удар во пределот на десната нога. Неговите другари потрчале да му помогнат. Тој целиот бил облеан со крв. Кога се освестил станал и како некоја сила да влегла во него со сиот глас извикал: „Напред другари“ и ја фрлил последната бомба кон османлиите. Во еден момент еден амбашија со исукан јатаган се упатил право кон него, но Асијата со пушката успеал да го собори и со голи раце му го одзел животот. Војводата со успешен маневар ја извлекол четата од обрачот со само двајца загинати борци и неколкумина ранети меѓу кои бил и самиот војвода. По ова селото Ресава било запалено, петмина недолжни селани биле стрелани.

Во познатата битка во селото Ресава загинале околу 30 војници и башибозук, а од четата на Добри Даскалов загинале Ване Стефанов и Ѓоре Јованов. Асијата бил ранет и однесен во Неготино, каде што го лекувал лекарот Михалаки, Грк, кој пред тоа ја помогнал Организацијата со 12 лири.

Што е чудо станало,
во тоа село Ресава,
во Биковското маало.
Таму се бие четата,
на тој ми Добри Даскалов.
Од што ми беше млад Добри,
со брада аскер плашеше,
и команда даваше:
- Ура, ура момчиња,
ура Македончиња!
Се бориме умираме,
за правда и за слобода.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања“, Кавадарци 1900-1945 од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010.
(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Никола Груевски на еден или на друг начин си завзема место во поновата Македонска Историја

На западот реално не му одговараше економски стабилна и независна Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.